verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

ОБНОВЕНО: Недоистражена приказна

на 6. 12. 2015 | |

[Рецензија: Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во спортската сала во Кавадарци!]

 

Реакција на рецензијата долу.

  Рецензираме приказна за типична општествена ситуација, сè почеста на нашите простори, која е преточена во социјална репортажа. Во неа се презентирани автентични факти, сепак, без амбиција да се направи и истражувачка сторија за што имало доста елементи. Приказната е склопена и очигледно извира од судските ходници. Авторот, кој се потпишал со полно име и презиме, се обидел да ги слушне сите страни во судскиот процес и автентично да ја пренесе приказната на несреќната жена. Но, тоа не е доволно за целовит содржински приказ на една семејно-социјална драма.

Линк до оригиналниот напис: Невеста од Албанија, жртва на семејно насилство живее во

Стигматизација на бегалците и на мигрантите, критичките медиуми и на невладините организации

на 24. 11. 2015 | |
 

[Рецензија:Грција во паника поради обезбедувањето на границата – бегалците се насочуваат само кон Македонија]

  Во опширен текст, без потпис на авторот, пренесен на две страни, а поврзан е со бегалската и со мигрантската криза, нема ни збор за состојбата на луѓето покрај границата, за положбата во која се наоѓаат илјадници мажи, жени деца, кои лежат на железничка пруга, одбиваат храна и хуманитарна помош. Затоа во него има многу навреди, дискредитации, стигматизација, сатанизација, ксенофобија… Линк до оригиналниот напис: Грција во паника поради обезбедувањето на границата – бегалците се насочуваат само кон Македонија Датум и време на објавување: 21.11 2015 14:20 Датум на рецензирање: 23.11.2015 Рецензент: Александар Писарев  

КОЛАБОРАЦИЈА СО ГРЦИЈА

Централната тема се негативните реакции на грчките медиуми,

Зошто и како (ќе се) се засилува хајката против Катица Јанева: ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ ОЧИТЕ

на 24. 11. 2015 | | en
Судски чекан. Фото: orangesparrow, 2011

„Специјалниот јавен обвинител е дел од системот на јавното обвинителство. Тој е, во крајна линија, одговорен пред Собранието, односно пред граѓаните од кои и го влече својот суверенитет. Процедурално не е направено ништо што излегува надвор од можностите кои ги дава Законот за јавното обвинителство. (…) Сè што не е забрането со законот е дозволено, што значи и формирање внатрешни структури за адресирање на актуелни специфични проблеми. Само еден затворен ум, кој размислува во системот на социјализмот во кој сè што не е дозволено со закон е забрането, може да види проблем во еден ваков институт“, вели проф. Мирјана Најчевска

  Пишува: Александар Писарев   Иницијалната каписла што ја активираше државниот обвинител, Марко Зврлевски, против

Проценти и промили

на 20. 11. 2015 | |
 

[Рецензија:СДСМ: Смртноста на новороденчињата во Македонија е ФРАПАНТНИ 14.4 проценти, а Груевски продолжува да го штити Тодоров]

  Соопштенија на државни институции, влади, министерства или политички партии во принцип во медиумите се пренесуват интегрално без новинарска или уредничка интервенција. Доколку медиумот, сепак, одлучи да интервенира или да го прераскаже и протолкува соопштението, тоа мора да се направи внимателно за да не се пренесе погрешно некоја важна информација, или да се променат и погрешно интерпретират фактите. Во веста која ја рецензираме е направено баш тоа. Со уредничка или новинарска интервенција еден важен податок погрешно е интерпретиран и направена е штета, внесена паника меѓу читателите и родителите. Линк до оригиналниот напис: СДСМ: Смртноста на новороденчињата во Македонија е ФРАПАНТНИ 14.4 проценти,

Наслов како мамка за кликнување

на 13. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Заради проектите и работата на Владата препорака – заради кризата креирана од СДСМ услов]

  Во секој од медиумите (печат, радио, телевизија, интернет) постојат многу начини да се измами публиката. Најчестиот начин е манипулација со насловите. Во оваа рецензија ќе го анализираме начинот на кој медиумот преку насловот „Заради проектите и работата на Владата препорака – заради кризата креирана од СДСМ услов“ манипулира со читателите. Линк до оригиналниот напис: Заради проектите и работата на Владата препорака – заради кризата креирана од СДСМ услов Датум и време на објавување: 10.11.2015 – 09:58 Датум на рецензирање: 12.11.2015 Рецензент: Александар Писарев  

АМНЕСТИЈА ОД ОДГОВОРНОСТ

Со оглед на тоа што извешајот на ЕК за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ

Алшар има концесионер, кој можел да биде прашан

на 11. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Македонија ја има најголемата тајна: Светски научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната на бесплатна енергија!]

  Информацијата за да биде точна и потврдена, мора да има извор, тоа е темелот врз кој се гради веродостојност на новинарски текст. Тој може да биде анонимен, дискретен, таен, но мора да постои, а должност на новинарот е на читателот да му каже од каде му се информациите што ги објавува. Особено ако новинарот, за да му даде поголема тежина и сериозност на напишаното, уште во насловот се повикува на референтни извори и на публиката ѝ соопштува дека: „Светски научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната на бесплатна енергија“. Во текстот што го рецензираме нема

Несодржајно, со плитки и агресивни информации

на 10. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кои се новите министри и заменици од СДСМ – стари и компромитирачки кадри на Заев]

  И медиумот и информацијата што тој ја објавува, а е предмет на рецензија, можат да се споредат единствено со нуклеарен отпад. Не се за употреба, а шират негативна енергија. Веста се однесува на изборот на новите министри и заменици-министри, кои се од редовите на опозицијата што е договорено меѓу четирите политички партии во Пржино како услов за излез од политичката криза во која се наоѓа државата. Пласираните информации не се вистинити. Единствената цел на медиумот е да дисквалификува цела галерија личности кои ќе заземат значајни функции во Владата и кај граѓаните да внесе збунетост за нивните биографии. Линк до оригиналниот напис: Кои

Присутни – сите елементи на манипулација

на 3. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: КАПИТУЛАЦИЈА НА ЗАЕВ: Бара одложување на изборите]

  Содржината на вест, како новинарска форма, мора да биде точна и да се базира на факти. Тоа произлегува и од Кодексот на новинарите на Македонија, а во спротивно таквата творба се нарекува дезинформација. Целта на „информацијата“ што ја рецензираме е да се скрие вистината, да се манипулира со граѓаните и да се сочува популарностa на владеjачката структура. Граѓаните треба да се убедат дека политичкиот противник на актуелната власт „нема апсолутно никаква подршка кај граѓаните и бара одложување на изборите бидејќи е свесен дека ќе ги загуби“. Оваа констатација не е потврдена со ниту еден факт, а изворите на кои се повикува авторот се „познавачи“. Линк до оригиналниот напис: КАПИТУЛАЦИЈА НА

Најважните пораки и констатации од белгискиот олеснувач Питер ван Хојте – скриени

на 24. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Ванхоуте: Непостигнувањето договор го загрозува одржувањето на изборите во април]

  Прикривањето на важните информации од граѓаните не е ништо ново. Тоа е стара практика. Меѓутоа, прашањето е зошто тоа се прави кога на крајот, сепак, сè ќе се дознае. Во овој случај, медиумот ги скрил најважните пораки и констатации од белгискиот олеснувач Питер ван Хојте кои се поврзани со Договорот од Пржино, а акцентот го ставил на периферните работи за вистината да се скрие од граѓаните и на тој начин да се заштитат одредени политички центри на моќ и да се сочува нивната популарност. Линк до оригиналниот напис: Ванхоуте: Непостигнувањето договор го загрозува одржувањето на изборите во април Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:01 Датум на

Квалификации против меѓународната заедница кои со ништо не можат да се потврдат

на 22. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: : Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно!]

  Интересни и шокантни наслови најчесто се репрезентативни примероци за најчитаните вести. Таквата практика да се привлече вниманието на читателите е дозволива, дури и посакувана. Меѓутоа, во желба за поголеми тиражи, не смее да се манипулира со насловот и да се прави конструкција која треба да ја измами публиката и да ја убеди невистината да ја прифати како вистина. Во текстот што го рецензираме, направено е тому тоа. Тезата која е изнесена во насловот, „Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно“, понатму во текстот со ништо не е докажана и аргументирана. Линк до оригиналниот напис: : Брисел е бетер од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно! Датум и време на

Претплатете се за најнови вести