verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Клеветничка чорба од само една состојка!

on 8 - 08 - 2016       

Vecer anti Soros

 

[Рецензија: Каде што Сорос дава пари, таму нема мир!]

 

Во централната рамка на овој кампањски текст со многу извртени тези и парцијални оценки, со кој на крајот со крајна тенденциозност треба да се дискредитират и домашни невладини организации и фондации, ставен е американскиот бизнисмен Џорџ Сорос, прикажан како „најголемото зло“ на планетата и „креатор на дестибилизација на државите, рушења на владите, предизвикувач на војни и секако – организатор и финансиер на „Шарената револуција“ во Македонија“.

Притоа, фактите се загубени во неосновани квалификации, а изворот на кој текстот се повикува е нерелавантен, несигурен, едностран и отворено антиамерикански.

FireShot Screen Capture #165 - 'Каде што Сорос дава пари, таму нема мир! I Вечер' - vecer_mk_makedonija_soros-od-sharenata-revЛинк до оригиналниот напис:
Каде што Сорос дава пари, таму нема мир!

Датум и време на објавување: 05.08.2016 14:53

Датум на рецензирање: 07.08.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

 

ИЗВОР НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Станува збор за многу лоша компилација на извадоци од разни текстови, при што не се дадени линкови за да се провери веродостојност на напишаното. Ставен во клише на „антисорос медиумска кампања“, текстот е тенденциозен, нејасен и несеопфатен, со тенденциозна монтажа на фотографии како прилог. Посочените цитати без линкови, со кои би можела да се провери веродостојноста на напишаното, упатуваат на сомнеж во вистинитоста на содржината.

Единствениот извор кој е спомнат е познатиот српски портал „Вебтрибуне“, чија главна преокупација и содржина се светскиот заговор против Македонија, Србија, Русија, и „конспиративните активности на Сорос“.

Ваков заклучок се изведува и во насловот на текстот „Каде што Сорос дава пари, таму нема мир!“, кој е изведен како равенство од десетина наслови со слична содржина во посочениот портал: Počelo nasilje u Makedoniji, Soroš priprema rat na Balkanu, Soroševa mašina za revolucije: Ko je na platnim spiskovima u Makedoniji?, Sorošev plan za 2016: Rušenje EU, Republike Srpske i Rusije.

 

ЛИМОНАДА ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ

Во воведот кој треба да нѐ донесе до централната тема дека Сорос ја финансира „Шарената револуција“ во Македонија, дури на пет места е повторена една иста констатација преземена од посочениот извор:

„Американскиот милијардер Џорџ Сорос, познат по финансирањата на обоените револуции низ целиот свет, предизвикува расна војна во Америка, тврдат медиумите во САД. Како што наведуваат, неговата организација „Отворено општество”, која инаку делува и во Македонија, ја финансира групата „Животите на црнците се важни”, која ги предводеше протестите низ цела Америка“.

Откако читателите „ги убедил“ дека Соросовата коалиција е против Македонија, текстот преминува на главната поента дека „преку Сорос се спроведува „обоена револуција“ во Македонија“.  Ги меша овие две содржини и прави „лимонада за читателите“, отворајќи баражен оган против „Шарената револуција“ и НВО „Цивил“.

„Парите на Сорос и неговото Отворено општество кои се слеваат во касите на голем број на НВО во Македонија се користат, како и во повеќето држави во светот, да се изведе обоена револуција“.

Потоа оди на директна дисквалификација и стигматизација на една од најактивните невладини оргаизации во Македонија.

„Во моментот една од наголемите американски организации кои делуваат во Македонија е Сорос, а финансирана од САД и СОРОС е Цивил. Таа има задача да го крене народот во Македонија и да ја собори Владата“.

Текстот прави и политичка штета на Македонија, бидејќи во „конспиративните и субверзивни активности за уривање на македонската влада“ ја вплеткува и Швајцарија.

„Тие додаваат дека Сорос и Цивил се едни од најголемите невладини организации во регионот кои се обидуваат да го протресат народот во Македонија да ја урнат владата.
Се вика Цивил и е разгранета НВО, но ако видите, наведено е дека е на големо финансирана од САД, од Сорос и владата на Швајцарија“.

 

МИСЛЕЊЕ БЕЗ ФАКТИ

Преземените делови од изворот се мислења без факти, со што е повреден член 13 од Кодексот на новинарите на Македонија, кој укажува дека новинарот мора да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. Не е испочитуван ниту член 1 од кодексот, кој вели  дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести