verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Отворена хајка

on 17 - 10 - 2016       

republika

[Рецензија: По Рада Ивана – Која е платеничката која ги труе младите со антимакедонски политики]

 

Наместо да направиме сè што е во наша моќ за да го запреме понатамошното уривање на кредибилитетот на новинарската професија, како што се доближуваат изборите загрижувачки се зголемува бројот на текстовите со кои драматично се урива угледот на медиумите.
Текстот што го рецензираме е нагласено  тенденциозен и не нуди аргументи што би ја докажале вистинитоста на обвинувањата што се нижат во него.

po-rada-ivana-koja-e-platenichkata-koja-gi-tru_-http___republika-mk_665774Линк до оригиналниот напис: По Рада Ивана – Која е платеничката која ги труе младите со антимакедонски политики

Датум и време на објавување: 11.10.2016, 22:38

Датум на рецензирање: 15.10.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

АТМОСФЕРА НА ХИСТЕРИЈА

Атмосферата во текстот наликува на отворена војна против една од учесничките на собирот на опозицијата, Ивана Туфегџиќ, но оганот е распален и против цела плејада личности блиски до опозицијата, не штедејќи ја ниту сестрата на Туфегџиќ која нема апсолутно никаква врска со настанот и со говорот на Ивана.

„Рамо до рамо со лидерот на опозицијата, со обвинетиот Зоран Верушевски и со заменичката Радмила Шеќеринска маршот на срамот го одеше и Ивана Туфегџиќ која ја доби чест и да застане на бината и да им се обрати на малубројните следбеници на антимакедонските политики на опозицијата…., Ивана Туфегџиќ е сестра на Симона , член на Средношколскиот пленум и слеп следбеник на политиките на сестра си. Дете во политиката …“

Во конкретниот случај написот се става во улога да  биде судија на нечии политички убедувања и создадава атмосфера на хистерија:

„Стана препознатлива во јавноста по платеничките настапи за исполнување на агендата за уништување на демократијата. Таа е еден од најистакнатите лидери на сдсмовскиот пленум кои како дел од платеничката револуција на опозицијата сакаа да ги спречат и легитимните избори за нов студентски лидер“.

 

ДЕМОНИЗАЦИЈА

Наместо аргументирана критика со која се брани јавниот интерес, имаме негативен и напаѓачки приод со кој се демонизира противникот. Изнесените тези, како оваа, на пример:

„Ивана Туфегџиќ практикува улични демократија, често се обраќаше на платеничките променади на платеничката револуција, а е задолжена за кревање на тензии и предизвикување инциденти“,

се опасни и одат во насока на хушкање и предизвикување лоши чувства кај поединци и општествени групи кои можат да провоцираат насилство кон одреден политички субјект или поединец.

Таква порака се испраќа уште со насловот на текстот: „ По Рада Ивана – Која е платеничката која ги труе младите со антимакедонски политики“, а дополнително се манипулира и со фотографиите и со видеоинсертите.

Таблоидното новинарство е легитимно, но тоа не смее да се стави во функција да води хајка против одредени личности од политичкиот и од јавниот живот, особено не во време на избори. Тоа не само што ги загрозува нивните политички, граѓански и други права, туку како последица може да има и загрозување на безбеноста на поединци и групи.

Во овој случај целосно е заборавено на професионалните новинарски и етички стандарди  и  јавното мислење се креира во корист на владејачката партија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести