verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Чаршиските муабети не можат да се претворат во вести

on 28 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Различна боја, ист дрес]

 

Не сите активности на политичките личности се од јавен интерес, но кога медиумите ги пренесуваат, тоа треба да го направат на професионален начин. Тоа треба да се направи објективно, избегнувајќи го коментирањето на настанот и неговото трансформирање во промотивен текст. Меѓутоа, не треба да се направи и спротивното, т.е. да се искористи моментот за да се иронизира настанот и да се дефокусира вниманието.

Ngjyra ndryshe dresi i njejtë screenshotЛинк до оригиналниот напис: Различна боја, ист дрес

Датум и време на објавување: 19.11.2015

Датум на рецензија: 20.11.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Текстот со право се занимава со можното заминување на Ермира Мехмети од ДУИ, кое и самата го навести како можност.

Поврзувањето на ова прашање со фотографијата, колку и да е иронично, има своја симболика. Но, проблематичниот дел на овој текст почнува кај пасусот кој има елементи на коментирање и непроверени обвиненија.

Веста сугерира дека Мехмети направила „пазар“ и затоа не заминала од својата партија. За ова обвинение нема ниту еден факт во овој текст. Дури, отворено се вели дека веста е направена врз база на озборување, кое е слушнато „во чаршијата“.

Кога се добиваат првите лекции по новинарство, експлицитно се посочува правилото дека информациите треба да се земаат од релевантни извори, а не „од чаршија“. Секако, ова последното се додава со хумор, но има многу „новинари“, кои чаршиските муабети ги земаат како факти или како експертски мислења кои немаат потреба да се потврдат.

„Во чаршијата веќе се зборува за „пазарот“ на повторното враќање на Ермира, со тоа што и било решено станбеното прашање. И во политиката, како и во кошарката може да се случи „грешка во чекори“.“

Заклучоците, дадени на овој начин или наведените сомнежи што не се прецизирани, како краен резултат имаат разочарување на читателите од текстовите како овој. Сè останува на чаршиските муабети и ништо не е проверено.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести