verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Јавноста е „закон“, а не новинарот!

на 25. 12. 2015 | | sq
Новинарот не е тој што треба да му даде етичка конотација на настанот. Сè што треба да направи еден професионален новинар е да известува. Елементите и деталите што ни ги носи новинарот преку својот напис, се основа според која јавноста ќе оценува или ќе вреднува дали едно дело или однесување е позитивно, негативно, добро, лошо, срамно или етичко. Линк до оригиналниот напис: „ „Срамна“ сообраќајна тепачка” Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензирање: 19.12.2015 Рецензент: Адриан Керими Рецензираната вест е тенденциозна и омаловажувачка, затоа што авторот без никакво право категоризира. Станува збор за еден конфликт кој, ако беше вистинит, би требало да се потврди од полицијата. Ако веста била за тепачка што следувала по една сообраќајна несреќа, тогаш

Колку повеќе факти, толку повеќе доверба!

на 5. 12. 2015 | | sq
  [Рецензија: Писмо од затвор на припадник на Кумановската група (Документ)]   Новинарот има задача секој текст да го поддржи со факти и со непобитни докази. Непроверените сомнежи се резултат на невниманието на новинарот при известувањето. Веста што ја рецензираме не го прецизира изворот. Новинарот вели дека писмото е објавено од еден член на семејството, но јавноста би имала поголема доверба доколку новинарот би го прецизирал изворот (лицето) што го објавил писмото. Тоа го прави и новинарот објективен и читателот добро информиран. Едно писмо кое создава внимание во јавноста може да биде основа за новинарски напис и со право може да се анализира. Но, потоа треба да следи истражувањето и проверката. Линк до оригиналниот напис: „Писмо од затвор на припадник

Критиките без аргументи немаат тежина

на 30. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Политизиран празник, Музејот на Азбуката подели пенкала со боите на ДУИ]

  Националните активности и празници сè уште се од голем интерес за албанската јавност. Истовремено, поврзувањето на овие настани со политиката во време на длабока политичка криза, побудува двоен интерес. Но, тоа не треба да се злоупотреби од новинарите за да се направат сензационални вести кои немаат тежина. Линк до оригиналниот напис: “Политизиран празник, Музејот на Азбуката подели пенкала со боите на ДУИ” Датум и време на објавување: 22.11.2015 Датум на рецензија: 23.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими   ТЕКСТ БЕЗ ИЗВОРИ Овој напис уште во самиот наслов констатира дека одбележувањето на Денот на албанската азбука во Битола (22 ноември 2015 година), бил „политизиран празник“, и дека „Музејот

Непотврдената загриженост останува сомнеж

на 28. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Полицијата малтретираше неколку членови на семејствата на Кумановската група]

  Поплаките што ги добива новинарот од неговите соговорници, треба да ги прецизира за веста да одразува доверливост. Непроверувањето на изјавите и на обвинувањата доведува до неточна вест. Истовремено, обвинетата страна има право на изјаснување и во случај да биде игнорирана, новинарот испаѓа едностран. Линк до оригиналниот напис: Полицијата малтретираше неколку членови на семејствата на Кумановската група Датум и време на објавување: 18.11.2015 Датум на рецензија: 19.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими Веста што ја рецензираме не ја утврдува веродостојноста на изјавите со ниеден доказ и како таква останува жртва на непрецизирањето. Читателот не може да забележи примеси на веродостојност во оваа вест. „Во неделата, македонската полиција малтретирала неколку члена на

Чаршиските муабети не можат да се претворат во вести

на 28. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Различна боја, ист дрес]

  Не сите активности на политичките личности се од јавен интерес, но кога медиумите ги пренесуваат, тоа треба да го направат на професионален начин. Тоа треба да се направи објективно, избегнувајќи го коментирањето на настанот и неговото трансформирање во промотивен текст. Меѓутоа, не треба да се направи и спротивното, т.е. да се искористи моментот за да се иронизира настанот и да се дефокусира вниманието. Линк до оригиналниот напис: Различна боја, ист дрес Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензија: 20.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими Текстот со право се занимава со можното заминување на Ермира Мехмети од ДУИ, кое и самата го навести како можност. Поврзувањето на ова прашање со фотографијата, колку и да

Заклучоците бараат факти

на 20. 11. 2015 | | sq
[Рецензија: Андреј Петров и СДСМ вработуваат луѓе со фалсикуувани дипломи во Општина Карпош]   Веста што е изработена во недостиг од извори и од цитирања претставува шпекулација. Заклучоците што ги извлекува новинарот во еден професионален новинарски напис треба да бидат поткрепени со факти и со цврсти докази. Веста што ја рецензираме не е заснована врз ниту еден извор и како таква во содржината нема ниту едно цитирање. Линк до оригиналниот наслов: Андреј Петров и СДСМ вработуваат луѓе со фалсикуувани дипломи во општина Карпош Датум и време на објавување: 16.11.2015 Датум на рецензија: 17.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими Во овој случај се обвинуваат субјекти и лица, но новинарот не побарал став од ниту една страна што е опфатена во овој текст. „Од

Без информација и без структура – нема вест

на 18. 11. 2015 | | sq
  [Рецензија: Падна предлог-законот за амнестија?]   Целосната вест е продукт на професионалното новинарство. Ако таа се претставува без да се почитуваат основните правила на вистинското новинарство, тогаш имаме напис, меѓутоа не новинарски. Веста што ја рецензираме е незавршена и нема структура. Како таква не ги исполнува потребите на јавноста. Линк до оригиналниот напис: „Падна предлог-законот за амнестија?„ Датум и време на објавување: 12.11.2015 Датум на рецензија: 13.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими Веста е направена врз основа на еден пост на „Фејсбук“ на еднo од најкомпетентните лица за разгледување на темата на правата на затворениците. Но, читателот што не е запознаен со иницијативата за промена во Законот за амнестија, не разбира за што известува новинарот во овој напис. „Активистката за заштита

Интересно, но без структура

на 10. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: Незири сега вели дека ДУИ не излегува од Владата]

  Прашањата од интерес за јавноста треба да се обработат на што е можно поконцизен начин. Кога новинарот е со тенденција да ги исполни потребите на читателите, особено за темите што се поврзани со политичката криза, освен на тоа да ја информира правилно јавноста, треба да внимава и на тоа преку веста да не биде погрешно разбран од читателите. Линк до оригиналната вест: Незири сега вели дека ДУИ нема да излезе од Владата Датум и време на објавување: 04.11.2015 Датум на рецензија: 05.11.2015 Рецензент: Aдриан Керими Веста што ја рецензираме, обработува една актуелна и влијателна тема, но немањето структура ја загрозува нејзината важност. „За да донесе таква одлука ДУИ си

Не се уапсени три лица

на 4. 11. 2015 | | sq
  [Рецензија: Уапсени три лица на денешната полициска акција во Диво насеље]   Чувствителните информации што се пласираат во етерот без да се проверат, претставуваат клевети и ѝ штетат на професијата. Известувањето, не повикувајќи се на надлежните органи за случаи како што се полициските акции и билансот на уапсени, може да биде привлечно за читателите, но тоа има краткотраен ефект бидејќи бргу се дознава вистината. Линк до оригиналниот напис: Уапсени три лица на денешната полициска акција во Диво насеље Датум и време на објавување: 28.10.2015 Датум на рецензија: 29.10.2015 Рецензент: Aдриан Керими Веста што ја рецензираме не (дез)информира за упасени лица, но не е базирана на факти и новинарот не го потврдува апсењето на трите лица. Вториот пасус со посебен

Пример за тоа како не се пишува вест

на 24. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Фатмир Дехари го критикува министерот на ДУИ и Владата!]

  Недостигот од структура во веста, прави таа да биде многу нејасна за читателот. Следствено, тој не се информира правилно. Веста што ја рецензираме информира за едно прашање од голем интерес за јавноста, но како таква, таа е празна и на јавноста не ѝ ги нуди потребните елементи за таа на крај да биде информирана како што треба. Линк до оригиналниот напис: Фатмир Дехари го критикува министерот на ДУИ и Владата! Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензија: 16.10.2015 Рецензент: Aдриан Керими Насловот е многу општ и имајќи го предвид тоа што подолго време се пишува по медиумите, читателот добива впечаток како веста да зборува за нешто

Претплатете се за најнови вести