verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непотврдената загриженост останува сомнеж

on 28 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Полицијата малтретираше неколку членови на семејствата на Кумановската група]

 

Поплаките што ги добива новинарот од неговите соговорници, треба да ги прецизира за веста да одразува доверливост. Непроверувањето на изјавите и на обвинувањата доведува до неточна вест. Истовремено, обвинетата страна има право на изјаснување и во случај да биде игнорирана, новинарот испаѓа едностран.

Policia keqtrajton disa familjarë të grupit të Kumanovës screenshotЛинк до оригиналниот напис: Полицијата малтретираше неколку членови на семејствата на Кумановската група

Датум и време на објавување: 18.11.2015

Датум на рецензија: 19.11.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Веста што ја рецензираме не ја утврдува веродостојноста на изјавите со ниеден доказ и како таква останува жртва на непрецизирањето. Читателот не може да забележи примеси на веродостојност во оваа вест.

„Во неделата, македонската полиција малтретирала неколку члена на семејствата на Кумановската група, кои што се наоѓаат во прилепскиот затвор. Пред да ја извршат посетата, полицијата го контролирала детално и притоа им ги фрлила работите што им ги донеле на членовите нивните семејства.“

Цитатот што е даден подолу е изјава од членовите на семејствата. Таа не е проверена и тоа создава недоверба кај читателот. Новинарот е должен веста да ја напише, повикувајќи се на најмалку два извори. Во конкретниот случај имаме само еден извор, кој се повикува во името на една група или членови на семејства. Тоа за професионалното новинарство не е прифатливо.

„Откако членовите на семејствата пристигнале во прилепскиот затвор, беа опколени од полициската специјална единица, пресретнувајќи им ги автомобилите и фрлајќи им ги работите што ги имаа во автомобилите. Таму имаше десетици полицајци, а меѓу нив имаше и такви кои зборуваат албански, но кои што се воздржуваа да говорат албански. Не претресоа, а потоа нe набљудуваа до крајот на посетата, додека храната за затворениците ни ја вратија назад. На посета беа членовите на семејставата на Мухамет Красниќи, Ваљдет Зека, Дем Шеху и Неџбедин Лика – рекоа за „Лајм“ членовите на семејствата на припадниците на Кумановската група.“

Во случаите како овој, кој што го пријавуваат членовите на семејствата на затворениците, новинарот е должен да ги контактира адвокатите на одбраната. Тука имаме случај на кршење на човековите права од институциите на одбраната. Случајот е сè уште свеж за јавноста и ваквите наводи треба да се третираат многу внимателно. Тоа може да доведе до ескалација на ситуацијата и сè додека е непотврдено, е непотребно и бесполезно. Некои од лицата што го доживеале тоа, требаше јавно, со име и со презиме, да го потврдат тоа.

За написот да биде уште потранспарентен и балансиран, требаше да се побара став и од полицијата и од раководството на затворот, каде што се наоѓаат гореспоменатите затвореници. Вклучувањето на сите страни во оваа вест ја прави веста целосна и доверлива.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести