verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Цунами” во Тетово или „цунами” во текстот?

on 26 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 media

 

Напис: АЛАРМ: Во Тетово почна „цунами“

Ова не е природна катастрофа што доаѓа од бога, туку човечка катастрофа што доаѓа од ДУИ на Али Ахмети. Ако во Хасанбег (Сингелиќ – заб. на СПФМ), поплавите ги избркаа луѓето од нивните домови, во Тетово ДУИ е таа што ги брка тетовчани од нивното место. За што станува збор?

Шест администратори кои се вработени во Управата за јавни приходи во Тетово и кои имаат канцеларии во објектот на Општина Тетово, со одлука од структурите на ДУИ се трансферираат од нивното работно место во Тетово, во Управата за јавни приходи во Скопје, без ниедна причина, туку само затоа што не се политички ангажирани и ја вршат професионално својата работа.

Но, ова не е првпат што овие шест администратори станале елемент на потсмев од страна на неколку структури на ДУИ. Тие во 2008 година беа истерани од работа без ниеден мотив, а повторно беа вратени на работа со судска одлука. Но, за да биде иронијата уште поголема, тие од нивното работно место во Тетово се преместуваат да работат неколку години во Скопје и тоа со плата од 30 до 50 отсто помала од администраторите Македонци. Во времето на покојниот заменик директор, Аргетим Хасани од Струга, тие се враќаат во Тетово каде и добиваат и решенија за да работат во Тетово, но овие решенија ги поништиле и сега повторно ги враќаат во Скопје.

За ова дело од структурите на ДУИ ќе бидат известени сите дипломатски претставништва во Скопје, а администраторите предупредуваат дека ќе прават штрајк против оваа одлука и понижувањата неколку години по ред./ Шќипмедиа

 

[Рецензија: „АЛАРМ: Во Тетово почна „цунами““]

Често се случува да видиме наслови што не се совпаѓаат со содржината. Едно кажува насловот, а друго кажува текстот, односно состојбата за која се алармира во насловот е далеку од тоа што реално се случува. Но, кога насловот алармира до таа точка што веќе нема смисла, односно нема информација, ова не е само непрофесионално, ова е многукратно – „не“, барем кога станува збор за етичките аспекти на новинарството.

Shqipmedia - Alarm - Cunami filloi ne TetoveЛинк до оригиналниот напис: „АЛАРМ: Во Тетово почна „Цунами“

Датум на објавување: 17.06.2016

Датум на рецензирање: 19.08.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

На еден напис што дава еден „АЛАРМ“ со големи букви, мора да му се посвети внимание за да се дознае за што бил алармот, за кој треба да се загрижиме. Една секунда!… Тетово нема излез на море, а другите видови поплави не се „цунами“. Авторот не го направил „пропустот“ од незнаење, туку од потребата да привлече внимание, поттикнувајќи една голема загриженост што можеби алудира на природна катастрофа или нешто друго многу важно за безбедноста на населението, што според етичкиот кодекс е непростливо.

„Ова не е природна катастрофа што доаѓа од бога, туку човечка катастрофа што доаѓа од ДУИ на Али Ахмети. Ако во Хасанбег (Сингелиќ – заб. на СПФМ) поплавите ги избркаа луѓето од нивните домови, во Тетово ДУИ е таа што ги брка тетовчани од нивното место. За што станува збор?“

Написот нема вообичаена структура на една вест, што значи дека не е изграден врз начелото на превртена пирамида, туку има наративен карактер, каде што местото на фактите го зафаќаат коментарите. Најмалку што требало да се направи, е да се цитира некој од оштетените, при што тој директно би ја изразил неговата загриженост. Ова треба да се направи за се почитуваат начелата на известување и за да биде информацијата убедлива.

„Шест администратори кои се вработени во Управата за јавни приходи во Тетово и кои имаат канцеларии во објектот на Општина Тетово, со одлука од структурите на ДУИ се трансферираат од нивното работно место во Тетово, во Управата за јавни приходи во Скопје без ниедна причина, туку само затоа што не се политички ангажирани и ја вршат професионално својата работа“.

Етички кодекс:

Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од колку што е можно повеќе извори, најмалку од две независни извори.

По ова се наредени и други податоци, кои останале само податоци, бидејќи не ги потврдува ниедна страна. Доколку шесте оштетени (како што се тврди во содржината) се една страна на приказната, морало да се побара и став од ДУИ или „обвинетата“ страна. Се случува трансферите на работа да бидат незаконски, но се случува и да бидат во рамките на правилата. Меѓутоа, доколку едната страна смета дека со таа одлука е оштетена, тогаш одлуката мора да се образложи од лицето што ја презело таа одлука.

Етички кодекс:

Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни на новинарскиот производ да го изразат нивниот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изразува сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика.

Во недостиг од цитати, авторот не искористил ниту еден факт, ни документ што го докажува трансферот на луѓето на други работни места или неправедниот третман што им се направил претходно на работа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести