verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Вест колку да се привлечат читатели, без професионална одговорност

на 23. 03. 2016 | | sq

Напис: Дехари и Села заедно?!

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, на една слика се појавиле заедно, но не се знаат детали за оваа средба ниту, пак, дали се работи за можна соработка и за нивно заедничко дејствување, информира ИНА. Села и Дехари се градоначалниците кои како резултат на соработката и на соединувањето на сите Албанци, вклучувајќи ја тука и дијаспората, победија во овие општини, без разлика на нивната партиска заднина. Но, не се дава до знаење дали ќе има доближување на овие две политички личности на Албанците. Во последно време Дехари ги заладил односите со претседателството на ДУИ поради незадоволството од нејзините политики и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. (ИНА)  

[Рецензија: Дехари и Села заедно?!]

Вест се доказите!

на 22. 03. 2016 | | sq

Напис: Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети

Пред некое време семејството Ндрецај објави една телефонска порака што Мирсад Ндрецај, командант Нато, му ја испратил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На денот кога се навршија три месеци од кумановскиот конфликт, весникот „Лајм“ го посетил семејството на еден од водачите на вооружената група во судирите од 9 и од 10 мај во Диво Насеље во Куманово. Братот на Мирсад, Илбер, ја покажал последната порака што тој му ја пуштил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, неколку месеци пред кумановскиот конфликт. Во оваа порака се гледа јасно револтот на Мирсад кон Али Ахмети, кого, меѓу друго, го нарекува и „падобранец и убиец“. „Али Ахмети, албанскиот

Навредите во новинарството се неприфатливи, со или без нараквици!

на 21. 03. 2016 | | sq

Напис: Бесими зборува за евроинтеграции, под плакат на уринарниот систем

Денес, на 14 март, во просториите на Унивезитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, реализира една презентација за програмите на Унијата, односно програмата „Еразмус плус“. На настанот зеде збор вицепремиерот д-р Фатмир Бесими, директорот на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, г. Дарко Димитров, како и проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот на Југоисточна Европа, д-р Блерим Река. На почетокот на неговото предавање, вицепремиерот Бесими нагласи дека програмите на Унијата претставуваат серија интеграциски активности усвоени од страна на ЕУ за зголемување на соработката меѓу земјите членки и земјите што не се членки, за што подобро

Новинарот не е ниту лекар, ниту психолог

на 18. 03. 2016 | | sq

Напис: Абдилаќим Адеми, уморен и ослабен

Уморен и ослабен. Вака изгледа министерот за образование, Абдилаќим Адеми, на средбата што ја остварил денеска со градоначалниците на општините Боговиње и Желино, каде зборувал во врска со отварање на професионални училишта во овие две општини. Дали го изморила работата во министерство или партиските проблеми, не може да се каже, но познато е дека има многу проблеми и во МОН и во ДУИ. Во МОН продолжуваат да излегуваат на виделина скандалите со учебниците, а во партијата се зборува дека не му одат добро работите бидејќи не го прифатил добро фактот што не е избран за претседател на изборниот штаб на партијата, иако според партискиот статут, таквата позиција му припаѓа на генералниот секретар. За денешната

На несреќите не треба да им се даде политички карактер

на 18. 03. 2016 | | sq

Напис: Од чадот на дивата депонија се судрија два автомобили. Тешко повредени повеќе лица

На стариот пат Скопје – Куманово, поточно меѓу селата Арачиново и Никуштак, синоќа се случила една тешка сообраќајна несреќа. Причина за несреќата бил чадот предизвикан од палењето на дивите депонии, што ја намалило прегледноста на патот и како последица две возила се судриле директно, пишува „Факти“. Во несреќата се судрило возило од марката „рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди а4“ со скопски регистарски таблички, управувано од 36-годишниот С.С. По несреќата со возило на брза помош неколку повредени се одведени во кумановската болница, додека неколку други се одведени во Ургентниот центар во Скопје. Овој дел од патот, што го користат

Споредбата ја прави читателот, а не новинарот

на 3. 03. 2016 | | sq

Напис: „Ураганот Беса“ во Нераште, ДУИ во паника

„На собирот на ДУИ во Скопје, е забележана толкава поддршка за оваа партија, што бројот на присутни симпатизери бил приближно ист со бројот на симпатизерите во основањето на само еден разгранок на движењето Беса во селото Нераште во Тетовско“, пишуваше пред неколку денови весникот „Лајм“. ДУИ, партија која е 14 години на власт, има голем проблем во собирање на своите активисти по партиските собири, па затоа употребуваат притисок, уцени и разно-разни форми за да изгледа како една „масовна“ партија. Но, изгледа дека движењето Беса воопшто го нема овој проблем. Доволно е само да ги видите објавените фотографии по социјалните мрежи што се поврзани со собирите на движењето Беса и ќе забележите, како

Нова измама со стара снимка

на 18. 02. 2016 | | sq

Напис: Нова снимка од Куманово: Полицаецот Македонец му ја пцуе мајката на уапсениот Албанец

Новата снимка од полициската акција во Куманово што е објавена на „Јутјуб“, ни носи уште еден скандалозен момент. За време на апсењето на еден од припадниците на кумановската група се слушаат навреди и вулгарни пцости од страна на еден полицаец кон припадниците на кумановската група. „Врзи го, хе мајката….“, се слуша валканиот јазик на еден од полицајците. Делот од видеоснимката кој ги содржи пцостите, може да го проследите од 1.20  до 1.40 минута, пишува „Лајм“. Полициската акција во Куманово се случи на 9 и на 10 мај, кога министер за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска, за чие именување неколкупати гласала и ДУИ, заедно со нивниот „легендарен“

Има ли тука вест?!

на 12. 02. 2016 | | sq

Напис: Студент: Билал Касами бил и е до граѓаните за секој нивен проблем

„Д-р. проф. Билал Касами секогаш бил покрај оние на кои навистина им служи. И како професор секогаш беше рамо до рамо со студентите во секоја преземена иницијатива, секогаш беше покрај нас кога имавме потреба за совети и никогаш не се двоумеше да нè насочи на правиот пат. Професорот Билал Касами, како на времето кога беше професор, така и како иден лидер на Албанците во Македонија, убеден сум дека нема да се двоуми да биде блиску до граѓаните за секој нивни проблем, нема да штеди ништо за да направи ние Албанците во Македонија, да излеземе од овој долгогодишен мрак и за да видиме и ние некој светол ден

Пропагандата не е новинарство!

на 29. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: Вака ќе изгледа студентскиот дом на ДУТ] Новинарот не смее да пропагира на сметка на неговата професија. Една половична вест или извадена од етичките рамки на професијата, не може да се смета за статија што информира. Линк до оригиналниот напис: „Вака ќе изгледа студентскиот дом на ДУТ” Датум и време на објавување: 19.11.2015 Датум на рецензирање: 20.12.2015 Рецензент: Адриан Керими
Веста што ја рецензираме има премногу недостатоци, како структурални така и содржински, но, над сè, таа има цел да пропагира. Јавноста треба да знае што се гради од буџетските средства и за каква функција, кого властите финансираат, но ова не значи дека новинарот е тој што треба да ги фактурира заслугите. Оваа одлука му припаѓа на читателот, кој го

Веста се разликува од соопштенијата или соопштенијата не се вест!

на 28. 12. 2015 | | sq
[Рецензија: „Ватра во партнерство со Општина Сарај”] Соопштението или поинаку, писмениот став на кој било субјект, го претставува само ставот на едната страна во веста. Обично, соопштенијата се многу субјективни, полни со коментари и so промотивни зборови. Нивното целосно препишување и пренесување до јавноста, претставува прекршување на Етичкиот кодекс на новинарите. Линк до оригиналниот напис: „Ватра во партнерство со Општина Сарај” Датум и време на публикација: 16.12.2015 Датум на рецензија: 17.12.2015 Рецензент: Адриан Керими
Реакциите и подбуцнувањата помеѓу двете страни, треба да се третираат и пренесат на балансиран начин. Новинарот и медиумот не смеат да навиваат за една страна. За да игра конструктивна улога како новинар, авторот е обврзан да побара став и од другата страна. „Ги информираме

Претплатете се за најнови вести