verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без информација и без структура – нема вест

on 18 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Падна предлог-законот за амнестија?]

 

Целосната вест е продукт на професионалното новинарство. Ако таа се претставува без да се почитуваат основните правила на вистинското новинарство, тогаш имаме напис, меѓутоа не новинарски. Веста што ја рецензираме е незавршена и нема структура. Како таква не ги исполнува потребите на јавноста.

Ra propozim ligji për amnisti screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Падна предлог-законот за амнестија?„

Датум и време на објавување: 12.11.2015

Датум на рецензија: 13.11.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Веста е направена врз основа на еден пост на „Фејсбук“ на еднo од најкомпетентните лица за разгледување на темата на правата на затворениците. Но, читателот што не е запознаен со иницијативата за промена во Законот за амнестија, не разбира за што известува новинарот во овој напис.

„Активистката за заштита на правата на затворениците, Мери Николова, пишала на својот профил на Фејсбук за предлог-законот за амнестија, кој што требаше да биде усвоен од страна на Парламентот, известува Телеграф.

Таа кратко напишала дека предлог-законот за амнестија „падна“. Од коментарите дадени за нејзиниот пост се дознава дека се работи за Законот за амнестија.“

Ова требаше да се потврди. Бидејќи авторот како повод за својата вест зел само еден збор – „падна“ –  тој требаше да контактира со Николова за да добие повеќе детали. Во конкретниот случај немаме дополнително објаснување што дополнително би ги информирало читателите што навистина значи објавата на активистката Мери Николова и што стои зад тоа.

Читателот требало да се информира за историјата на оваа иницијатива, со наведување на настаните што ѝ претходеле. На тој начин, на читателот би му било појасно зошто е важно да се информира дека „законот за амнестија паднал“.

Професионалниот новинар треба да ја има неопходната информација и треба да ја информира јавноста дека спомнатата активистка е иницијатор за промени во Законот за амнестија. Според тие промени, се предвидува амнестија за затворениците на кои што им останало уште 40 проценти од издржувањето на казната. Почетокот на иницијативата од затворениците, штрајкот со глад, протестите на членовите на семејствата на затворениците и петицијата која е потпишана за ова иницијатива, несомнено дека требало да се најдат во овој напис.

Текстот е нецелосен и има недостиг од информации.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести