verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулативен, тенденциозен и оцрнувачки текст

on 9 - 01 - 2017       

 

infomax

[Рецензија: ДНО ОД ЧОВЕК: Маричиќ на платен список на Сорос, заработува милиони и излегува да го критикува интервјуто на Груевски во улога на експерт!]

 

Во текстот што го рецензираме се изнесуваат лични навреди и обвинувања за директорот на Центарот за европско образование (МЦЕО), Бојан Маричиќ, без да бидат понудени факти за тоа. Насловот е тенденциозен и ја дезинформира јавноста во однос на заработките на Маричиќ бидејќи за „милионските суми“ нема докази, туку само бројки, податок за кој не се знае од каде потекнува. Директорот на МЦЕО е претставен и како критичар на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, што, всушност, е поводот и за овој дискредитирачки напис. Кон Маричиќ се упатуваат и лични навреди, при што во насловната конструкција тој  се нарекува „дно од човек“.

maricicЛинк до оригиналниот напис: ДНО ОД ЧОВЕК: Маричиќ на платен список на Сорос, заработува милиони и излегува да го критикува интервјуто на Груевски во улога на експерт!

Датум и време на објавување: 04.01.2017

Датум на рецензирање: 09.01.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

ИРЕЛЕВАНТНО ОБЈАСНУВАЊЕ

На почетокот, текстот дава објаснување кој е Бојан Маричиќ, ирелевантно претставувајќи го како нечиј сопруг и како учесник во „Шарената револуција“. Притоа, за фондацијата на која што Маричиќ во моментот е директор се вели дека е продолжена рака на Сорос, но нема факти што ќе го поткрепат ова тврдење, односно нема докази за изворот на финансирањето на Центарот.

„Бојан Маричиќ, сопруг на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева беше еден од најактивните демонстранти на „Шарената револуција“. Маричиќ, инаку бил вработен во Фондацијата на Сорос, а сега е извршен директор на Центарот за европско образование (МЦЕО) која е соросова продолжена рака“.

Во овој дел од текстот имаме дезинформирање на јавноста, бидејќи протестите на „Шарена револуција“ не беа насилни, а нема докази ниту за тоа дека е „дебело платен“ за она за што, наводно, одработувал. Притоа не се кажува ниту што точно одработувал. За бројките во однос на бруто-приходите, нема документи кои ќе ги потврдат, така што читателите не можат точно да утврдат дали се работи за тие суми или не. На овој начин, овие информации се во сферата на шпекулациите бидејќи бројките сами по себе ништо не значат ако немаат поткрепа.

„За време на насилните протести на „Шарената револуција“ Маричиќ секојдневно го одработуваше она за што е дебело платен. А дека е навистина е дебело платен, уште тогаш беше објавено дека само во 2014 година од соросовата Македонски центар за европско образование земал бруто приходи од неверојатни 1 252 789 денари, додека пак во 2015 година инкасирал дополнителни околу 860 илјади денари“.

 

ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА

Понатаму во текстот Маричиќ е претставен како „фабрикуван експерт од лабораторијата на Сорос“. На неговата компетентност како експерт му се „налепува“ припадност така што забележлив е обидот да се дискредитира и како личност и како професионалец. Текстот не нуди одговор каква е таа „лабораторија на Сорос“ од која произлегуваат „фабрикувани експерти“, меѓу кои се става и Маричиќ. Во овој дел од текстот, всушност, се наведува и причината зошто еден спинерски текст е насочен кон директорот на МЦЕО, бидејќи тој го коментирал интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за „Република“. Изјавата на Маричиќ, но и „гревот“ на  телевизијата која се споменува да ја пренесе истата, е повод Маричиќ во насловот да се нарече „дно од човек“.

„Истиот тој Маричиќ, “фабрикуван“ експерт од лабораторијата на Сорос, повторно ја одработува својата дебела плата, овој пат коментирајќи го интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Па Маричиќ ќе каже: По секои избори Груевски има нов непријател.За да биде иронијата уште поголема, изјавата ја снима и пренесува Телма, која со ова на дело го потврдува она што Груевски го кажува во интервјуто за тоа како функционира дуото „Сорос-СДСМ“.“

Текстот е политички пристрасен и едностран, но истовремено оцрнува и дискриминира личност која не е истомисленик со лидер на политичка партија. Во него се нудат многу дезинформации и шпекулации со што се врши лична навреда кон Маричиќ и неговата професионалност. Насловот, но и текстот се тенденциозни, во одбрана на став на политичар даден во интервју, чиј дел е изваден од контекст и ставен како „поткрепа“ за тврдењата кои се изнесуваат за Маричиќ, бидејќи други факти недостигаат.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести