verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Ермира го заслужува правото да се изјасни!

на 26. 04. 2016 | | sq

Напис: Ермира мисли дека Иванов не заслужува да биде претседател

Сега веќе светски познатата пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, во еден нејзин пост се изјаснила дека Иванов не заслужува да биде претседател. Таа ја пренела веста од мрежата на „Би-би-си“ со наслов „Корупцијата во Македонија: Иванов не отстапува од помилувањето“, пишувајќи :„Не сум го гласала, не ми се допаѓа, не е мој претседател“, пишува „Факте“. Симпатичната пратеничка, меѓутоа, не објаснува зошто таа и нејзината партија имаа директно влијание за Ѓорге Иванов да биде 10 години на чело на нашата земја? Првиот пат, симнувајќи го цензусот за излез од 50 отсто на 40 отсто во 2009 година и вториот пат, распишувајќи ги и парламентарните и претседателските избори за ист ден во

Партиската пропаганда не му прилега на новинарот!

на 20. 04. 2016 | | sq

Напис: По распишувањето на изборите, реформи на листите на ДУИ. По два мандати нема веќе кандидатура за пратеник

Откако беа распишани изборите за 5 јуни, Демократската унија за интеграција ќе почне длабоки реформи во составувањето на листите за пратеници. Како што дознава порталот „Тетова сот“ од внатрепартиски извори, Ахмети нема веќе да дозволи  трет мандат на пратениците. „Ниту еден кандидат кој бил пратеник повеќе од два мандати, нема да биде на листа, а има шанси и тие што биле еднаш, и кои не биле гласни и не зборувале никогаш на говорницата, да немаат шанси да седнат повторно на овие фотелји“, велат за „Тетова сот“ внатрепартиски извори. Пратениците што нема да можат да бидат повеќе на листите поради нивните мандати и

Пропагандата никогаш не може да биде вест!

на 19. 04. 2016 | | sq

Напис: Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!

Разгранокот на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“ во Чаир дадоа „Беса“. Вечерва Движењето Беса беше масовно пречекано во Чаир, а се основаа и месните совети (разграноците) на „Сами Фрашери“ и на „Братство единство“. За претседател на разгранокот на „Сами Фрашери“ беше избран економистот Ерхан Зубери, додека на „Братство единство“ – правникот Менсур Красниќи. На присутните им се  обрати и Беким Салиу, претседател на чаирскиот разгранок и член на централното раководство, Аднан Азизи и Блерим Сејдиу, а на крај присутните ги поздрави и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.  

[Рецензија : Се крши чаирска ДУИ, Беса се пробива силно!]

Новинарот треба да информира само врз основа на тоа што го

Вест без основа и без структура

на 14. 04. 2016 | | sq

Напис: Другар со внукот на Али Ахмети, СВЕЖ и НОВ министер! (Фото)

Имињата на новите министри на ДУИ не ја збуниле само јавноста, туку и самите партиски структури. Сите се прашале од каде излегоа овие имиња кои порано биле малку познати и дури и воопшто непознати на партиски активности. Меѓутоа, откако поминале 24 часа од нивното предлагање, многу високи активисти на ДУИ забележале еден интересен детаљ, мнозината нови министри се блиски пријатели на Бујар Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети (заедно на фотографија). Ова го зголемило уште повеќе револтот во ДУИ кај еден дел од партиските структури, што почнале да се прашуваат дали е поважно да дадеш придонес за ДУИ или да си другар на Бујар Ахмети, пренесува

Анонимноста може да се сочува кога има автентичност!

на 12. 04. 2016 | | sq

Напис – Ексминистерот признава: Отидовме „курбан“ поради Муса Џафери

„Два дена го молевме Муса да даде оставка, но не прифати. На крај партијата и претседателот одлучија да се жртвуваме сите“. Вака рекол еден досегашен министер на ДУИ, објаснувајќи им на неколку пријатели и сопартијци за причините зошто се донесе одлука да се сменат сите досегашни министри и заменици-министри.
„Не знам дали беше монтирано или не, но по објавувањето на таа снимка беше неизбежно Џафери да поднесе оставка. Изгледа врската меѓу Али и Муса сè уште е силна, затоа претседателот одлучи да нè направи сите курбан, за вината да не остане само на Муса Џафери“, рекол овој поранешен министер, пренесува „Лајм“. Тој рекол дека со именувањето на новите министри не станува

Доказите треба да зборуваат повеќе од новинарот!

на 4. 04. 2016 | | sq

Напис: Се сечат дрвата во Чаир, ДУИ „крои“ згради

Функционерите на ДУИ во Чаир од утрово почнале со сечење на дрвјата на улицата Кемал Сејфула, бидејќи истите им пречат на зградите што ги градат овие функционери, известува „Факте“. Револтирани граѓаните се обратија писмено до нашата редакција и испратија фотографии од сечењето на дрвјата. Проблемот со незаконските згради на функционерите на ДУИ во Чаир се слуша и во објавените разговори меѓу Никола Груевски и Али Ахмети, каде овој вториот излегува во одбрана на неговите сопартијци. /ФАКТЕ.НЕТ [Рецензија: Се сечат дрвата во Чаир, ДУИ „крои“ згради] Новинарот треба да ја пишува веста на начин на кој би ја пишувал за да се информира себеси. Не би имало теоретски и практични шанси новинарот

Кој кому кажува в очи, решава јавноста!

на 30. 03. 2016 | | sq

Сулејмани му кажува в очи на Адеми од ДУИ: На избори ќе видите која е Беса!(Видео)

Во емисијата „Аргумент“ на МТВ2, на албански јазик, остро се судриле претставникот на албанската партија на власт, ДУИ, Арбер Адеми, и претставникот на движењето Беса, Дритон Сулејмани. Адеми од ДУИ сакал да го спореди движењето Беса со партиите што се појавиле и порано кај Aлбанците, меѓутоа се соочил со категоричен одговор од Сулејмани: „Имајќи го предвид големото разочарување на Aлбанците, јас сум сигурен во победата на движењето Беса. Ќе се уверите и сами“, реплицирал Сулејмани за време на острата дебата.
И Сулејмани и Адеми се од Куманово, град каде што претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не е добредојден, по настаните од 9 и од

Новинарите прават вести, а не пропаганда!

на 29. 03. 2016 | | sq

Напис: Општина Тетово го означи Денот на екологијата со бројни активности (Фото)

Денот на екологијата денеска беше означен со бројни активности. Го инаугуриравме паркот во населбата Блок 82. Потоа продолживме околу плоштадот Илириа, каде учениците од основните училишта поминаа со банери под убавите звуци на виолината на учениците од музичкото училиште. Исто така, го организиравме и маратонот на булеварот Илириа. #‎ДаЈаСакамеСредината‬  

[Рецензија: Општина Тетово го означи Денот на екологијата со бројни активности (Фото)]

Улогата на новинарите без сомнеж е и останува информирањето. Секоја друга активност или „доза“ што се вклучува во нивните активности е спротивна на правилата на професионалното новинарство. Новинарите треба да информираат за тоа што се случило, а не да ја известат јавноста за активностите на некој

Веста не треба да се протолкува погрешно!

на 29. 03. 2016 | | sq

Напис: Во Радишани е поставен крст

По последните судири околу изградбата на огромен крст во општина Бутел, се чини, сè уште е откажана реализацијата на оваа идеја. Овојпат „битката“ продолжува во Радишани. Овде е поставен крст на средина на патот, но никој порано не го забележал. Жителите велат дека има неколку дена откако е поставен крстот, но не знаат од кого. Додека едни мислат дека крстот не нуди никаква придобивка и дека треба да изградат фабрики, други мислат дека крстови треба да се постават дури и на појавни места и да бидат уште поголеми, како тој што требаше да се изгради во Бутел. Според „ТВ Нова“, дрвениот крст во Радишани, наскоро ќе се претвори во метален и ќе биде со 

Погрешно толкување и негирање на правата!

на 25. 03. 2016 | | sq

Напис: Беса Арифи ги критикува судиите изгласани од ДУИ, партијата на нејзината сестра Теута Арифи

Претставниците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) нашле плодна земја за да ја критикуваат „власта“, по одлуката на Уставниот суд со која повторно му се овозможува на претседателот на државата да ги помилува (амнестира) крадците на гласови, педофилите и наркодилерите.
Претставници од оваа партија ја критикуваат одлуката на Уставниот суд, излегувајќи со тези со кои повторно тврдат дека се против ВМРО-ДПМНЕ, иако осум години се во коалиција.
Овие тези на ДУИ можеби ќе беа уверливи за јавноста, доколку не беше „Лајм“ со основани аргументи да ги фрли во вода тезите на ДУИ. Кој е аргументот со кој „Лајм“ ги фрли во вода тезите на ДУИ?

Претплатете се за најнови вести