verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Замена на тези скарана со логика: Опозицијата ем спие, ем парадира – истовремено

on 16 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir 1

[Рецензија: Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја]

 

Во ситуација кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, толку очигледно ја злоупотребува несреќата што ги снајде луѓето во населбите погодени од поплавите и од тоа прави хиперагресивна медиумска кампања, текстот што го рецензираме тоа ѝ го припишува на опозицијата. Крајно некоректно, тенденциозно и непрофесионално.

FireShot Screen Capture # 4170 - 'Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја I KuriЛинк до оригиналниот напис: Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја

Датум и време на објавување: 13.08.2016, 17:55

Датум на рецензирање:15.08.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

АМОРТИЗЕРИ НА СРАМОТ

За да се амортизира срамот и одговорноста на претседателот на владејачката партија, кој до максимум ја исполитизирал несреќата што ги снајде жителите на Стајковци и на другите села, за сопствена и за партиска реклама е направена замена на тезите, па за медиумската промоција на сметка на унесреќените е обвинета опозицијата.
Како повод е искористена изјавата  на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. За да се дискредитира Спасовски, делови од неговото интервју се извадени од контекст и коментирани со многу невистини, сарказам, иронија, употреба на пејоративи… Ваквиот пристап се гледа уште со изборот  на насловот:

„Оливер Спасовски ја преспал оваа недела – СДСМ повторно парадира во кризните подрачја“ 

Ијавата не е пренесена интегрално туку е сокриен дел од информациите, со што е добиен производ кој содржински не е докрај јасен. Написот конструира негативна рамка за еден од функционерите на опозицијата, лоцирајќи ја во него вината за злоупотреба на несреќата што ги снајде овие граѓани. Со тоа, кај читателите треба да се произведе негативна слика за целата партија и да се демонизират нејзините најистакнати експоненти.

„СДСМ ја продолжува праксата на парадирање во кризните поплавени подрачја со ефтини штосови за промоција преку 15 минутно сликање во домови на партиски активисти на СДСМ и лажна солидарност а денес генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, краткото парадерство го искористи и за давање на совети што требало да се прави во кризните региони и како да ја преспал целата недела…“

 

ДЕЗИНТЕГРАЦИЈА НА ОПШТЕСТВОТО

Отворено се фаворизира власта преку амбивалентен приод при што се оцрнува опозицијата:

„После цела недела откако на терен во кризните региони се наоѓаат повеќе од 300 парчиња механизација (багери, скипери, камиони) ангажирани од државните институции…, денес Оливер Спасовски апелираше да се ангажирала механизација во кризните подрачја?!
Ваквите настапи на СДСМ се продолжување на кампањата што против институциите, ја водат медиумите под контрола на СДСМ…“

Ова е типичен пример за негативната улога што можат да ја имат медиумите во дезинтеграцијата на општеството, преку тенденциозното и непрофесионално известување, кое потикнува стереотипи, поделби и нетолеранција, што е спротивно на сите домашни и меѓународни кодекси на новинарите.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести