verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пример за тоа како не се пишува вест

on 24 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Фатмир Дехари го критикува министерот на ДУИ и Владата!]

 

Недостигот од структура во веста, прави таа да биде многу нејасна за читателот. Следствено, тој не се информира правилно. Веста што ја рецензираме информира за едно прашање од голем интерес за јавноста, но како таква, таа е празна и на јавноста не ѝ ги нуди потребните елементи за таа на крај да биде информирана како што треба.

Fatmir Dehari kritikon Ministrin e BDI së dhe Qeverinë titulliЛинк до оригиналниот напис: Фатмир Дехари го критикува министерот на ДУИ и Владата!

Датум и време на објавување: 14.10.2015

Датум на рецензија: 16.10.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Насловот е многу општ и имајќи го предвид тоа што подолго време се пишува по медиумите, читателот добива впечаток како веста да зборува за нешто друго. Всушност, се чини дека тоа била и намерата на авторот.

Текстот создава забуна бидејќи читателот не сфаќа во каква конотација известува новинарот.

„Во текот на вчерашниот ден, по еден состанок, градоначалникот на Општина Кичево од редовите на ДУИ, Фатмир Дехари, го обвинил министерот за образование, Абдилаќим Адеми и Владата, каде што учествува и неговата партија, известува Алмакос.“

Ова е единствениот текст што го придружува видеозаписот (кој е главниот извор на информацијата на овој напис), но не се наведува за што станува збор, кои се обвиненијата и зошто се направени тие. Исто така, авторот не информира во каков контекст се направени овие обвиненија, при што Фатмир Дехари се изјаснил за овој проблем.

Освен тоа што нема структура, веста е и еднострана. Јавноста би сакала да знае кој е ставот на другата страна во врска со обвиненијата кон споменатите лица. Ако Дехари претендира дека голем дел од одговорноста паѓа врз Владата и врз Министерството за образование како резултат на лошото управување, важно е да се дознае и нивниот став и да се објаснат причините за таквата ситуација.

Исто така, недостига и „бекграунд“ како важен дел на веста. Требаше да се понуди подетална информација за функционирањето на неколку училишта со блокирани жиро-сметки во Кичево и за тешкотиите со кои се соочуваат, поради кои и се направени овие критики.

Новинарот би требало да објасни дека критиките на Дехари кон Адеми се поради недостигот од средства наменети од Министерството за образование за локалната власт во Кичево, односно за училиштата. Со ова дообјаснување на јавноста би ѝ се ставило до знаење дека спорот помеѓу двете спомнати лица не се однесува на актуелната ситуација во Демократската унија за интеграција.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести