verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Со конструкции и со невистини против граѓанскиот сектор

на 3. 11. 2016 | | sq
 

[Рецензија: 230.000 евра за Шарените, а на нас уништените фасади и улици]

  Ова е  уште еден од  бранот пропагандистички текстови што изобилуваат со конструкции и со невистини против граѓански активисти, Фондацијата „Отворено општество“ Македонија и најголемата опозициска партија. Најдегутантно од сè е што ваквите писанија се нарекуват „истражувања“, иако во суштина претставуваат обична компилација од измислици кои се објавени повеќепати во истиот медиум под разни наслови. Линк до оригиналниот напис: 230.000 евра за Шарените, а на нас уништените фасади и улици Датум и време на објавување:26.10.2016 Датум на рецензирање: 01.11.2016 Рецензент: Александар Писарев  

СЕНЗАЦИОНАЛНА НАМЕНСКА ОБЈАВА

На читателите им е понудена сензационална наменска објава која натежнува од тенденциозност и од навреди кон личности од политичкиот и од

Отворена хајка

на 17. 10. 2016 | |

[Рецензија: По Рада Ивана – Која е платеничката која ги труе младите со антимакедонски политики]

  Наместо да направиме сè што е во наша моќ за да го запреме понатамошното уривање на кредибилитетот на новинарската професија, како што се доближуваат изборите загрижувачки се зголемува бројот на текстовите со кои драматично се урива угледот на медиумите.
Текстот што го рецензираме е нагласено  тенденциозен и не нуди аргументи што би ја докажале вистинитоста на обвинувањата што се нижат во него. Линк до оригиналниот напис: По Рада Ивана – Која е платеничката која ги труе младите со антимакедонски политики Датум и време на објавување: 11.10.2016, 22:38 Датум на рецензирање: 15.10.2016 Рецензент: Александар Писарев  

АТМОСФЕРА НА ХИСТЕРИЈА

Атмосферата во текстот наликува на отворена

Парада дочекана со неиздржана тирада

на 13. 10. 2016 | |

[Рецензија: Верушевски ѝ се поклони на Катица за слободата]

  Текстот претставува злонамерно, тенденциозно и намерно омаловажување на еден јавен настан, при што со навредлив тон се етикетират неговите учесници и организатори.  Притоа, за да се акцентира тезата што ја застапува текстот, се става и линк кон друг текст, исто така проблематичен од аспект на почитување на новинарските стандарди, а сè за што повеќе да се дискредитира опозицијата. Притоа ниту една теза што е изнесена во текстот не може да се потврди со факти.   Линк до оригиналниот напис: Верушевски ѝ се поклони на Катица за слободата Датум и време на објавување: 11.10.2016 – 15:15 Датум на рецензирање: 12.10.2016 Рецензент: Александар Писарев     ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА
Основна цел

Што е спорно со двојазичната табла во Чаир?

на 12. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Партиското седиште на СДСМ во Чаир утринава доби двојазична табла]

  Рецензираме некоректен и тенденциозен текст, кој ги негира уставните и законските одредби за употреба на јазиците на националностите во Република Македонија и на тој начин ги оспорува човековите права што се однесуват на употребата на мајчиниот јазик. Сето тоа се прави со единствена цел: да се дискредитира лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и да се прикаже во негативно светло пред изборите закажани за 11 декември. Линк до оригиналниот напис: Партиското седиште на СДСМ во Чаир утринава доби двојазична табла Датум и време на објавување: 09.10.2016, 16:54 Датум на рецензирање: 10.10.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ШТО ВЕЛАТ УСТАВОТ И ЗАКОНОТ

Прилогот е политички мотивиран и тенденциозен, што се гледа

Текст без новинарска диоптрија

на 30. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите]

  Едно од најголемите прекршувања во известувањето за изборните процеси е непочитување на основните стандарди за објективно, непристрасно и точно информирање. Токму вакво, нагласено тенденциозно известување имаме во текстот што е предмет на рецензија. Во непотпишаниот напис во форма на коментар-анализа, нема аргументи што би ја докажале вистинитоста на она што се тврди, а „изјавите“ на експертите на кои се повикува ги нема никаде во текстот. Линк до оригиналниот напис: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите Датум и време на објавување: 27.09.2016, 18:12 Датум на рецензирање: 29.09.2016 Рецензент: Александар Писарев  

„КОМПЕТЕНТЕН СУДИЈА“

Очигледна е тенденцијата да се засилат

Конфузна и збунувачка објава

на 26. 08. 2016 | |
 

[Рецензија: ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО Е НООСКОП: Светот во паника, Путин развива супероружје]

Читајќи ја оваа вест од неполни десет реда (ако не се бројат насловот и поднасловот), сликата што се јавува пред очите потсетува на еден ваков научно-фантастичен филм: Светот е во паника, луѓето како зашеметени се тетерават по улици и не можат да ги контролираат сопствените движења и мислите, донесуваат нерационални одлуки… Бидејќи таму некаде некој седи покрај тастатурата или сличен уред, ја контролира целата цивилизација и наредува што треба да прави… Но, дали е ова можно? Написот тврди – да! Тоа го постигнале Русите и поради тоа, како што стои и во сензациопналистичкиот наслов, „Светот е во паника, Путин развива супероружје“. Линк до оригиналниот напис: ЗНАЕТЕ

Злоупотреба на трагедијата за валкање на неистомислениците

на 18. 08. 2016 | |

[Рецензија: СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа]

  Првата реченица во  материјалот „Механизми за медиумско известување при Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање“, вели дека „треба да се избегнуват прилози кои можат да предизвикат атмосфера на сериозни тензии во политичките односи, кои промовират дискредитација, нетолеранција, дискриминација, негативна стереотипизација, прикриени или отворени повици на мобилизација, говор на омраза, амбивалентен приод“… Рецензираме непотпишан текст кој не почитува ништо од ова. Написот е тенденциозен, дискредитирачки, полн со популистички пароли, конструкции, невистини и со шпекулации. Линк до оригиналниот напис: СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа Датум и време на објавување: 16.08.2016, 14:23 Датум на рецензирање: 17.08.2016 Рецензент: Александар Писарев

Замена на тези скарана со логика: Опозицијата ем спие, ем парадира – истовремено

на 16. 08. 2016 | | sq

[Рецензија: Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја]

  Во ситуација кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, толку очигледно ја злоупотребува несреќата што ги снајде луѓето во населбите погодени од поплавите и од тоа прави хиперагресивна медиумска кампања, текстот што го рецензираме тоа ѝ го припишува на опозицијата. Крајно некоректно, тенденциозно и непрофесионално. Линк до оригиналниот напис: Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја Датум и време на објавување: 13.08.2016, 17:55 Датум на рецензирање:15.08.2016 Рецензент: Александар Писарев  

АМОРТИЗЕРИ НА СРАМОТ

За да се амортизира срамот и одговорноста на претседателот на владејачката партија, кој до максимум ја исполитизирал несреќата што ги снајде жителите на Стајковци и на другите

Интересот на партијата пред интересот на граѓаните

на 10. 08. 2016 | |
   

[Рецензија: Груевски во посета на Лисиче во општина Аеродром]

Текстот што го рецензираме го става во преден план интересот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а не јавниот интерес и интересот на граѓаните. Централната тема се поплавените подрачја, меѓу кои и деловите на општината Аеродром, но во текстот нема факти за актуелната ситуација во овој дел од градот, туку акцентот е ставен на посетата на партиско-општинската делегација на овој дел од Скопје и на ветувањата што „партијата-општина“ во таа пригода им ги дала на локалните жители. Притоа, локалните жители и штетите ги нема никаде. Со тоа е прекршено општото начело на новинарската професија, новинарот во секоја пригода да го штити јавниот интерес и да не го запоставува интересот на граѓаните.  

Клеветничка чорба од само една состојка!

на 8. 08. 2016 | |
 

[Рецензија: Каде што Сорос дава пари, таму нема мир!]

  Во централната рамка на овој кампањски текст со многу извртени тези и парцијални оценки, со кој на крајот со крајна тенденциозност треба да се дискредитират и домашни невладини организации и фондации, ставен е американскиот бизнисмен Џорџ Сорос, прикажан како „најголемото зло“ на планетата и „креатор на дестибилизација на државите, рушења на владите, предизвикувач на војни и секако – организатор и финансиер на „Шарената револуција“ во Македонија“. Притоа, фактите се загубени во неосновани квалификации, а изворот на кој текстот се повикува е нерелавантен, несигурен, едностран и отворено антиамерикански.

Линк до оригиналниот напис: Каде што Сорос дава пари, таму нема мир! Датум и време на објавување: 05.08.2016 14:53 Датум на рецензирање:

Претплатете се за најнови вести