verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Конфузна и збунувачка објава

on 26 - 08 - 2016       

telegraf 1

 

[Рецензија: ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО Е НООСКОП: Светот во паника, Путин развива супероружје]

Читајќи ја оваа вест од неполни десет реда (ако не се бројат насловот и поднасловот), сликата што се јавува пред очите потсетува на еден ваков научно-фантастичен филм: Светот е во паника, луѓето како зашеметени се тетерават по улици и не можат да ги контролираат сопствените движења и мислите, донесуваат нерационални одлуки… Бидејќи таму некаде некој седи покрај тастатурата или сличен уред, ја контролира целата цивилизација и наредува што треба да прави…

Но, дали е ова можно? Написот тврди – да! Тоа го постигнале Русите и поради тоа, како што стои и во сензациопналистичкиот наслов, „Светот е во паника, Путин развива супероружје“.

FireShot Screen Capture #177 - 'ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО Е НООСКОП_ Светот во паника, Путин развива супероружје' - www_telegraf_mk_aktueЛинк до оригиналниот напис: ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО Е НООСКОП: Светот во паника, Путин развива супероружје

Датум и време на објавување: 22.08.2016 12:13

Датум на рецензирање: 25.08.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

КОЈ Е ВО ПАНИКА ?

Содржината од почеток до крај е нејасна, конфузна и збунувачка. Кој е во паника? Целиот свет или само Западот? Во насловот е најваено дека светот е во паника, а во веста се вели:

„Човек од доверба на рускиот претседател Владимир Путин измислил чудна направа со која може да се контролира човештвото што предизвика паника на Западот.“

И, што е јавниот интерес овде? Дали да се предизвика паника и кај нас или да се предизвика восхит и да се охрабрат тие што се на руска страна дека имат предност во однос на спротивната.

 

 

„ЧТО СКАЗАЛА БАБУШКА?“

Целата приказна понатаму личи на разговор пред селска кооперација, кога по третото пиво се пребројуваат тенковите и ракетите што ги поседуват Русите и Американците. Дилемата ја решава следната реченица во текстот.

„Направата се вика „нооскоп“ и може да влезе во колективната свест на човештвото, а со тоа и да го контролира. Нооскопот поседува сензорски сет, кој е базиран на принципот руска бабушка и може да ги анализира податоците на повеќе нивоа, како потезите на финансискиот пазар, количеството храна на пазарот, индустриски катастрофи…“

Фантастично! Само, никаде нема извор, нема ни факти со кои би се потврдила веродостојноста на кажаното, па е тешко е да се одреди дали се работи за шпекулативен, коментаторски или измислен текст.
Меѓутоа, со мало сурфање, се доаѓа до изворниот текст од каде се украдени само сегменти, па содржината затоа е нејасна и сиромашна, а текстот без потпис на авторот.
Во оргиналниот текст, кој исто така е сензационалистички и со сличен наслов, авторот се оградува од „паника на Запад“ и укажува само дека нивните очи се вперени кон Русија, бидејќи не знаат за што се работи. Оригиналниот текст има повеќе извори, на изнесените факти гледа со резерва, поставува прашања и дава одговори, има аналитички пристап, со што приказната е комплетна.
Во член 12 од Кодексот на новинарите на Македонија   јасно пишува:

Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

Медиумската содржина што ја рецензираме, пак, е токму тоа – плагијат! И тоа многу лош!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести