verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Залепен „падобрански“ наслов на туѓ текст

on 18 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

00001-Mediamk-crop-resize

 

[Рецензија: Од Диво насеље до Париз – се гасат светлата во Европа!]

 

Обидите да се изедначат настаните во Париз, од петокот навечер (13 ноември), со настаните во Куманово (потсетуваме – дека се случија на 9 и на 10 мај) почнаа многу рано, уште во т.н. емисии (или шоуа) во живо, кои одеа доцна во ноќта на некои наши телевизии. Ова стана – како по наредба – начин да се спои емотивниот шок од париските собитија со истрагата која не е завршена за споменатите кумановски настани, а чија разврска, во вистинскa смислa, се очекува дури по консолидација на обвнителството, судството и евентуално другите сегменти од правосудството. Но, обидот за сопствено „пресудување“, секако, е од пропаганден аспект „интересен“ и укажува на командно-штабната структура на креирање на вести кај нас.

00001-MediamkЛинк до оригиналниот напис: Од Диво насеље до Париз – се гасат светлата во Европа!

Датум и време на објавување: 15.11.2015, 18:50

Датум на рецензирање: 16.11.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Западот мора да признае дека многу експлоатираната борба против меѓународниот тероризам со години ја користеше за остварување на своите економско-финансиски интереси. Западот мора да признае дека не стори апсолутно ништо за да го спречи создавањето на таканаречената Исламска држава, што во голем дел е негов производ.“

Ова е воведниот исечок од текстот на кој е само залепен споменатиот наслов, во итроманска желба да се најде мост меѓу два настани кои никако не можат да се спојат. И официјално и неофицијално настаните во Куманово не се поврзуваат со меѓународен тероризам. Имаше многу проблеми околу дефиницијата на дојденците со „калашњикови“ во Куманово, па конечното решение беше вооружена група, со асоцијација дека се подразбира оти групата била „платеничка“! Тоа го прифатија и власта и опозицијата и меѓународниот фактор. Толку околу поврзувањето, кое во истиот медиум има и едно коментаторско „покритие“, непотпишано, под наслов „Терористите од Куманово со иста намера и цел како и терористите од Париз“, кое заслужува посебен новинарски коментар.

Она што читателите треба да го знаат е дека текстот што е предмет на рецензија е комплетно преземен од порталот „Новости“, само што македонската верзија му додава свој наслов, што е, се разбира, недозволиво и дегутантно, бидејќи во основниот текст никаде не е споменато ниту Куманово, ниту регионот, особено не во некоја географски „концентрирана“ смисла. Тоа е злоупотреба на друг медиум, без оглед што во првите реченици нашата редакција кажува дека „Новости пишува“. Бидејќи го нема барем она – дека насловот е „македонизиран“ или дека постои „обработка“ односно „опремата е на редакцијата“, што, секако, никако не дава оправдување за токму такви „корекции“ кое си го дозволиле „нашиве“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Написот е пренесен ама ставен е „домашен наслов“

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

Се работи за коментар

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести