verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Поддршка од заедницата на „Глобал војсис“ за застапниците на слободата на изразување од Мароко

on 19 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски


Заедницата на „Глобал војсис“ бара правда за седумте застапници на слободата на говор кои се соочени со судење во Мароко поради нивниот активизам.

 

Седумте застапници настојуваа да ги бранат човековите права, бараа отчетност на властите пред јавноста и се залагаа за владеење на правото во нивната земја. Пет од нив се обвинети за загрозување на внатрешната безбедност на државата, а двајца се соочуваат со обвиненија за примање странски фондови без да го известат Генералниот секретаријат на Владата. Ја повикуваме Владата на Мароко да ги исполни обврските преземени со меѓународните договори за заштита на човековите права и да ги отфрли сите обвинувања против седумтемина.

Хишам Алмираат на Самитот на глобал војсис во Најроби, 2012 г.

Меѓу обвинетите е и Хишам Алмираат, лекар и долгогодишен член на нашата заедница. Не можеме да молчиме додека нашиот пријател е под закана. Речиси цела деценија, Хишам е водечки глас во мароканската блогосфера. Тој е соосновач на проектите за граѓански медиуми „Ток Мароко“ и „Мамфакинч“, а служеше и како директор на делот на „Глобал војсис“ за застапување. Балансирајќи ги професијата и личното залагање, Хишам помина многу години работејќи на подобрување на животите и за добросостојбата на Мароканците, и како активист од граѓанското општество и како лекар.

Како и други групи поврзани со медиумите и со човековите права низ светот, стравуваме дека овој случај претставува обид на мароканските власти да ги замолчат тие што се критични во однос на нивните политики и практики.

Овој обид го гледаме не само како закана за нашиот пријател и колега, туку и како закана за нашата поширока мисија. Како заедница од блогери и од активисти од повеќе од 160 земји, секојдневно го користим нашето човеково право на слобода на изразување за да раскажеме приказни за заедниците од целиот свет кои не се доволно претставени во јавноста.
Ве повикуваме да се придружите во поддршката за нашата порака, а исто така ги повикуваме странските влади да бараат отчет од мароканската влада за нејзините постапки и принципи. Правда за Мароко – #Justice4Morocco.

 

Поддржете го нашиот повик

Потпишете ја оваа отворена изјава од нашата заедница [Кликнете за потпис]

Поддржете ја кампањата на социјалните медиуми со користење на хаштагот #Justice4Morocco

Прочитајте ги и споделувајте ги известувањата за случајот:

Прочитајте ги и споделувајте ги написите на Хишам за „Глобал војсис“.

 

Претплатете се за најнови вести