verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарството се занимава со факти, а не со суеверија

on 16 - 08 - 2015       

 

[Рецензија:  Ликот на Рина се појавува на прозорецот од нејзината куќа? (Фото)]

 

Во ситуации кога доминира неизвесност за човечки животи и судбини, медиумите треба да се воздржуваат од шпекулации и од претпоставки, но и од непотврдени информации што можат да ги повредат чувствата на поединци. Рецензираниот текст е инспириран од една фотографија испратена од читател и чија оригиналност тешко може да се потврди. А уште помалку може да се потврди конотацијата која ѝ се дава на фотографијата.

Fytyra e Rinës shfaqet në dritaren e shtëpisë së saj   Foto  – tetova1.comЛинк до оригиналниот текст: Ликот на Рина се појавува на прозорецот од нејзината куќа? (Фото)]

Датум и време на објавување: 06.08.2015

Датум на рецензија: 07.08.2015

Рецензент: Бенјамин Арифи

Еден сериозен медиум треба да е одговорен за веродостојноста на изворите на информациите што ги пренесува како вест. Новинарот може да почне да составува една вест од информации добиени од граѓаните или читателите, но само преку обработување на истите со новинарски методи, со потврда од неколку извори и со увид на самото место на настанот. Инаку, информациите добиени од граѓаните не секогаш се доволни и веродостојни за да се објават без проверка.

„Додека спасувачките екипи продолжуваат да го бараат нејзиното тело, на оваа фотографија може да се види една силуета која се појавила на прозорецот од куќата на Рина Ахмети. Силуетата наликува на ликот на девојчето, а неколку очевидци кои биле присутни кога е направена фотографијата (и која ја испратиле до редакцијата на Лајм) велат дека силуетата наликувала многу на ликот на Рина, која сè уште важи за исчезната.“

За поставените претпоставки текстот нема доволно ниту описни, ниту мултимедијални извори. За професионалното новинарство поважен настан е исчезнувањето на девојчето, а не суеверијата на граѓаните. Тие не можат да се потврдат и се далеку понерелевантни и поневажни од неизвесноста за судбината на исчезнатото девојче. Во еден ваков случај медиумите треба да се воздржуваат од сензации и да известуваат на професионален и на рационален начин.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

креативен

сензационален

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести