verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест „стопена“ во коментари со тенденциозен пристап

on 9 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-195-a-po-shkrihet-levizja-besa-ne-diber-i-ilirianews_-https___ilirianews-mk_

 

Напис: Дали се „топи“ движењето Беса во Дебар

Новиот политички субјект, движењето Беса, кој изненади со својот резултат на изборите во Македонија, немаше ист резултат и во Дебар, каде што се нареди како четврта сила пред која се СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ.

Во разгранокот на движењето Беса во Дебар се појавило незадоволство меѓу членовите на раководството и на нејзините основачи кон актуелниот претседател на разгранокот, кого го обвинуваат дека дејствува диригиран од некој друг, „претседателот во сенка“, за кого велат дека игра двојна улога, а диригираниот претседател, кога станува збор за лични прашања, позицијата на претседател ја меша со диктаторските системи, „не прашувајќи за ничие мислење“.

За подетални информации и текот на настаните ќе бидете информирани во наредните денови.

 

[Рецензија: Дали се „топи“ движењето Беса во Дебар]

Да се направи вест со коментари, значи да се известува за личното мислење, без докази, извори или факти. Рецензираната вест е тенденциозна, еднострана и неаргументирана. Во ниту една реченица од текстот не се докажува тоа што се тврди во текстот.

Новинарите, пред да ја информираат јавноста, првин треба да се информираат себеси. Во случаи кога во текстот има повеќе страни, тогаш, како што сме истакнале многупати досега, новинарот мора да ги опфати сите страни.

„Новиот политички субјект, движењето Беса, кој изненади со својот резултат на изборите во Македонија, немаше ист резултат и во Дебар, каде што се нареди како четврта сила пред која се СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ“.

Текстот не почнува од веста, туку од дополнителните информации. Првиот пасус на овој текст, според правилата на пишување во новинарството, е последниот дел кој може да му се додаде на еден напис.

a-po-shkrihet-levizja-besa-ne-diber-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „ Дали се „топи“ движењето БЕСА во Дебар

Датум и време на објавување: 28.12.2016

Датум на рецензирање: 29.12.2016

Рецензент: Адриан Керими

Во текстот е зборувано и е озборуван еден политички субјект, но во ниту еден дел нема официјален став од тој субјект. Ако во еден напис има обвинувања за една личност која е на одредена позиција во споменатата партија, тогаш потребно е да се напише и името, затоа што читателот треба да се информира до крај за тоа што се случува. Новинарот не смее да информира поаѓајќи од хипотетички околности и на несеопфатен начин.

„Во разгранокот на движењето Беса во Дебар се појавило незадоволство меѓу членовите на раководството и на нејзините основачи кон актуелниот претседател на разгранокот, кого го обвинуваат дека дејствува диригиран од некој друг, „претседателот во сенка“, за кого велат дека игра двојна улога, а диригираниот претседател, кога станува збор за  лични прашања, позицијата на претседател ја меша со диктаторските системи ’не прашувајќи за ничие мислење’“.

За да се потврди овој раздор или, пак, можните индикации за соединување на една партија со друга, требало да се обезбедат ставови, макар и од личности непознати на јавноста, односно од членовите на разгранокот. Ако два или повеќе членови го потврдеа ова незадоволство во разгранокот, тогаш новинарот  ќе имаше причина повеќе да истражува за да ја информира јавноста и електоратот за вистината и за причините за незадоволството во разгранокот на движењето Беса во Дебар.
За жал, текстот не е развиен во оваа насока и како таков не може да се нарече новинарски напис, туку едноставно една тенденциозна содржина со непрофесионален пристап  која има политичка заднина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

можеби

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести