verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Парада дочекана со неиздржана тирада

on 13 - 10 - 2016       

republika-za-marsot-i-verusevski

[Рецензија: Верушевски ѝ се поклони на Катица за слободата]

 

Текстот претставува злонамерно, тенденциозно и намерно омаловажување на еден јавен настан, при што со навредлив тон се етикетират неговите учесници и организатори.  Притоа, за да се акцентира тезата што ја застапува текстот, се става и линк кон друг текст, исто така проблематичен од аспект на почитување на новинарските стандарди, а сè за што повеќе да се дискредитира опозицијата. Притоа ниту една теза што е изнесена во текстот не може да се потврди со факти.

 

fireshot-capture-31-verushevski-%d1%9d-se-pokloni-na-katica-za-slobodataЛинк до оригиналниот напис: Верушевски ѝ се поклони на Катица за слободата

Датум и време на објавување: 11.10.2016 – 15:15

Датум на рецензирање: 12.10.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

 

ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА
Основна цел на статијата е да се дискредитираат опозицијата и настанот што го организираше заедно со граѓанскиот сектор и тој да се прикаже како нешто периферно, без поголемо влијание врз општествените собитија во државата, а неговите учесници да се етикетират и да се навредат како „платеници“. Притоа, овие тези не се потврдени со ниту еден факт.

„Со слаб одзив започна најавениот марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, кој треба да заврши пред Собранието на Македонија.  Платеници од внатрешноста, главно од општините под власт на СДСМ, Куманово и Струмица, ни одблизу не можат да го сокријат срамот од уште еден дебакл на опозицијата во обид да организира платеничка револуција“. 

Во непотпишаниот текст од седум реда, од кој извира омраза, неколкупати учесниците се наречени „платеници“ кои се прибрани од внатрешноста – и тоа само од две општини каде локалната власт е во рацете на опозицијата – Струмица и Куманово.

Но, ако навистина луѓето што протестираат се „платеници“, требало да се објасни кој и колку ги платил.

 

НАСТАНОТ ТРЕБА ДА СЕ ПРОСЛЕДИ ДО КРАЈ

Објективниот извештај од настан подразбира таму да се остане до крај. Во овој случај, даден е само еден инсерт од настанот – движење на колоната по дел од Партизанска, што укажува дека е проследен само еден негов сегмент. Не е известено за тоа што се случувало подоцна пред Собранието на Република Македонија и колку народ присуствувал на собирот. Со тоа од читателот е сокриена вистината и е објавена необјективна и несодржајна информација за целиот настан.

Крајот на текстот е посветен на „сумирање на резултатите“ од  работата на специјалната обвинителка Катица Јанева, при што, повторно без повикување на извори, без факти, паушално се оценува нејзината работа, со констатација дека „единствената работа што таа од формирањето досега ја завршила е пуштање на слобода на Зоран Верушевски, кој, на собирот „со поклонение дошол да ѝ се заблагодари за слободата“.

„Рамо до рамо со Заев е и Верушевски, првата и единствена одработена задача на Катица Јанева за една година работа со СЈО – слободата на Верушевски“.

Сè на сè, ова е циничен и провиден текст за оцрнување на опозицијата, со што се прекршени многу одредби од Кодексот  на новинарите на Македонија:
 Член 1, кој вели дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Член 14, според кој известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано, а новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Член 15, со кој се утврдува дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката и дека неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

креативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести