verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Писарев

Рецензија: Кучето, опасно или не, на улица мора да биде врзано

на 11. 12. 2013 | | sq
Проблемот со кучињата во урбаните средини повеќепати беше медиски обработуван, но никогаш не добивме права слика што, како, дали и со кои прописи или закони е регулирана оваа материја. Во текстот кој го рецензираме авторот добро ја обработил оваа тема, придржувајќи се до упатствата кои неодамна ги објавивме во новинарски лекции како треба да изгледа опрема на текстот. Но тоа нее единствената причина поради која заслужил позитивна рецензија. Ги има повеќе и да одиме по ред.  Линк до оригиналниот напис: Кучето, опасно или не, на улица мора да биде врзано
Датум и време на објавување: 04.12.2013,  09:30 Датум на рецензирање: 06.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост:  Ни една реченица во текстот не побудува сомнеж во вистинитостa, бидејќи тој е поткрепен со

Рецензија: Филе директно побара од земјите-членки на ЕУ да дадат насока за европската иднина на Македонија

на 6. 12. 2013 | |
Пред нас имаме новинарски прилог кој во оваа прилика, поради вистината  и одговорноста што ја имаме пред јавноста, мораме негативно да го рецензираме. Се работи за намерно и свесно изоставување на најважниот дел од обраќањето на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, во кој и до граѓаните и до раководството на земјава упатува јасна и недвосмислена порака: …„Загрижен сум за политичката ситуација во Македонија и тензиите меѓу Владата и опозицијата, како и за немање резултат за прашањето за името“… Оваа негова порака е премолчена.

Линк до оригиналниот напис: Филе директно побара од земјите-членки на ЕУ да дадат насока за европската иднина на Македонија Датум и време на објавување: 03.12.2013  19:00 Датум на рецензирање: 05.12.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Еден од основните

Рецензија: Годинава најмногу новозаболени со ХИВ

на 3. 12. 2013 | |
Бенџамин Дизраели, британски премиер од втората половина на 19 век, засекогаш ќе остане запаметен по својата изрека дека постојат три вида лаги: лаги, големите лаги и статистика. Пред нас имаме текст со сериозни статистички податоци за бројот на заболените, умрените, инфицираните од СИДА во Македонија и начинот на кој ја добиле оваа опасна болест. За да не се сомневаме во бројките, очекувано е да го знаеме изворот на оваа статистика. Во спротивно, ќе се согласиме со Бенџамин Дизраели и ќе го рецензираме овој напис за да утврдиме во кои делови не се почитувани домашните и меѓународните стандарди за коректен новински текст. Линк до оригиналниот напис: Годинава најмногу новозаболени со ХИВ
Датум и време на објавување: 02.12.2013 Датум на рецензирање: 02.12.2013

Опрема на текст – наднаслов, наслов, поднаслов

на 29. 11. 2013 | | sq

Читателите најчесто се задржуваат на оние вести и информации кои имаат добра опрема и кои најмногу им го привлекуваат вниманието. Некои текстови веројатно никогаш не ги погледнуваат, во голема мерка поради лошиот наднаслов, наслов, и поднаслов, или затоа што текстот не е опремен со овие основни елементи на новинарската форма.

  Пишува: Александар Писарев   Како треба да изгледа една вест, информација, анализа, репортажа во медиумот, за да привлече внимание

Рецензија: Девојка причина за нападот на момчињата во Куманово

на 28. 11. 2013 | | sq
„Националноста“ на првите хомо сапиенси била одредувана според припадноста на племето на кое припаѓале. Средбата со другото племе  некогаш била мирна и владеел мир, некогаш ќе се испотепале. Така е секаде во природата. Има чопор на лавови и чопор на други лавови. Мислите дека им е гајле што сите тие се лавови. Ќе се степаат или за територија или за женка. Спремни се да ги заколат и младенчињата на сите лавови од другото племе само да не им бидат конкуренција кога ќе пораснат. Можат ли вака поедноставени закони од природата да најдат аналогија и во општеството. Да. Во оваа вест која ја рецензираме. Линк до оригиналниот напис: Девојка причина за нападот на момчињата во Куманово Датум и време на објавување:

Рецензија: Македонија во дисциплината 2.200 километри со пречки!

на 22. 11. 2013 | |
Текстот почнува со класичен вовед во интервју: „Американскиот аналитичар Даниел Сервер во интервју за „Вечер„ порачува“… Интервју, (од англискиот збор interview) како новинарска форма, подразбира разговор или испрашување на новинарот со одредена личност, што потоа ќе биде објавено во весникот, на радиото, ТВ… Овој новинарски жанр, во облик на дијалог, на читателот/гледачот/слушателот му соопштува релевантни факти преку кои го објаснува, толкува, вреднува, своето индивидуално мислење за одреден проблем. Читателот, според воведот во овој опширен текст од 140 реда, очекува да прочита интересни новинарските прашања поврзани со декемврискиот самит на ЕУ (како што е најавено во наднасловот) и од Даниел Сервер да добие одговор зошто Македонија, како што соопштува медиумот во насловот, ја чека…„дисциплината 2.200 километри со пречки“.

Рецензија: Венизелос: Меркел на средбата со Нимиц ја поддржа Грција

на 21. 11. 2013 | |
Ако имаме неодговорни медиуми, тогаш сликата за општеството ни е како да сме на „Фарма“ или „Големиот брат“, а во центарот на вниманието се интригите, полувистини или невистини. Текстот кој што го рецензираме го има следниот наслов: „Венизелос: Меркел на средбата со Нимиц ја поддржа Грција“. Ако Венизелос навистина ова го изјавил, тогаш е лош дипломат и неговата изјава може крајно негативно да се одрази на понатамошните односи помеѓу Грција и Германија. Ако не го изјавил, а медиумот напрвил конструкција, тогаш тоа може крајно негативно да се одрази на дипломатските односи на Македонија и со Германија и со Грција. Линк до оригиналниот напис: Меркел на средбата со Нимиц ја поддржа Грција Датум и време на објавување: 15.11.2013,  19:02 Датум

Рецензија: Со хеликоптер го донеле од Албанија – Македонец се бори за живот на скопските клиники

на 19. 11. 2013 | | sq
Веста е најважна новинарска форма. Таа е постара од самото новинарство и се провлекува низ сите други новинарски форми. Затоа мора да биде кратка, јасна, прецизна, вистинита и содржајна. Во оваа „вест“ тоа го немаме. Имаме наслов кој е, всушност, вест: „Со хеликоптер го донеле од Албанија-Македонец се бори за живот на скопските клиники“. Истото тоа го имаме и подолу во текстот дополнето со уште три збора, дека доживеал страотна сообраќајна незгода. Линк до оригиналниот напис: Со хеликоптер го донеле од Албанија-Македонец се бори за живот на скопските клиники
Датум и време на објавување: 17.11.2013  14:31 Датум на рецензирање: 18.11.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Неодговорно и непрофесионално преземена вест од нерелевантен извор и пренесена на читателите, кои слободно можат

Рецензија: САД се тргна настрана – спорот за името оставен на Скопје и Атина

на 19. 11. 2013 | | sq
Според најавата во насловот, централната тема со која се занимава медиумот би требалo да биде позицијата на САД во спорот за името помеѓу Македонија и Грција. Читателот очекува од информацијата да дознае дали САД навистина се тргаат настрана од спорот за името и има ли некое објаснување за ваквата одлука. За жал, не може да дознае ништо и збунет е дали САД навистина се повлекуваат од овој спор или остануваат да го поддржуваат процесот. Линк до оригиналниот напис: САД се тргна настрана – спорот за името оставен на Скопје и Атина

Датум и време на објавување: 14.11.2-13 9:22 Датум на рецензирање: 18.11.2013 Рецензент: Александар Писарев Вистинитост: Од фактите наведени во информацијата не може да се утврди што е вистината. Во

Рецензија: Урнат споменикот на стреланите скопјани

на 18. 11. 2013 | |
Репортажа како новинарска форма, според дефиниција, претставува највисок домет во новинарството, во која автор, низ автентичниот, сопствен креативен агол, ја посматра и прикажува  конкретната ситуација.
Пред нас имаме занаетски одлично изработена репортажа на општествена тема. Авторот укажува на проблемот, предупредува, покажува, пренесува порака и се бори за јасно поставената цел. „Потомците немат каде да го одбележат убиството на предците“, „Урнат е споменикот на стреланите скопјани“, „во општината не знаат кој го сторил ова“. Од само три реченици, кои се меѓусебно поврзани, ја имаме приказната. Браво! Погоден е и мигот кога е објавена сторијата, воочи одбележувањето на денот на ослободување на Скопје 13 ноември. Линк до оригиналниот напис: Потомците нема каде да го одбележат убиството на предците Датум и време

Претплатете се за најнови вести