verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Што е спорно со двојазичната табла во Чаир?

on 12 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

sitel

[Рецензија: Партиското седиште на СДСМ во Чаир утринава доби двојазична табла]

 

Рецензираме некоректен и тенденциозен текст, кој ги негира уставните и законските одредби за употреба на јазиците на националностите во Република Македонија и на тој начин ги оспорува човековите права што се однесуват на употребата на мајчиниот јазик. Сето тоа се прави со единствена цел: да се дискредитира лидерот на опозицијата, Зоран Заев, и да се прикаже во негативно светло пред изборите закажани за 11 декември.

fireshot-screen-capture-181-partiskoto-sedishte-na-sdsm-vo-chair-utrinava-dobi-dvojazichna-tabla-i-sitel-televizija-sЛинк до оригиналниот напис: Партиското седиште на СДСМ во Чаир утринава доби двојазична табла

Датум и време на објавување: 09.10.2016, 16:54

Датум на рецензирање: 10.10.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ШТО ВЕЛАТ УСТАВОТ И ЗАКОНОТ

Прилогот е политички мотивиран и тенденциозен, што се гледа уште од насловот:

„Партиското седиште на СДСМ во Чаир утринава доби двојазична табла“.

Од самиот почеток на овој материјал се нижат неиздржани обвинувања на сметка на лидерот на опозицијата:

„СДСМ се поднови. Денес во партиското седиште на Општинската организација на СДСМ беше поставена двојазична табла. Се поставува прашањето дали ова е дел од воведот кој го најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев за воведување на двојазичноста во Македонија.
Со ваквиот предлог на Заев се согласува и албанската дијаспора која не крие дека е за федерализација на Македонија“.

Но, што е спорно ако СДСМ поставил двојазична табла на партиското седиште во Чаир?! Сите државни институции и јавни претпријатија во оваа општина (и не само во неа) имаат истакнато двојазични натписи. Тоа е превидено во член 7 на  Уставот на Република Македонија и со член 2 од Законот за употреба на јазиците во Република Македонија .

Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон. (член 7)

 

Јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните во Република Македонија се употребува во Собранието на Република Македонија; комуникација на граѓаните со министерствата, судските постапки; управната постапка; извршување на санкции; народен правобранител; изборниот процес; при непосредно изјаснување на граѓаните; при издавањето на личните документи на граѓаните; при водењето на матичната евиденција; примена на полициски овластувања; во радиодифузната дејност; инфраструктурни објекти; локалната самоуправа; финансиите; економијата; образованието и науката; културата и во други области и институции согласно со овој закон. (Член 2)

 

ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА?!

При пишувањето на текстот морало да се имаат предвид овие факти. Нивното негирање, пак, ги загрозува човековите права или слободи во Република Македонија што се однесуват на употреба на мајчиниот јазик.

„Воведувањето на двојазичност не им е непознато на социјалдемократите. Тие во неколку наврати до медиумите кои известуваат на албански испраќаат  e-mail од партиската адреса напишан на албански јазик“. 

Во текстот нема ниту еден аргумент со кој би се потврдила изнесената констатација дека на овој начин Заев воведува двојазичност, бидејки таа е веќе законски воведена во одредени средини во државата. Во текстот не е објаснето дали и што направил Заев со поставување двојазична табла на партиското седиште, а не е во согласност со законите на Република Македонија, како што нема ниту еден факт со кој би се потврдила намерата на Заев за федерализација на Македонија.
Направена е и невешта компилација на некави реакции од дијаспората и изјави, кои не се во контекст на настанот и немат никаква врска со отварањето партиско седиште на СДСМ во населбата Чаир.
Со ваквиот начин на пишување и пласирање на информациите, прекршени се основните одредби на Кодексот на новинарите на Македонија, кои укажуваат дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. (Член 1)

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи. (Член 10)

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

јазицчна дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести