verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Држење на темата на руска рингла

on 26 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

OBSE-tajna misija-0987-098-crop-resize

 

[Рецензија: Тајна мисија на ОБСЕ престојувала во април во Македонија?]

 

Во пошироката новинарска јавност, предизвика изненадување насловот што се појави и кој е предмет на рецензијата. Најнапред, мора да се истакне дека се работи за актуелна тема, која заслужува внимание – тоа е впрочем текст кој претставува поширока презентација на една опсервација на рускиот министер за надворешни работи Лавров за Македонија. Се работи за негов настап во Советот на Руската Федерација на 20 мај. Во говорот Лавров „обзнанува“ некаква тајна мисија на членови на ОБСЕ, кои дошле во земјава во април и вршеле непримерен притисок врз премиерот Груевски, како да ја реши внатрешната криза. Тоа е говор кој се базира на една базична невистина – мисијата не е дојдена инкогнито и за неа пишуваа сите медиуми. Дури и Владата издаде соопштение, во кое нема трага од тврдењата на Лавров! Од пошироките осврти се очекува најпрвин да расчистат со основните факти што се повод за написот, а ова е таков повод, ама тој тука останува во маглата на руската пропаганда. Дури и се додава наднаслов, кој детектира дека редакцијата верува во шпионската димензија на откритието на рускиот министер (Лавов изнесе оперативни сознанија). Целата таа атмосфера во која влегува тесктописецот веројатно е со намера, бидејќи, во овој текст како намерно да се тропа на погрешна врата, место да се прочитаат домашните весници!

OBSE-tajna misija-0987-098Линк до оригиналниот напис: Тајна мисија на ОБСЕ престојувала во април во Македонија?

Датум на објавување: 22.05.2015, 13:23

Датум на рецензирање: 23.95.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Kон крајот на април претставници на ОБСЕ дошле во Скопје без овластување од организацијата и имале средби со владата на која и се преставиле дека се пратени од ’мисија на ОБСЕ’, притоа испорачувајќи му на Груевски некои барања и рецепти, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на дебатата во Советот на Руската Федерација. Лавров во дебатата нагласил дека Москва има оперативни информации поврзани со она што се случува во Македонија и целата ситуација е наметната од западот во обид да направи нова Украинска револуција, смета Лавров. Според него во Скопје дошле 5/6 преставници.“

Овој цитат на воведот од текстот покажува дека Лавров од посетата на една европска институција сакал да направи тајна мисија, која дошла инкогнито и, практично, самоволно (дури Лавров не ја прецизира – „биле 5 или 6 претставници“). Но, тој добил информации! По овој цитат гледаме како оној кој ја напишал статијата побарал одговор од српската мисија во ОБСЕ, но одговор му бил ветен за понатаму. Можел и да побара основни информации на интернет.

Да, мисија на ОБСЕ била во земјава и се сретнала со премиерот и со неговата екипа на 17 април. Од средбата произлезе и едно воопштено и ниту малку драматично соопштение што можеме да го прочитаме и во провладиниот „Курир“, кој секако би реагирал ако имало некаков повод! Напротив, се гледа дека неколкупати е нагласена позитивната улога на ОБСЕ!

Некои медиуми од оваа јавна посета направија и политичка дебата, други објавија детали и за други средби на мисијата.

Што треба да значи инсистирањето на некои одговори во мисијата на ОБСЕ? Тоа е целосно нејасно, освен што последицата на таквиот приод е темата да се држи на руската рингла. Ако веќе авторот на текстот сакал да се добие некаков одговор (прв човек на ОБСЕ е српскиот министер Дачиќ), можел да го добие, како што тоа му пошло од рака на „Утрински“. И за чудо, повиканиот Дачиќ дури коментира дека „Македонија е проблем кој бил потиснат и доцна откриен“!

Како поттекст на овој прилог, дневниот весник пренесува и став на бугарскиот министер за надворешни работи, кој му упатува забелешки на рускиот колега. Ама – ако веќе се прави поширок текст за руските ставови и оцени за Македонија, зошто не се добие барем една официјална изјава од МНР, на пример! Текстот не е јасно потпишан во интернет-верзијата  – имаме име и презиме на автор, ама под рамката! Да сметаме дека се однесува на целиот контекст на темата?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

фактите се точни, нивната оцнека е погрешна

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести