verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Најважните пораки и констатации од белгискиот олеснувач Питер ван Хојте – скриени

on 24 - 10 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-120-КАНАЛ-5-Телевизија-kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID81529-crop-resize

 

[Рецензија: Ванхоуте: Непостигнувањето договор го загрозува одржувањето на изборите во април]

 

Прикривањето на важните информации од граѓаните не е ништо ново. Тоа е стара практика. Меѓутоа, прашањето е зошто тоа се прави кога на крајот, сепак, сè ќе се дознае. Во овој случај, медиумот ги скрил најважните пораки и констатации од белгискиот олеснувач Питер ван Хојте кои се поврзани со Договорот од Пржино, а акцентот го ставил на периферните работи за вистината да се скрие од граѓаните и на тој начин да се заштитат одредени политички центри на моќ и да се сочува нивната популарност.

FireShot Screen Capture #120 - 'КАНАЛ 5 - Телевизија' - kanal5_com_mk_vesti_detail_asp_ID=81529Линк до оригиналниот напис: Ванхоуте: Непостигнувањето договор го загрозува одржувањето на изборите во април

Датум и време на објавување: 21.10.2015 15:01

Датум на рецензирање: 22.10.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

СЕЕЊЕ МАГЛА

Медиумот се става во улога на трансмитер само на „добрите вести“ и со премолчување на вистината им помага на политичарите да ја избегнат одговорноста. Со свесно прикривање на деловите од изјавата и со замаглување на она што Ван Хојте го кажал, се спинува и од граѓаните се прикриват информации кои се од многу голем и важен јавен интерес и доѓаат во важен миг за понатамошната европска иднина на државата.
Од изјавата на белгискиот олеснувач, медиумот пренел неколку периферни реченици кои не ја покажуват реално сериозноста на ситуацијата и ургентноста од нејзиното решавање.

Неговата процена била дека е „поважно“ да се каже дека Ван Хојте

„не знае дали ваквата состојба ќе доведе до негативен извештај од Европската комисија. И дека одложувањето на извештајот не е поради важност на Македонија туку поради Турција. Единствено добро Ванхауте гледа во тоа што членовите на работните групи разговараат меѓу себе што не било случај на почетокот и оти имаат желба тие да продолжат…“

 

ГЛАВА ВО ПЕСОК

Во текстот нема ни еден збор за драматичното предупредување дека Македонија може да ја доживее судбината на Белориусија и дека Ван Хојте без дипломатски ракавици изјавил:

„Не можам да ви кажам кој е планот Б, но размислете што се случи на примерот на Белорусија, во 2012 година Европската унија стави на црната листа 210 граѓани на Белорусија, речиси целиот највисок државен врв, вклучувајќи го и претседателот Александар Лукашенко. На некои функционери им беа блокирани банкарските жиро-сметки. Црните листи и блокирањето на сметките, се покажале како ефикасни методи во многу држави за деблокирање на разни процеси.“

Премолчена е и неговата порака дека дека ако не се дојде до компромис, Македонија ќе се соочи и со остри реакции од Вашингтон и од Брисел. Медиумот свесно ја премолчил и многу важна порака што се однесува на работата на специјална обвинителка.

„Ние не сме слепи, гледаме се што се случува. Многу сме загрижени за судовите и нивната подготвеност да покажат дека се независни. Не може некои институции и некои луѓе да се однесуваат како да се над законот. Законот за специјално обвинителство го усогласија партиите и беше донесен во Собранието. Институциите и луѓето во нив мора да ја почитуваат сопствената легислатива, а специјалниот јавен обвинител има право и автономија да ги избере своите обвинители, своите ресурси и финансии.“

 

ДОЛЖНОСТ НА МЕДИУМИТЕ

Должност на медиумите и на новинарите е да ги следат етичките принципи што се содржани во Кодексот на новинарите и да се спротивстават на притисоците. Медиумите се должни јавноста да биде целосно, благовремено и вистинито информирана и нејзиниот интерес го стават над сите други интереси. Во таа смисла е и членот 5 на Кодексот на новинарите, кој предупредува дека новинарот нема да скрие ништо што е од јавен интерес. Практиката на прикривање која овој текст ја применил е срамна и спротивна на Кодексот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести