verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Новинарски текст „дебело“ обоен со шпекулации и со манипулации

на 6. 04. 2016 | |
[Рецензија: СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми] Како да веруваме во вистинитоста на тоа што е објавено во форма на новинарски производ, кога во текстот, непотпишан од авторот, на седум места се повторува дека констатациите се врз основа на: шпекулации, зборување во кулоари, чаршиски муабети, сомнежи… Притоа, како „извор на факти“ се посочува сроден текст објавен истиот ден во друг медиум. Насловот на рецензираниот текст, „СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми“, е шпекулативен и тенденциозен со намера Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се обвини за исплата на високи хонорари, но и нејасен, бидејќи никаде во текстот нема објаснување за наводите, односно од

Нов обид да се извалка името на специјалната обвинителка

на 24. 03. 2016 | |
[Политички нарачки наместо право- заради блискоста со Заев, Јанева го амнестира Цановски и отвора предмет за уривањето на дивоградбата Космос?]   Со филхармониска усклaденост и тоналитет, очигледно оркестрирано од една диригентска палка, продолжува тажната „рапсодија“ насочена против Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и специјалната обвинителка Катица Јанева, со единствена цел – комплетно да се дискредитира нејзината работа и институцијата на чие чело е таа, а и самата таа како личност. Предмет на рецензијава е писание за кое се поставува прашање дали содржи барем малку вистина.   Линк до оригиналниот напис: Политички нарачки наместо право- заради блискоста со Заев, Јанева го амнестира Цановски и отвора предмет за уривањето на дивоградбата Космос? Датум и време на објавување: 21.03.2016  15:08 Датум на рецензирање: 22.03.2016

Обид со извадок да се смали целото

на 23. 03. 2016 | | sq
[Рецензија: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи] Текстот што го рецензираме кај читателот отвора дилема дали сите гледаме во истиот избирачки список, оти деновиве едни исти бројки едните ги гледат како шестцифрени, а другите како трицифрени. Потребно ли е утврдување на нечија диоптрија заради земање соодветни очила или зад некои интерпретации стои тенденција? Линк до оригиналниот напис: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи Датум и време на објавување: 17.03.2016  17:20 Датум на рецензирање: 21.03.2016 Рецензент: Александар Писарев  

МИНИМИЗИРАЊЕ НА ВИСТИНАТА ПРЕКУ ЛАГИ

Во центарот на интересот на сите граѓани овие денови е избирачкиот список и неговата точност. Откако Државна изборна комисија (ДИК) уште во првите најави за резулатите од неговата проверка излезе со бројка од речиси 500.000 

Потемкин и „благосостојбата“ на македонските пензионери

на 17. 03. 2016 | |
 

[Рецензија: Пензионерите во Македонија се задоволни]

  Потемкинови села! Прилогов што го рецензираме ја опишува благосостојбата на пензионерите во Македонија онака како што Потемкин успеал на царицата со лажни села да ѝ ја прикаже „благосостојбата“ на колонизираните жители на Крим. Почнувајќи од насловот, кој ја генерализира оцената дека сите пензионери во Македонија се задоволни, па до констацијата дека многу заштедиле бидејќи имат бесплатно скијање и бесплатно возење со жичницата на Водно. Како да се тие цел ден на скии и на Водно, па и тој трошок државата им го покрила…

Линк до оригиналниот напис: Пензионерите во Македонија се задоволни Датум и време на објавување: 13.03.2016 16:08 Датум на рецензирање: 16.03.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ПОТЕМКИНОВИ  СЕЛА

Зошто рецензијата ја

Кој потврдил дека нема фантомски гласачи?!

на 14. 03. 2016 | |
 

[Рецензија:Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список]

  Во општественото милје во кое во центарот на јавниот интерес е избирачкиот список, прилогот со вешти манипулации, извртени факти и со дискредитација на политичките противници, без аргументи ги брани позициите на власта и уште во насловот тврди нешто што допрва треба да се провери: Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список“. Притоа, ги сокрива фактите, манипулира со наменски срочени формулации на одредени реченици за да ја „сврти водата на својата воденица“. Линк до оригиналниот напис: Нема фантомски гласачи ниту двојни уписи во Избирачкиот список Датум и време на објавување: 9.03.2016 17:04 Датум на рецензирање: 10.03.2016 Рецензент: Александар Писарев  

АКТУЕЛЕН ИЛИ ПОРАНЕШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК?

Рецензија: Волшепство – еден станува 400

на 11. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите]

  Рецензираме извештај за нова епизода паради што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги прави низ Македонија, настапувајќи како и понатаму да премиер, па ветува нови инвестиции, се распрашува како оди исплатата на субвенции…
Медиумите што го следат секој негов чекор се составен дел на неговата служба за односи со јавноста и објавуваат наместени ситуации за да се увеличи неговиот лик и делото. Сепак, во извештаите од тие настани, колку да се изрежирани, еднина не може да се прикажува како множина, а интервјуто со еден човек кој вели дека е задоволен од нешто, не може да се прикажува како задоволство од 400 луѓе.

Линк до оригиналниот напис: Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите Датум и

И арпаџикот од Бразда во изборна кампања!

на 7. 03. 2016 | |

[Рецензија: По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик]

  Текстот  е инспириран од „парадата“ што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со неколкумина членови на Владата, ја направи во општината Чучер – Сандево. Написот  ги доведува во заблуда граѓаните дека желбите што му ги прочитаа на Груевски за време на претставата, тој може им да ги исполни веднаш, иако е јасно дека тоа не е во негова надлежност. Текстот, фактички, ја идентификува  владејачката партијата со државата, покажувајќи дека оваа партија и нејзиниот лидер се над институциите и автократски ги решават проблемите на самото место. Ова се прави уште во самиот наслов: „По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево

Стопати повторена лага се „продава“ како вистина

на 2. 03. 2016 | |

[Рецензија:ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел]

  Написот не се занимава со вистинската тема што произлегува од настанот, кој може да се толкува и како провокација во населбата Бутел да се предизвика сегрегација по верска основа, туку тенденциозно анализира две издвоени реакции на двајца новинари на социјалните мрежи, кои имат спротивно мислење од заговорниците на изградбата на крст во населбата Бутел во Скопје. Правена во тој дух, оваа објава ги етикетира и ги дискредитира „избарните“ личности, само поради тоа што не го делат гледиштето дека етничкиот простор треба да се обележува со верски симболи. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел Датум и време на објавување: 27.02.2016, 18:33 Датум

На „отстрел“ и претседателот на ДИК

на 24. 02. 2016 | |

 

[Рецензија:Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ]

  Кој не мисли како власта, тој е против власта. Така би можел да се дефинира трендот да се омаловажат, навредат, дисквалификуваат, поединци и институции чија работа не им е по волја на експонентите на власта. Овојпат на дневен ред дојдоа ДИК и нејзиниот претседател, Александар Чичаковски.
Линк до оригиналниот напис: Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: б21.02.2016, 16:09 Датум на рецензирање: 23.02.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ИСКРИВУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ

Прилогот отвора битка против претседателот на Државната изборна комисја и во име на владејачката партијата го повикува на одговорност затоа што не удоволил на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да свика седница на ДИК, а тоа

Ова ли е новинарство – Купишта навреди кон олеснувачот!

на 19. 02. 2016 | |

[Рецензија: Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите]

  Ова е уште еден напис што ја дополнува неславната статистика за стотици прилози во македонските медиуми кои еклатантно отстапуват од етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија и од меѓународни новинарски стандарди. Текстот што го рецензираме само ја проширува галеријата на личности од домашната и од меѓународната политичка сцена кои, според оцените во текстот, се „подржувачи на опозицијата и непријатели на македонскиот народ и државата“. Од самиот наслов: „Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите“, е сосема јасно за која личност станува збор.
Линк до оригиналниот напис: Ова ли е притисокот од

Претплатете се за најнови вести