verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Соборениот руски авион и видување изгубено во просторот и во времето

on 27 - 11 - 2015       

Mediamk-crop-resize-002

 

[Рецензија: ВИДЕО: Еве кој наредил соборување на рускиот бомбардер!]

 

Текст со сопствено, но загубено во просторот и во времето, видување за турското уривање на рускиот „су-24“. На настан, незапаметен во изминатите 63 години во кој земја-членка на НАТО собори руско летало, му се пристапува на еден лефтерен начин, со тврдење дека зад одлуката да се „удри“ врз руското воено воздухопловство стои локален водач на туркменистанските сили во Сирија! Значи, раководството во Анкара има шеф – припадник на паравоена организација на кој му ги исполнува сите желби, па дури и кога ќе каже „Ајде да им урнеме едно авионче на Русите“. Неверојатно, нема што.

222Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Еве кој наредил соборување на рускиот бомбардер!

Датум и време на објавување: 24.11.2015, 23:50

Датум на рецензирање: 25.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СЕНЗАЦИОНАЛНОСТА ЈА ЗАДУШИ ИНФОРМАЦИЈАТА

Имаме целосно промашена насловна конструкција, која најверојатно поради желбата за сензационализам, пласира информација која, пак, има малку допирни точки со реалноста. Токму поради таквиот наслов и самиот текст губи квалитет. Да разјасниме, официјална Анкара ја презеде одговорноста за уривањето на рускиот „сухој“ со објаснување дека навлегол во турскиот воздушен простор при акцииите во Сирија.

„Реакцијата на турските вооружени сили откако авиони го нарушија турскиот воздушен простор… Секој треба да биде свесен дека наше меѓународно право и национална обврска е да сториме се што е неопходно и да се преземат сите мерки против оние кои ги повредуваат нашите граници или воздушен простор – изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.“

Оттука произлегува дека турското политичко и воено раководство свесно ја презело мерката зашто, како што се тврди, и покрај неколкуте предупредувања, рускиот „сухој“ не го променил правецот на движење. Значи, улогата на локалниот паравоен командант, извесен Алпаслан Челик, нема врска со уривањето на авионот. Тој ниту дал таква наредба, зашто и не можел, бидејќи не е дел од турските воени сили, ниту, пак, тој го соборил леталото. Заклучокот е дека насловот „Еве кој наредил соборување на рускиот бомбардер“ е далеку од вистината.

Интересно е дека во самиот напис нема каква било формулација која го поврзува овој Челик со тоа дека тој е одговорен за одлуката. Дури и се вели дека „Челик навел дека рускиот авион го собориле турски ловци Ф-16“, а веќе рековме дека Анкара признала оти ја издала наредбата за дејствување, со што се руши до темел информацијата пласирана во насловната конструкција дека токму Челик дал изим за соборување на рускиот „сухој“.

Поверодостоен би бил наслов во форма дека тој наредил егзекуција на еден од пилотите. Но, тоа е тоа. Кога ќе ставите насловна конструкција во стилот „Еве кој нареди уривање…“ јасно е дека ќе привлечете повеќе кликнувања, ама не поради вистинитоста во конкретниот случај, туку поради сензационалноста.

И пак за крај ќе се навратам на неверојатната „мисија“ за обзнана на вест која треба да ја убеди јавноста дека еден локален бунтовник би можел да ѝ даде наредба на десетата воена сила во светот да уништи авион на втората најмоќна држава на планетава и со тоа да создаде исклучително напната ситуација во регионот. Смешно!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

најверојатно да

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести