verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Колку повеќе факти, толку повеќе доверба!

on 5 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Писмо од затвор на припадник на Кумановската група (Документ)]

 

Новинарот има задача секој текст да го поддржи со факти и со непобитни докази. Непроверените сомнежи се резултат на невниманието на новинарот при известувањето. Веста што ја рецензираме не го прецизира изворот. Новинарот вели дека писмото е објавено од еден член на семејството, но јавноста би имала поголема доверба доколку новинарот би го прецизирал изворот (лицето) што го објавил писмото. Тоа го прави и новинарот објективен и читателот добро информиран.

Едно писмо кое создава внимание во јавноста може да биде основа за новинарски напис и со право може да се анализира. Но, потоа треба да следи истражувањето и проверката.

Letra nga Burgu screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Писмо од затвор на припадник на Кумановската група (Документ)

Датум и време на објавување: 02.12.2015

Датум на рецензија: 03.12.2015

Рецензент: Aдриан Керими

 

ПОЛОВИЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Јавноста не знае дали писмото е вистинито или не, а задача на новинарот е да го провери тоа. Тој е должен прашањето да го обработи така што ќе биде што е можно подоверлив.

„Има една власт која што е толку организирана, мрачна, целосна, продорна, што никој нема храброст да зборува лошо за неа на висок глас“. Ова е краткото писмо на Дем Шеху-Јунику од затворот, еден од припадниците на Кумановската група која што се наоѓа во затвор, известува „Лајм“.

Текстот завршува со зборовите:

„….од нејзината содржина е многу јасно кому е наменето ова писмо.“

Јавноста не е таа што треба да знае кому, што и зошто му е наменето! Овие податоци треба да ги даде новинарот. Различни луѓе може да имаат различни перцепции за одредени збиднувања, затоа и пораката на писмото не се сфаќа на ист начин од сите.

Оставена половична, информацијата повеќе создава конфузија отколку што ги разјаснува работите. Наративот на настанот треба да го објасни новинарот, а јавноста треба да донесе заклучоци!

Новинарот, горе-долу, информирал кој е Дем Шеху, но добра заднина би ја дополнила веста со структурна смисла. А, да не навлегуваме во недостигот од факти и од докази што го прави текстот нецелосен.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести