Не се уапсени три лица
Објавено во Рецензии
on 4 - 11 - 2015 Автор: Adrian Kerimi
[Рецензија: Уапсени три лица на денешната полициска акција во Диво насеље]
Чувствителните информации што се пласираат во етерот без да се проверат, претставуваат клевети и ѝ штетат на професијата. Известувањето, не повикувајќи се на надлежните органи за случаи како што се полициските акции и билансот на уапсени, може да биде привлечно за читателите, но тоа има краткотраен ефект бидејќи бргу се дознава вистината.
Линк до оригиналниот напис: Уапсени три лица на денешната полициска акција во Диво насеље
Датум и време на објавување: 28.10.2015
Датум на рецензија: 29.10.2015
Рецензент: Aдриан Керими
Веста што ја рецензираме не (дез)информира за упасени лица, но не е базирана на факти и новинарот не го потврдува апсењето на трите лица.
Вториот пасус со посебен акцент зборува за три уапсени лица, но таквиот „факт“ е отфрлен од службеното сооппштение на полицијата, каде што се вели дека е направен претрес на три локации во потрага по три лица.
„Упасени се три лица по кои се трагало, бидејќи истрагата ја проширила листата на лица кои што на разни начини учествувале во активностите на оружената група.“
Новинарот треба да биде претпазлив кога известува за чувствителни прашања. Притоа, во вестите како оваа, треба да се понудат детали за акцијата, целта и за околностите под кои таа се одвивала, секогаш потпирајќи се на службените ставови и на податоци на надлежните органи. Читателот е тој што ќе оцени, но заклучокот треба да го даде новинарот и доколку тој тоа го прави пласирајќи нецелосни информации, тогаш имаме клевета. Во новинарството важи правилото: „Подобро да не информираме, отколку да дезинформираме“.
„Се претпоставува дека поголемиот дел од овие лица биле логистика на оружената група.“
Дополнителната информација е многу важен дел од веста, бидејќи со него завршува нејзиното стуктурирање. Во конкретниот случај, нема „бекграунд“ во врска со случувањата што му претходеле на овој настан.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални, анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не, воопшто
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови