verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ТВ-прилог: Кој и зошто ги заборавил правилата на новинарската професија?

on 25 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

kamperi-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Кампери: Кој за што е дојден пред собранието и владата]

 

Овој текст спинува од почетокот до крајот. Притоа го омаловажува едниот камперски протест на сметка на другиот. Исто така, во ниту една реченица нема доказ за тоа што го тврди. Значи, нема извор, нема објективност, а е објавен на медиум кој себе се декларира како професионален. За тоа да биде, сепак, мора да ги има сите новинарски познати стандарди прифатени од светската новинарска елита.

kamperiЛинк до оригиналниот напис: Кампери: Кој за што е дојден пред собранието и владата

Датум на објавување: 21.05.2015, 5:08

Датум на рецензирање: 22.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПРОПАГАНДА

„Пред Владата меѓу присутните најбројни се административци од Струмица и Центар. Иако платени од граѓаните тие наместо во канцеларија лежат под некоја од дебелите сенки пред Владата.“

Вака почнува текстот и веднаш има невистина или, барем, кажаното не може да се докаже. За ова тврдење да биде релевантно, мора да се има некој факт. На пример, некој документ дека тие луѓе навистина работат во администрацијата на овие општини. Тоа, барем, е лесно да се провери. Или можеле истата оваа информација да ја проверат преку портпаролот на општините. Или, на крајот на краиштата, можеле да земат изјава од луѓето за кои мислат дека се административци за да ја докажат својата теза. Ако мислат на одредени луѓе, како што се директорот на „Паркинзи на општина Центар“, портпаролот на општината и слично, тогаш ниту тоа не е вистина. Тие и самите јавно потврдуваат дека доаѓаат во кампот навечер, значи по работното време. А, по работниот ден секој може да си го пополни времето како што мисли и како што сака. Овие сакаат тоа да биде пред Владата на Република Македонија. И не само тие, десетици луѓе навечер се собираат во тој камп, па не се знае зошто тоа би било спорно.

 

ПРОБЛЕМ СО ВИСТИНИТОСТА

„Заедно со нив присутни се познати активисти на LGBT заедницата и ликови кои се познати на македонската јавност по своето насилничко минато. На протестите може да се забележи многу алкохол и забава до утринските часови.“

И овој пасус има проблем со вистината. Можеби е точно дека активисти на ЛГБТ-заедницата кампуваат пред Влада. Но, зошто тоа да е проблем? Луѓето се еднакви без разлика на своите убедувања, а тоа е обезбедено и со Уставот на Република Македонија. Зошто тоа би пречело на овој прилог? Поради некоја цел? Инаку, од далеку се гледа намерата што се постигнува со овој пасус. А, тоа е да се омаловажи кампот. За другиот дел од пасусот, дека имало насилници, исто така, не може да се потврди вистинитоста. Како се проверува тоа? Со документ од суд или од МВР. Тоа во текстот го нема.

Ако текстов сакал да биде објективен, заборавил една работа. Да се посети и контракампот. И во најмала рака да се споредат. Кои луѓе се таму, кои тука. Вака, едните се напаѓаат на сметка на величањето на другите. Тоа не е професионално новинарсто.

Текстов сака само да омаловажи. И тоа го прави на крајно мизерен начин. Затоа и таков е текстот во целост. Непрофесионален и неморален.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести