verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Злоупотреба на трагедијата за валкање на неистомислениците

on 18 - 08 - 2016       

kurir

[Рецензија: СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа]

 

Првата реченица во  материјалот „Механизми за медиумско известување при Катедрата на УНЕСКО за медиуми, дијалог и заемно разбирање“, вели дека „треба да се избегнуват прилози кои можат да предизвикат атмосфера на сериозни тензии во политичките односи, кои промовират дискредитација, нетолеранција, дискриминација, негативна стереотипизација, прикриени или отворени повици на мобилизација, говор на омраза, амбивалентен приод“… Рецензираме непотпишан текст кој не почитува ништо од ова. Написот е тенденциозен, дискредитирачки, полн со популистички пароли, конструкции, невистини и со шпекулации.

FireShot Screen Capture #171 - 'СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа I Kurir_mk' - kurir_mkЛинк до оригиналниот напис: СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа

Датум и време на објавување: 16.08.2016, 14:23

Датум на рецензирање: 17.08.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ПРОВИДЕН ПАРАВАН

Иако е габаритен, разбиен со многу меѓунаслови, галерија на фотографии, текстот не содржи вест или информација. Уште со изборот на насловот: „СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа“,  ја покажува целта да ја дефокусира јавноста од поплавата, последиците и од одговорноста на власта за она што пред десетина дена му се случи на Скопје, а не морало да се случи доколку институциите совесно си ја вршеле работата.  Имаме манипулација и отворен спин во полза на владејачката партија. Зад параванот на наводната грижа за поплавените, се дискредитираат опозицијата, невладините организации, граѓанските активисти, „Шарената револуција“…  Текстот содржи и елементи на говор на омраза со отворена намера да предизвика револт и да ги мобилизира граѓаните против опозицијата и одредени личности од невладиниот сектор кои се на спротивната страна од власта.

„Активистите на СДСМ кои се платени од Сорос наместо да им помагаат на сограѓаните, изминатата недела ја поминаа на трибини во Косово, а фрлаа боја во Битола. СДСМ организирааше инцидент во кој нивен активист го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Напаѓачот во медиумите под контрола на СДСМ беше претставен како граѓанин од поплавените подрачја и истиот опишан како жртва на напад од страна на обезбедувањето на Груевски, а всушност напаѓачот беше истуркан од месното население, на кои им е веќе преку глава од ваквите обиди на одредени политички партии да ќарат политички поени“.

Текстот пренесува партиски ставови и во себе носи експлозивен набој да ги разбуди емоциите на читателот против конкретни личности, граѓански организации и опозициската партија. Ги анализира коментарите и објавите на социјалните мрежи што ги поставиле граѓанските активисти, ги дискредитира без објаснување на причините  за нивните реакции или трибини. Коментаритре се полни со популистички пароли, навредливи тонови и обвинувања, исмејување…

„Профитира од туѓата несреќа, покажаа целосна негрижа и несолидарност, свиркаат и провоцираат инциденти.Заев најде време за забава и релаксација со Аца Лукас и уживаше во гласна целовечерна фолк музика, се сликаше со млади девојки…“

 

ПОМПЕЗНОСТ

За да се засили ефектот на „душегрижништво“ на владејачките структури и оние блиски до нив кон настраданите во полавите, а истовремно да се истакне  „неодговорноста“ на опозицијата, во текстот е уфрлено и „донаторство“ на поетот Владимир Маџиров.

„Еден од најдобрите поети Никола Маџиров ја донираше наградата за најдобар поет во Европа за настраданите, Зоран Заев парите на струмичани наместо во хуманитарни цели ги “фрли“ на Аца Лукас.“

Наспроти ваквите наводи, во јавноста имаше реакции дека награда со таков назив воопшто не постои, туку  вистинскиот титулар на наградата е „Шу Жимо поетска награда“, се состои во плакета и воопшто ја нема тежината – величината што помпезно ѝ се наметнува.

 

СЛИКАЊЕТО СО ЛОПАТА НЕ Е ПОТВРДА ЗА ХУМАНОСТ

Сокриени се фактите дека лидерот на опозицијата донирал финански средства, а Општината Струмица меѓу првите испратила екипи за расчистување.
Индивидуално прозивање на одредени личности дали, колку и зошто не помогнале не е во ред бидејќи е тоа приватна работа. Како што е приватна работа со кого ќе се фотографира лидерот на опозицијата. Истовремено, покажувајќи двојни аршини, написот премолчува дека неполни 24 часа по поплавата председателот на државата Ѓорѓе Иванов, на пример, во Охрид во ведро расположение и насмеан се сликал со џез-трубачот Артуро Сандовал.

За ваков наменски, тенденциозен новинарски производ, илузорно е да се опоменува кои  членови од Кодексот на новинарите се прекршени, почнувајки од членот 8, кој објаснува како треба да се известува од елементарни непогоди, до членовите: 1, 4, 14, 15, 16 кои укажуват на обврска да се пишува вистина, да се повикува на извори, на коректност при известување од политички процеси, култура на говорот и етиката, дистанца од политички субјекти…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести