verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Интересно, но без структура

on 10 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Незири сега вели дека ДУИ не излегува од Владата]

 

Прашањата од интерес за јавноста треба да се обработат на што е можно поконцизен начин. Кога новинарот е со тенденција да ги исполни потребите на читателите, особено за темите што се поврзани со политичката криза, освен на тоа да ја информира правилно јавноста, треба да внимава и на тоа преку веста да не биде погрешно разбран од читателите.

Neziri tani thote se BDI nuk del nga Qeveria screenshotЛинк до оригиналната вест: Незири сега вели дека ДУИ нема да излезе од Владата

Датум и време на објавување: 04.11.2015

Датум на рецензија: 05.11.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Веста што ја рецензираме, обработува една актуелна и влијателна тема, но немањето структура ја загрозува нејзината важност.

„За да донесе таква одлука ДУИ си има свои надлежни органи, каде што се вршат такви анализи, и откако ќе се направи таа анализа, тогаш можеме да велиме дека ДУИ може да донесе одлука за излегување од Владата. Но, тоа што сакам да го споделам со пошироката јавност, за разлика од мојата последна изјава, е дека денеска сум поголем оптимист дека, со сите актори на Репбулика Македонија што учествуваат во разговорите за излегување од ова политичката кризата, ќе има позитивен епилог – рече министерот за економија и шеф на изброниот штаб на ДУИ, Беким Незири.“

На прв поглед, без да се прочита текстот, кај читателот се создава едно чувство на двоумење за тоа дали се работи за новинарски текст, аматерски текст или, пак, едноставно само за изјава. Ова последното создава уште повеќе конфузија кај читателот бидејќи не може да се разликува дали изјавите се одвоени или во нив е вметнат и текст.

„Според Незири, за ДУИ да излезе од Владата потребна е одлука на Централното претседателство и треба да се направат дополнителни анализи, и тој смета дека во моментот Македонија е на добар пат да постигне договор за државата да излезе од политичката криза, пренесува Журнал.“

Коректното подготвување на една вест и нејзината структура прават таа да биде поубедлива за читателите. Читателот бара аргументи и нив го пронаоѓа во стилски уреден текст и во структурата на една професионална вест.

Заднината, односно бекграундот, е црешата над тортата за еден професионален новинарски текст. Во конкретниот случај немаме такво нешто и тоа го прави насловот неинформативен, а пораката што ја пренесува – манипулативна. Професионалниот новинар би додал дополнителна информација која подетално би ја информирала јавноста за таа да може да го извлече заклучокот. Дури, заднината би го информирала читателот зошто има реакција и објаснување од Незири. Непочитувањето на превртената пирамида, во овој случај, ја прави веста нечитлива, бидејќи не ги исполнува потребите на читателите да бидат информирани.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести