verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Сомнително: Затвораат филијали на Балканот, откупуваат злато кај нас

на 8. 10. 2013 | |
Текстот почнува со сензационална констатација дека Балканот го тресе златната треска и дека поради тоа  во Босна и Херцеговина, Србија и Mакедонија се отворени стотици филијали на неколку компании што се бават со откуп на злато. Но, текстот се занимава само со една компанија „Голд ексчејнџ“ и со проблемот околу затворањето на нејзините канцеларии во БиХ и Србија, каде наводно вработените останале без плата, а од Србија наводно се изнесени околу 50 килограми злато проценето на 5 милиони евра. Нема објаснување  за причините зошто се отворени толку откупни центри и зошто се затворени. Нема одговор што е тука сомнително и што е балканско, бидејќи се работи за само три бивши југословенски републики.  Линк до оригиналниот напис: СОМНИТЕЛНО: Затвораат филијали на

Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ-Заев и пратениците на СДСМ испумпувале пари преку тендери во Струмица

на 3. 10. 2013 | |
Во текстот се објавени нови обвинувања за непотизам и судир на интереси на адреса на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Експлицитно е пренесена изјaвата на Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, со обвинувања на сметка на Заев, без презентирање докази. На реакцијата на СДСМ, пак, е посветена една реченица: „Продолжуваат со обвинувањата за Мијалков, Јанкуловска и Груевски“. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ – Заев и пратеници на СДСМ испумпувале пари преку тендери во Струмица Датум и време на објавување: 30.09.2013, 17:37 Датум на рецензирање: 1.10.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Прилогот – пренесен говор на политичар – може да се доведе под сомневање, бидејќи се базира само на изјавата на претставник на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која притоа

Рецензија: Од полноќ можна финансиска блокада на американската Влада

на 2. 10. 2013 | |
Поради неусогласените ставови на републиканците и демократите во американскиот Сенат, нема да биде донесен буџетот на земјата за идната година. Тоа ќе предизвика финансиска блокада на Владата со што некои суштински институции нема да работат. Додека не се разреши проблемот многу вработени ќе одат на привремен одмор. Нема да работат најпосетуваните музеи, галерии, национални паркови. Линк до оригиналниот напис: Од полноќ можна финансиска блокада на американската Влада Датум и време на објавување: 30.09.2013  17:57 Датум на рецензирање: 1.10.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Порталот  тргнал од актуелноста на темата и нејзиното присуство во сите светски и регионални медиуми и едноставно од некаде ја ископирал без да наведе извор или направил компилација од неколку текстови. Извори на информации: Нема конкретен извор на

Рецензија: Фатен на дело – кумановец на диво ловел риба

на 29. 09. 2013 | |
Оваа вест се обидува да ни соопшти дека некој 36 годишен  И.К. од Куманово заработил кривична пријава, бидејќи е фатен во риболов и кај него се пронајдени 7 килограми и 360 грама риба. Линк до оригиналниот напис:  Фатен на дело – кумановец на диво ловел риба Датум и време на објавување: 26.09.2013-13:17 Датум на рецензирање: 27.09.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Не може да се утврди веродостојниост на наводите. Извори на информации: Нема. Содржајност: Веста нема содржина од која читателот би можел реално и потполно да биде информиран за настанот. Пристрасност: Нема. Коментирање: Нема никаков коментар Оригиналност/Плагијат: Не може да се утврди, вест не е потпишана како авторска. Квалитет на насловот: Некреативен и непотребно долг. Фотографија: Несоодветна. Говор на омраза: Нема.

Рецензија: Муслимани ќе протестираат поради звучниците на џамиите

на 26. 09. 2013 | | sq
Текстот e објавен најпрвин на сајт како реклама за она што може да се прочита во истоимениот неделник во печатена форма. Авторот се обидува од повиците преку разгласот за молитва во џамиите да направи проблем таму каде што го нема, што може негативно да влијае на меѓурелигиските односи. Повеќе е во фунцкија да мобилизира („Ќе има протести“, „Ќе се организираат протести“) отколку што информира. Има вознемирувачки елементи кои се базираат на разговор со претседател на НВО „Илоја“ за која не се даваат никакви податоци во врска со тоа која е нејзината целна група и со што конкретно се занимава. Линк до оригиналниот напис: Започнуваат протеси поради звучниците на џамиите Датум и време на објавување: 20. 09. 2013 Датум на рецензирање:

Претплатете се за најнови вести