verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Критиките без аргументи немаат тежина

on 30 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Политизиран празник, Музејот на Азбуката подели пенкала со боите на ДУИ]

 

Националните активности и празници сè уште се од голем интерес за албанската јавност. Истовремено, поврзувањето на овие настани со политиката во време на длабока политичка криза, побудува двоен интерес. Но, тоа не треба да се злоупотреби од новинарите за да се направат сензационални вести кои немаат тежина.

Politizohet festa Muzeu i Alfabetit screenshotЛинк до оригиналниот напис: “Политизиран празник, Музејот на Азбуката подели пенкала со боите на ДУИ”

Датум и време на објавување: 22.11.2015

Датум на рецензија: 23.11.2015

Рецензент: Aдриан Керими

 

ТЕКСТ БЕЗ ИЗВОРИ

Овој напис уште во самиот наслов констатира дека одбележувањето на Денот на албанската азбука во Битола (22 ноември 2015 година), бил „политизиран празник“, и дека „Музејот на азбуката подели пенкала со боите на ДУИ“.

Но, пријавувањето на злоупотребите бара факти и докази, кои треба да го потврдат тоа што го вели новинарот.

„Музејот на азбуката подели пенкала со боите на ДУИ за присутните, создавајќи притоа револт кај еден дел од нив и сомнежи дека овој голем празник се злоупотребува за партиски цели.“ (Лајм)

Сепак, тоа што читателите го гледаат е само една слика. А, како доказ, таа е прилично дискутабилна, доколку не се истражува понатаму и доколку приказната не се претстави од сите агли.

Авторот требаше да побара изјави од присутните, особено од оние кои, наводно, биле револтирани. Така, читателите самите ќе можеа да се уверат дали некои од гостите навистина негодувале.

Исто така, недостигаат соговорници што ќе ги потврдат наводите дека „овој празник е злоупотребен за партиски цели“.  Бидејќи ниту „револтот“ ниту „соменжите“ не треба да фигурираат само како констатации на новинарот.

Таквите вести (како што е овој краток текст без извори) се смешни и губат тежина кога се објавуваат без факти и без аргументи.

Кон таквите новинарски написи треба да се додаде и квалитативен мултимедијален дел.

„Веста“ не е подготвена и не е напишана според принципот на превртена пирамида. Во неа не се опфатени голем број потребни елементи што читателот треба да ги прочита во еден напис.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести