verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Kога има пропаганда во новинарството, слична е на партиската!

на 1. 03. 2017 | | sq

 

Напис: И Агим Винца исто како Беса, бара редефинирање на државата

Професорот, писател, публицист и интелектуалец Агим Винца рекол дека за да постои и да напредува долгорочно како држава, Република Македонија треба да се редефинира, дефинирајќи се со Устав како држава на двете најголеми етнички заедници, словенските Македонци и етничките Албанци, како и на другите заедници што живеат во неа. „Чудно е што лидерите на албанските политички партии во Македонија многупати се покажале повредни отколку нивните колеги Mакедонци, во заштита на Македонија како држава, станувајќи вака нејзини верни „чувари“. Македонија, како што сум истакнал уште пред четврт век во мојата книга „Назапирливиот народ“ (1992), е мултиетничка, мултикултурна и мултиверска држава и може да опстане само како таква, а не

Погодена тема, промашен пристап

на 17. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Жителите на Шутка не сакаат базен, бараат гинеколог

Скопје, 10 февруари – Општина Шутка има околу 8.000 жени, но ниту еден гинеколог да им служи, се жалат жителите на оваа општина, кои се револтирани со владиниот план да се потрошат 700.000 евра за изградба на базен во оваа општина. „Ние имаме толку многу проблеми, што да се има базен не претставува никаква предност. Парите потрошени за базенот може да се користат за да се решат многу поакутни проблеми, како што е, на пример, вработување на еден гинеколог“, велат од Женската иницијатива на Општина Шутка, пренесува „Журнал“. Бремените жени од оваа општина често се породуваат во домашни услови и смртноста на новороденчињата е многу повисока отколку кај другиот дел

За „тајните“ на Али Ахмети се потребни факти, а не иронија

на 8. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Каква „тајна“ има Али Ахмети што не мрда од место кога го спомнува Билал Касами!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Зиг-заг“, кога и да го спомнеше името на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, се помрднуваше од своето столче. Според коментарите по социјалите мрежи, Ахмети можеби го фаќа немир кога го спомнува Касами, затоа што него го „плаши“ успехот на Беса. https://www.facebook.com/gostivari24/videos/1528235563883185/  

[Рецензија: Каква „тајна“ има Али Ахмети што не мрда од место кога го спомнува Билал Касами!]

Ова е една вест, која е на граница да наликува на вест. Ваков е текстот што го рецензираме. За лоша среќа на читателите, написот не содржи ништо важно. Кој и да мислел дека со овој краток текст

Ако министерот „спие“, новинарот не мора да паѓа во „делириум“

на 2. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани

Полициската станица во Берово поднела кривична пријава против Д.Б. (51) од Штип поради постоење на сомнеж за вршење кривично дело – загрозување на животот, пренесува „Тетова1“. Во вторник обвинетата преку пораки испратени од мобилен телефон му се заканила на директорот на училиштето во кое учи нејзиниот внук. Обвинетата го извршила ова дело поради тоа што наставниот совет одлучил нејзниот внук да се префрли од една во друга паралелка. /Тетова 1/  

[Рецензија: Хаос по училиштата, министерот Пиштар Лутфиу спие, директорот добива закани]

Еден извор не е доволен за да се напише еден новинарски производ. Професионалните новинари секогаш се повикуваат на сите страни спомнати во написот, за нивниот пристап

Нерелевантна вест со потценувачка заднина за Орхан Ибраими

на 1. 02. 2017 | | sq

Напис: Еве што прави сега поранешниот пратеник на ДПА, Орхан Ибрахими

Поранешниот најгласен пратеник на ДПА од претходниот мандат, Орхан Ибрахими, кој не успеа да собере доволно гласови за уште еден мандат, сега остана невработен. Тој една година ќе добива апанажа (плата) од Собранието на Македонија. Дотогаш има време да ја игра познатата албанска игра „ОКЕЈ“.  

[Рецензија: Еве што прави сега поранешниот пратеник на ДПА, Орхан Ибрахими]

Веста честопати зборува и меѓу редови. Доколку прашањето за кое информираме опфаќа повеќе димензии, постои ризик да се изгуби смислата на веста. Текстот што го рецензираме, на прв поглед (од насловот), изгледа дека навистина информира за дејност на спомнатиот поранешен пратеник. Меѓутоа, во текстот има тенденција и се пренесува друга порака. „Поранешниот

Анализа: „Десоросоизацијата“ и медиумите на албански јазик во Македонија

на 27. 01. 2017 | | sq
   

Анализата за „десоросоизацијата“ и медиумите на албански јазик во Македонија е новинарско истражување кое го анализира известувањето на дел од медиумите за ова прашање, вклучувајќи го и мислењетo на експертите или професионалните новинари.


  Пишува: Aдриан Керими   Кампањата на партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, против Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (или против „Сорос“), не ги остави недопрени ниту медиумите. Реално кажано, ова не беше непознато прашање за јавноста, но

Пропагандата се крие зад непрофесионалното новинарство

на 17. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Каде се крие Муки?

Пратеникот Aлбанец од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири, пред да даде заклетва во Собранието на Македонија, тврдеше дека ќе ги оствари сите дадени ветувања за време на предизборната кампања. Цитирајќи го пророкот Мухамед, тој исто така вети дека ќе ја зборува вистината и само вистината, известува новинската агенција ИНА. Зекири вети официјализирање на албанскиот јазик, но кога почнаa математиките за составување влада, тој е молчелив како никогаш порано. Чудниот молк на СДСМ кон албанската платформа ги зачуди Aлбанците во Македонија, кои ѝ дадоа повеќе од 50.000 гласови. (ИНА)  

[Рецензија: Каде се крие Муки?]

Новинарите се должни да ги знаат и да ги почитуваат начелата на функционирањето, како во новинарството, така и во политика.

Едностраноста и непрофесионализмот немаат рогови

на 13. 01. 2017 | | sq

 

Напис – Дискриминацијата нема рогови: За албанските населби автобуси на два часа, за кај Mакедонците на секои 15 минути!

За да се види дека Aлбанците во Македонија се дискриминирани, не е потребно некое големо истражување. Доволно е да се погледне рапоредот на jавниот превоз и веднаш ќе видите една реалност на секојдневниот живот, која е горчлива, но со која Aлбанците се соочуваат со голема мака. На еден жител од Студеничани му се случило да чека автобус полни два часа, додека, пак, автобуси кон населбите со Mакедонци поминуваат на секои 15 минути. „Во македонските населби, претпријатието за јавен транспорт има на располагање автобуси на секои 15 минути, а за албанските населби не само што се ретки, туку се случува за

Тајните средби се разоткриваат со факти и со докази

на 12. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Тајна средба меѓу Ахмети и Груевски за новата влада

Tајна средба се одржа меѓу лидерите на партиите на власт ВМРО – ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, вечерва во Скопје, пишува „Факте“. Според изворите на порталот, средбата што завршила пред еден час меѓу владините партнери дошла по преговорите на работните групи од двете партии во изминатите денови и за кои сме известиле претходно. Според информациите, двајцата лидери ги анализирале заедничките позиции постигнати од групите од двете партии и ги процениле понатамошните чекори. Инаку, од ДУИ изјавија дека не почнале преговори со ниедна македонска партија (ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ), и дека продолжува координацијата со другите албански парламентарни субјекти, акт кој беше поддржан и од премиерот на Албанија, Еди Рама. /Факте/

Вест „стопена“ во коментари со тенденциозен пристап

на 9. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Дали се „топи“ движењето Беса во Дебар

Новиот политички субјект, движењето Беса, кој изненади со својот резултат на изборите во Македонија, немаше ист резултат и во Дебар, каде што се нареди како четврта сила пред која се СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ. Во разгранокот на движењето Беса во Дебар се појавило незадоволство меѓу членовите на раководството и на нејзините основачи кон актуелниот претседател на разгранокот, кого го обвинуваат дека дејствува диригиран од некој друг, „претседателот во сенка“, за кого велат дека игра двојна улога, а диригираниот претседател, кога станува збор за лични прашања, позицијата на претседател ја меша со диктаторските системи, „не прашувајќи за ничие мислење“. За подетални информации и текот на настаните ќе бидете информирани

Претплатете се за најнови вести