verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Фали ме усто…“ 

on 25 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ккккккккккккк-09876-09870-crop-resize

 

[Рецензија: Наследникот на Мијалков ќе биде избран во вторник]

 

Овој текст многу наликува на народното „Фали ме усто…“ Навистина, толку комплименти на едно место, ситуацијата дури те тера да се замислиш да не станува збор за некаков си медиумски автопортрет. Како да имаме работа со совршен, без мани човек, а не со македонски политичар од крв и од месо. Сликата за конкретната личност што ни се нуди е толку убава што чиниш дека е домашна „Мона Лиза“.

кккккккккккккЛинк до оригиналниот напис: Наследникот на Мијалков ќе биде избран во вторник

Датум и време на објавување: 22.05.2015, 14:42

Датум на рецензирање: 24.05.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

Ако се чита само првиот дел од текстот, тогаш проблеми и да нема. Се обработува важна тема – кој ќе биде новиот директор на тајната полиција по оставката на „семоќниот братучед“. Има вест, новина. Медиумот, од свои извори, дознава дека набргу ќе се знае човекот што ќе седне на одговорната позиција, без да прецизира кој би можел да биде решението. Она што е надвор од професионалната рамка е вториот сегмент од написот, во кој имаме фалби, фалби, фалби и пак фалби, фалби… Сосема е нејасна транзицијата меѓу двата дела. Внимавајте, во овој дел од текстот се зборува за констатирање на понудената оставка и за изборот на нов функционер, за во второто парче играта да се префрли на „партиско ниво“ и на „капацитетите на ексшефот на УБК“ во смисла на „теренец“ на ВМРО-ДПМНЕ.

По некоја новинарска логика, а и стандарди, фокусот би требало да се задржи, пред сè, на државната служба и на постигнувањата, но, секако, и на потфрлањата на првиот човек на службата во изминатиот период, за кои и се претпоставува дека доведоа до неговиот пад – процес во кој значителна улога изгледа одигра и меѓународната заедница. Значи, не може само да се редат комплименти за неговите способности како партиски играч и што ќе значи неговото посветување само на ВМРО-ДПМНЕ, а притоа со ниту една реченица да не се опфати деветгодишното „владеење“ на овој човек со УБК, која во неговиот мандат го доби имиџот на „држава во држава“.

Убаво што ние, ете, разбираме дека „Мијалков важи за одличен мотиватор и силен работник на терен“, а ништо за тоа какви биле неговите перформанси на една од најодговорните функции во земјава, платена од сите нас како граѓани на Република Македонија! Како тоа на јавноста „обландирано“ ѝ се нуди дека „со неговата оставка значително се засилија партиските редови во ВМРО-ДПМНЕ“, ама не и фактот дека неговиот глас, некој ќе рече сечен, лепен, монтиран, се слуша во долга низа разговори кои упатуваат на сè, само не на законски и дејства што се во согласност со позицијата што ја имаше. А, не ќе беше лошо да се спомене дека во пакет со неговата „летнаа“ оставки и на уште двајца министри, исто така, дебело фатени во обелоденетите телефонски разговори. Како тоа на читателите овој текст им кажува дека има промени во врвот на безбедносниот систем, дека ќе има нов директор на УБК, ама не и зошто дошло до таков чекор. Неприфатливо од новинарска гледна точка. Во најмала рака, селективност до максимум што, пак, јасно упатува и на силна нота пристрасност. Темата „плаче“ за сериозна новинарска анализа, а не делење комплименти, се извинувам поради употребениот србизам, „шаком и капом“ за моќникот од сенка.

Затоа, ќе кажам дека ова е пример за „фалбаџиско“, а не реално новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал, непотпишан

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести