verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулациите без факти не се професионално новинарство

on 9 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-14-a-po-pergatitet-muhamed-zeqiri-per-te-kandid_-http___www-zhurnal-mk_content_

 

Напис: Дали Мухамед Зеќири се спрема да се кандидира за пратеник?

Скопје, 30 август – Утре се очекува да се одржи средбата на лидерите на четирите главни политички партии во земјава, на која, според последните информации, ќе се констатираат двата главни исполнети услови, формирање на ад хок комисијата и прочистувањето на избирачкиот список. Се очекува лидерите да излезат со став за одредувањето на датумот на изборите, што најверојатно се очекува да биде 11 декември оваа година, известува „Журнал“.

Од друга страна, партиите почнале да ги прават нивните регрупирања и разговорите за формирање на листите за тоа кој кандидат ќе го претстават пред гласачкото тело како претставник на народот што ќе ги штити нивните права во највисокото законодавно тело во земјата.

Овие листи се очекува да донесат големи новости за јавноста, поради фактот што регрупирањата по партии се најразлични, како во албанскиот блок така и во македонскиот, што ќе биде изненадување само по себе.

Како што дознава неофицијално „Журнал“, повлекувањето од ТВ „Шења“ деновиве, изгледа, ќе донесе новости и во професијата на Мухамед Зеќири, кој според сите информации, се подготвува да ги бара гласовите на народот, но во кој блок? Во последно време него сме го виделе многу блиску и рамо до рамо со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, така што не е воопшто чудно ако тој излезе како кандидат за пратеник на страната на СДСМ.

Поради самиот факт што неговото име пред неколку месеци беше озборувано како кандидат за министер за внатрешни работи што требаше да биде предложен од страна на опозицијата, неговото кандидирање во македонскиот блок за да побара албански гласови нема да нè чуди.

 

[Рецензија: Дали Мухамед Зеќири се спрема да се кандидира за пратеник??]

Пред да се подготви една вест, новинарот треба да се подготви себеси за тоа што ќе стави во својот напис. Собирањето на информациите, ставовите и на релевантните извори, подразбира подготовка за да се информира јавноста. Меѓутоа, не е за чудење фактот дека се произведуваат вести и без овие елементи, каде може и да се даваат заклучоци без никаква основа или доказ, дури и без ставот на тие за кои се пишува. Таков е текстот што го рецензираме, со тенденција и со ставови или лични мислења пренесени како факти.

Никогаш не треба да се оспори тоа што новинарот можеби го знае, но сè додека не го потврди со докази, имаме работа со можност за шпекулација, клевета или тенденција за нарушување на имиџот на една јавна личност, како што е и во овој случај.

„Од друга страна, партиите почнале да ги прават нивните регрупирања и разговорите за формирање на листите за тоа кој кандидат ќе го претстават пред гласачкото тело како претставник на народот што ќе ги штити нивните права во највисокото законодавно тело во земјата. Овие листи се очекува да донесат големи новости за јавноста, поради фактот што регрупирањата по партии се најразлични, како во албанскиот блок така и во македонскиот, што ќе биде изненадување само по себе“.

Во прашањето поставено на насловот, авторот прашал дали Зеќири се подготвува да се кандидира за пратеник. Во овој случај, насловот не е добро осмислен, бидејќи тој што дава одговоро на прашањата на јавноста и одговара на јавниот интерес е новинарот, а не читателот. Од оваа вест, наводно, авторот очекува по читање на веста, да му се коментира со „да“ или „не“, бидејќи во овој случај авторот е тој што поставува прашање!

A po përgatitet Muhamed Zeqiri screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Дали Мухамед Зеќири се спрема да се кандидира за пратеник?

Датум и време на објавување: 30.08.2016

Датум на рецензирање: 01.09.2016

Рецензент: Адриан Керими

Веста можеби и е вистина, но сè додека не ја потврдиме со сигурен извор или доказ, не сме направиле ништо. Поради ова, новинарот го поседува најсилното оружје на светот, прашањето. Во овој случај, тој е обврзан да ги праша, како Зеќири, така и СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев. Барем во текстот, не се вели или индицира дека се побарал став од главните ликови.

„Како што дознава неофицијално „Журнал“, повлекувањето од ТВ „Шења“ деновиве, изгледа ќе донесе новости и во професијата на Мухамед Зеќири, кој според сите информации, се подготвува да ги бара гласовите на народот, но во кој блок? Во последно време него сме го виделе многу блиску и рамо до рамо со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, така што не е воопшто чудно ако тој излезе како кандидат за пратеник на страната на СДСМ. Поради самиот факт што неговото име пред неколку месеци беше озборувано како кандидат за министер за внатрешни работи што требаше да биде предложен од страна на опозицијата, неговото кандидирање во македонскиот блок за да побара албански гласови нема да нè чуди“.

Новинарот не смее со тврдења и со лични мислења да направи вест и таа вест да му ја наметне на читателот како аргумент. „Личните мислења не смее да се објавуваат како факти“, наведуваат етичките правила. Јавноста, доколку се чуди од делата и од одлуките на поединците, има повеќе причини да се чуди од неаргументираното и целосно непрофесионално новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Половично

непотврдени

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

не се исклучува, можноста

не се исклучува можноста

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести