verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Вест, коментар, став на редакцијата или лично мислење?

на 22. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Комуникацијата на ДУИ со медиумите е „мртва“?! Како начин на информирање го избрале „Фејсбук“! 

Скопје, 16 септември–Пред неколку дена во дневниот македонски весник „Дневник“ беше објавена веста дека Заев повторно ја афирмира понудата за вонсобраниските албански партии за коалиција за уривање на власта на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Ова го нагласил и самиот Заев во едно интeрвју за „Нова ТВ“. Медиумите дури напишале и дека ДУИ отфрлила секаков вид предизборна соработка со СДСМ. Потоа се вели дека од партијата на Ахмети му порачуваат на Заев дека коалиција со македонска партија е можна само доколку се подржуваат позициите на ДУИ за отворените прашања од Охридскиот договор. Но, анализирајќи го последниот пасус „од партијата на Ахмети на Заев му порачуваат

Тенденциозен наслов, едностран текст, нецелосна вест!

на 20. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Кога има земјотрес, стражарите во Идризово излегуваат надвор, затворениците остануваат внатре (ФОТО)

Еден вознемирен затвореник испратил неколку слики до адресата на порталот „Тетовасот“, на кои се гледаат затворениците внатре, во една затворска ќелија, за време на синоќешниот земјотрес околу 1 часот и 32 минути, со локална магнитуда од 3,2 степени според Рихтер. Затворениците испратиле писмо во кое пишуваат дека се наоѓаат на четврти кат и секогаш кога има земјотрес, стражарите излегуваат надвор, а тие остануваат внатре.  „Се наоѓаме на четврти кат зад затворени врати. Секогаш кога има земјотрес, стражарите бегаат надвор, а ние затворениците остануваме зад затворени врати. Би ве замолил, во име на Господ, ако имате душа, пишувајте нешто за нас, затоа што сме многу лошо, тие

Личното мислење не е основа за вест

на 16. 09. 2016 | | sq

 

Напис:  Македонија на пат кон една албанско-македонска предизборна коалиција?

Во едно мултиетничко општество, неопходна е меѓусебната соработка на политичките партии на разните ентитети, но во Македонија сме далеку од ова. Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека по предолгата политичка криза, добро би било да се формира една предизборна коалиција меѓу партиите на Aлбанците и партиите на Mакедонците.  „Во овие услови мислам дека оваа иницијатива ќе ја зголеми можноста за победа на опозицијата на следните парламентарни избори. Ова ќе ги подобри меѓуетничките односи во земјата“, истакнува Рамадани. По изборите, победничката партија од македонскиот табор прави коалиција со партиите на Aлбанците. Според Рамадани, ова значи дека постои простор за една предизборна коалиција. (ИНА)  

[Рецензија: Македонија на пат кон една албанско-македонска предизборна

Професионално незавршена вест

на 9. 09. 2016 | | sq

 

 

Напис: Срам за Мола Сула и за Изет Меџити, џамијата не се гледа никаде

Ветената џамија пред две години во Топанско Поле не се гледа никаде. Таму е останат само камен-темелникот на светата куќа, промовиран неодамна со помпезност од надлежните власти, пренесува „Факте“. Еден читател на агенцијата за вести ИНА, испратил неколку фотографии од местото на настанот. За ова невнимание тој ги обвинува поглаварот на ИВЗ, Мола Сула, и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. „Срам за ИВЗ со Мола Сула и за градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кои веќе две години го зафатиле паркот и до ден денес не направиле ниту една работа. Овие двајца прават само маркетинг со оваа џамија“, пишува револтираниот граѓанин. /ИНА-онлајн.   [Рецензија:

Шпекулациите без факти не се професионално новинарство

на 9. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Дали Мухамед Зеќири се спрема да се кандидира за пратеник?

Скопје, 30 август – Утре се очекува да се одржи средбата на лидерите на четирите главни политички партии во земјава, на која, според последните информации, ќе се констатираат двата главни исполнети услови, формирање на ад хок комисијата и прочистувањето на избирачкиот список. Се очекува лидерите да излезат со став за одредувањето на датумот на изборите, што најверојатно се очекува да биде 11 декември оваа година, известува „Журнал“. Од друга страна, партиите почнале да ги прават нивните регрупирања и разговорите за формирање на листите за тоа кој кандидат ќе го претстават пред гласачкото тело како претставник на народот што ќе ги штити нивните права во највисокото законодавно тело во

Лош наслов, тенденциозност и во содржината

на 1. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“, „Ќимо“ и „Вечниот министер“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има цел да направи чистка во раководството и во највисоките партиски органи пред предвремените избори. Партиски извори велат за ИНА дека меѓу разрешените ќе бидат функционерите ветерани што последниве години држеле високи партиски позиции и преку нив придобиле и владини функции. Меѓу нив се спомнуваат и Рафис Алити, Абдилаќим Адеми, Садула Дураку, Фатмир Бесими што е познат како „вечниот министер“, но и други локални шефови што биле несменети во партијата. „Се очекува да се случат промени за да се освежи партијата и, секако, ќе си одат тие што досега биле дел од  ДУИ и имале високи позиции. Сега е редот на

Медиумите доцна му ги избришаа солзите на ДУТ

на 26. 08. 2016 | | sq

Новинарите во овој случај не известија дека токму образованието се политизира и се „економизира“, туку дека Скопје ќе има уште еден универзитет и дека ДУТ ќе биде во втор план. Колку за дополнителна информација, вреди да се спомене фактот дека идејата за основање нов универзитет се роди по потфрлувањето на обидите за реформирање на ДУТ, кој е задушен од партиските кадри

  Пишува: Адриан Керими

Кога веќе сè заврши и

Новинарскиот скандал поголем од политичкиот

на 26. 08. 2016 | | sq

 

Напис – Скандалозно/ Министерот за образование, Пиштар Лутфиу, „неписмен“: Касарната (алб. Казерма) ја нарекува на словенски „касарна“

Пиштар Лутфиу, еден непознат кадар што веќе неколку месеци ја врши функцијата министер за образование и наука, покажува колкаво е неговото интелектуално ниво и неговата професионална подготвеност за да го води ова клучно министерство. Ова го покажува и неговиот речник каде тој касарната (алб. казерма) ја нарекува „касарна“ што е словенски збор, известува ИНА. „На Универзитетот „Мајка Тереза“ му е доделена земја кај касарната „Илинден“. Во тек е подготовка на планот и со буџетот од 2017 година верувам дека ќе почнат и градежните работи за овој објект кај касарната“, рече тој денеска за време на откривањето на плановите за Универзитетот „Мајка Тереза“.

Пропагандистичка збрка што се претставува како вест

на 24. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Градоначалникот на Липково, Дураку, продолжува со реализација на ветувањата, ги  реконструира сите училишта, улиците…

Градоначалникот на Општина Липково, Садула Дураку продолжува со реализација на големите ветувања. Меѓу најважните реализации е проектот за реконструкција на сите основни училишта во Општина Липково, каде што ќе се постават нови и поквалитетни прозорци, ќе се инсталира централно греење, ќе се постави ламинат во училниците итн, со што основните училишта ќе бидат на ниво на европските стандарди. Работите во оваа насока се очекува да завршат во што пократок рок и од септември учениците ќе ги најдат нивните училници во одлични услови. Исто така, во рамките на овие реформи, продолжува и средувањето на дворот на средното училиште „Исмет Јашари“ во Липково, каде што работите

Коментарите не се дел од веста!

на 19. 08. 2016 | | sq

 

Напис: На опозицискиот совет не му се слушна гласот. Ни збор за Хасанбег?!

Поплавите што ги зафатија албанските населби, било во Скопје или Тетово, предизвикаа реакции кај многу политички актери, разни организации од земјава, од странство и други. Предизвикаа реакции кај многу соседни власти, Косово и Албанија, но и од функционери од Брисел, но не и од еден совет што се нарекува себеси Опозициски совет во Македонија. Од нив не само што не видовме да посетат и да видат што се случило во поплавените села и населби во албанските средини, но не најдоа време ни декларативно да речат два-три збора за оваа тешка трагедија што заврши со 20 жртви. Би рекле: Тие се активни само во организирање протести, но

Претплатете се за најнови вести