verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба да работи во интерес на јавноста, а не на партијата

on 14 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Заев-сака-да-се-спаси-себе-си-од-криминалите-уцените-и-корупцијата-crop-resize

 

[Рецензија: Заев сака да се спаси себе си од криминалите, уцените и корупцијата]

 

Каде е веста во овој текст? Авторот сакал да каже нешто, ама не се докажал, а и тоа што го кажал, не држи вода.

Заев сака да се спаси себе си од криминалите  уцените и корупцијатаЛинкуван наслов на анализираниот напис: Заев сака да се спаси себе си од криминалите, уцените и корупцијата

Датум и време на објавување: 08.07.2015

Датум на рецензирање: 13.07.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Овој текст освен нафрлање лични видувања на авторот нема ништо друго. Нема вест, нема извори, нема ништо.

„Единственото што го интересира лидерот на опозицијата Зоран Заев е како да се спаси себе си од криминалите, уцените, корупцијата и барањето мито кои ги виде цела македонска јавност.“

Авторот го почнува написот со сериозни тврдења за лидерот на опозицискиот СДСМ, за криминали, корупција, мито и слично. Во ред е да тврдиш нешто, но тоа треба да се поткрепи со факти и со докази. Барем така наложуваат новинарските професионални стандарди.

„Соочен со неговите криминали и барања мито, како и со фактот дека се повеќе работи околу неговото срамно однесување се појавуваат во јавноста, Заев се обидува да ја дефокусира јавноста и преку конструирани материјали ставени во манипулативен контекст, да се извади од своите скандали и криминали.“

Иако читателот можеби очекува факти и докази за наводите изнесени во написот, тоа не може да го најде. Напишаното изгледа како пазарџиски муабет. „Еј овој Заев е криминалец и сега сака да пушта бомби за да го одвлече вниманието“. Тоа е суштината на текстот. Во него нема вест, нема ниту еден елемент на новинарски текст, нема ништо.

Обвинувањата за корупција и за мито на кои се алудира, инаку се дел од обвинението за случајот „Поткуп“, за кој судот сè уште нема донесено одлука дали ќе влезе во судска процедура. Значи, има обвинение, но не и судско дело. Поради тоа, новинарот не може да каже за некој дека е виновен, кога за тоа нема релевантни докази.

Овој напис е политички пристрасен и има само една цел, а тоа сигурно не е да го информира читателот, туку да го убедува во нешто. Чиста пропаганда за напад на противникот. Само, во овој случај, новинарот заборавил дека треба да работи во интерес на јавноста, а не на партијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести