verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нерелевантна вест со потценувачка заднина за Орхан Ибраими

on 1 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 242 - Ja çfarë bën tash ish-deputeti i PDSH_ - http___www.shqipmedia.com_ja-cfare

Напис: Еве што прави сега поранешниот пратеник на ДПА, Орхан Ибрахими

Поранешниот најгласен пратеник на ДПА од претходниот мандат, Орхан Ибрахими, кој не успеа да собере доволно гласови за уште еден мандат, сега остана невработен. Тој една година ќе добива апанажа (плата) од Собранието на Македонија. Дотогаш има време да ја игра познатата албанска игра „ОКЕЈ“.

 

[Рецензија: Еве што прави сега поранешниот пратеник на ДПА, Орхан Ибрахими]

Веста честопати зборува и меѓу редови. Доколку прашањето за кое информираме опфаќа повеќе димензии, постои ризик да се изгуби смислата на веста. Текстот што го рецензираме, на прв поглед (од насловот), изгледа дека навистина информира за дејност на спомнатиот поранешен пратеник. Меѓутоа, во текстот има тенденција и се пренесува друга порака.

„Поранешниот најгласен пратеник на ДПА од претходниот мандат. Орхан Ибрахими, кој не успеа да собере доволно гласови за уште еден мандат, сега остана невработен“.

Манипулирањето со јавноста не е информирање, туку прекршување на професионалните начела. Преку текстот не е пренесена информација, туку е направен обид преку камуфлирана вест, во  чија заднина се крие иронија, да се привлечат што повеќе читатели.

Ja çfarë bën tash ish deputeti i PDSH screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Еве што прави сега поранешниот пратеник на ДПА, Орхан Ибрахими

Датум и време на објавување: 26.01.2017

Датум на рецензирање: 27.01.2017

Рецензент: Адриан Керими

Во текстот се тактизирало со ефектот на веста. Веста почнува со наводно симпатизирање на главниот лик, а завршува со едно, наводно, новинарско подбуцнување, но ни малку на конструктивен и на професионален начин.

„Тој една година ќе добива апанажа (плата) од Собранието на Македонија. Дотогаш има време да ја игра познатата албанска игра ’ОКЕЈ’“.

Доколку редакцијата навистина била заинтересирана да информира за актуелната дејност на поранешниот пратеник, ова можела да го направи прашувајќи го него директно. Коментарите дека поранешниот пратник Ибрахими, дека како последица на губењето на изборите останал без работа, дека една година ќе добива апанажа и дека дотогаш ќе игра „ОКЕЈ“, не се елементи на вест. Тие не треба да се кажуваат од новинарите во информативна содржина. Таквите проценки и зборови може да им припаѓаат на политичката конкуренција или, на крајот на краиштата, на самата јавност.

Текстот, со прикачената фотографија, би можел да биде информација дека поранешниот пратеник се гледа во друштво на неговите сограѓани, на пример. Исто така, прашањето за невработеноста на Ибрахими не е третирано на професионален начин, бидејќи тој, ако не друго, секако ќе биде ангажиран како заменик-претседател на ДПА.

Ваквите елементи и отсуството на обид да се побара став од самиот Ибрахими за кое било прашање за кое „информира“ текстот, го прави написот тенденциозен и едностран, со можни политички цели и заднина, при што, еден поединец се дикредитира и се потценува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести