verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Телевизиски прилог ли е, судска пресуда ли е?

on 25 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Почнува-судењето-за-насилниците-од-СДСМpochnuva-sudenje-crop-resize

 

[Рецензија: Почнува судењето за насилниците од СДСМ кои ја тепаа полицијата]

 

Рецензираме прилог со кој се најавува почетокот на судскиот процес против девет лица, кои беа приведени во протестите што се одржаа пред Владата на 5 мај, но тоа се прави на непрофесионален начин. Иако судењето допрва треба да почне, овој необјективен материјал си дава за право да „суди“ дека токму тие се личностите што „ја тепаа полицијата“. Притоа, ги квалификува како „насилници“ и, макар што нема докази дека се членови на најголемата опозициска партија, ги етикетира дека се од СДСМ. Тенденциозноста е особено видлива во некоректниот наслов, во кој непотврдени обвинувања се пласираат како стопроцентна вистина.

Почнува судењето за насилниците од СДСМ_ - http___sitel.com.mk_pochnuva-sudenjeЛинк до оригиналниот напис: Почнува судењето за насилниците од СДСМ кои ја тепаа полицијата

Датум и време на објавување: 21.05.2015, 16:59

Датум на рецензирање: 21.05.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

„НАСИЛНИЦИ  И ТЕПАЧИ“!

Веднаш паѓа в очи тоа што прилогот нема искрена намера на јавноста да ѝ пренесе точна информација за случајот со притворените демонстранти кои треба да се појават пред судот. И содржинскиот дел и инсертите се така избрани за овие луѓе  да се претставаат како агресивни кон полицијата. При тоа, не се ни споменува зошто имало протести и кој бил поводот.

Од написот не може да се разбере дека  протестите се против полициската брутaлност и дека почнаа истиот ден (5 мај), кога опозицијата ја објави 29. политичка  „бомба“, која, според лидерот на СДСМ, говори „како власта го прикривала убиството на Мартин Нешковски“ . И дека по обелоденувањето на овие прислушувани разговори граѓаните почнаа да се собираат пред Владата преку повици на социјалните мрежи.

Иако во написот се посочени реакциите на невладината „Цивил“ и на СДСМ, сепак, прилогот држи само една линија. Кусата изјава од опозицијата е искористенa за да се направи конструкција со која осомничените демонстранти ќе се стават во негативен контекст.  Па, подготвен во тој дух, прилогот  со чудење констатира како:

„СДСМ и натаму тврди дека лицата од овие снимки се невини!“

Исто така, забележливо е дека прилогот  бегло поминува покрај фактот што меѓу притворените и осомничените демонстранти има и студенти. Овој момент, всушност, го нотира само преку соопштението на „Цивил“, од кое, пак, воопшто не се пренесува делот каде невладината организација реагира дека:

„Телефоните на притворените се земени без судски налог, а тоа е кршење на закон“

 

ПРИЛОГ ВО УЛОГА НА „СУДИЈА“

Според  интонацијата и начинот на кој е пласиран текстот, тој остава впечаток  како да е ставен во улога на „судија“,  кој  е наклонет на едната страна – онаа на полицијата.  Интересно е што медиумот еден ден пред почетокот на судењето дошол до „докази од истрагата“ од:

„кои јасно се гледа кој ги повредува полицајците“

Ваквиот начин на информирање е спротивен на новинарските и на етичките стандарди, според кои известувањето за судските процеси мора да биде ослободено од сензационализам:

Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда (амандман 8)

Инаку,  истите „докази од истрагата“ во процесот против  студентите (демонстрантите), „спонтано“ беа објавени во уште неколку други медиуми кои ја поддржуваат владејачката партија. Тоа укажува на тоа дека ваквите медиумски содржини, исто така, „спонтано“ се инспирирани од некој политички  центар.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести