Лош наслов, тенденциозност и во содржината
Објавено во Рецензии
on 1 - 09 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“, „Ќимо“ и „Вечниот министер“
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има цел да направи чистка во раководството и во највисоките партиски органи пред предвремените избори. Партиски извори велат за ИНА дека меѓу разрешените ќе бидат функционерите ветерани што последниве години држеле високи партиски позиции и преку нив придобиле и владини функции. Меѓу нив се спомнуваат и Рафис Алити, Абдилаќим Адеми, Садула Дураку, Фатмир Бесими што е познат како „вечниот министер“, но и други локални шефови што биле несменети во партијата.
„Се очекува да се случат промени за да се освежи партијата и, секако, ќе си одат тие што досега биле дел од ДУИ и имале високи позиции. Сега е редот на младите“, нагласи за ИНА, еден партиски извор. Во рамки на промените ќе биде и изборниот штаб, а под прашалник ќе биде и Беким Незири, како шеф на штабот. Во меѓувреме, од оваа партија не даваат до знаење официјално дали ќе има нови партиски избори или промените ќе се направат од страна на Ахмети, користејќи го неговото ексклузивно право како партиски лидер преку советот на мудрите. (ИНА)
[Рецензија: Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“ „Ќимо“ и „Вечниот министер“]
Насловот секогаш треба да информира за содржината на текстот, но да не биде надвор од професионалните стандарди. Наслови како овој што го рецензираме, заедно со неговиот текст, може да имаат другите новински категории – коментари, сатири, но никогаш во категоријата на вести.
Текстот изгледа имал цел со еден камен да удри три птици, но, за жал, ги удрил новинарските начела и ги прекршил етичките правила на професијата.
Вреди да се нагласи фактот дека насловите, колку и да се пократки и поинформативни, може да го будат интересот на јавноста и на друг начин, употребувајќи креативност во рамките на стандардите. Во овој случај, за некого би бил во ред насловот како: „Ахмети уште еднаш со реформи во партијата!“, или за некој друг „Ахмети повторно ја реформира партијата“… Но, ова не би било доволно, сè додека по еден професионален наслов како овој, следува еден непрофесионален текст и со многу грешки и пропусти.
„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има цел да направи чистка во раководството и во највисоките партиски органи, пред предвремените избори. Партиски извори велат за ИНА дека меѓу разрешените ќе бидат функционерите ветерани што последниве години држеле високи партиски позиции и преку нив придобиле и владини функции. Меѓу нив се спомнуваат и Рафис Алити, Абдилаќим Адеми, Садула Дураку, Фатмир Бесими што е познат како „вечниот министер“, но и други локални шефови што биле несменети во партијата“.
Линк до оригиналниот напис: „Чистки на Ахмети во партијата, на мета „Учителот“, „Ќимо“ и „Вечниот министер““
Датум и време на објавување: 25.08.2016
Датум на рецензирање: 26.08.2016
Рецензент: Адриан Керими
Повикувањето на анонимност не е проблем, независно од тоа дека тешко е да се одреди вистинитоста на изјавата подолу. Сепак, професионалната практика дозволува новинарот да употреби еден извор зачувувајќи му ја анонимноста, сè додека тоа го бара самиот извор. Меѓутоа, фактот што во текстот, од сите спомнати лица, функционери, поранешни министри и пратеници, не е побаран став за да се коментираат овие гласини, го прави написот едностран, а новинарот тенденциозен. Не треба да се заборави фактот дека другата страна е исто толку потребна колку страната со која новинарот ја почнува веста.
„Се очекува да се случат промени за да се освежи партијата и секако ќе си одат тие што досега биле дел од ДУИ и имале високи позиции. Сега е редот на младите, нагласи за ИНА еден партиски извор. Во рамки на промените ќе биде и изборниот штаб, а под прашалник ќе биде Беким Незири, како шеф на штабот“.
Сериозните медиумите обично функционираат во тој дух што за еден проблем или непотврдени гласини околу еден проблем на партијата на власт, земаат и некој став од аналитичарите или познавачите на случувањата во партијата на власт. Во конкретниот случај, недостига такво нешто или, поинаку кажано, на професионалниот јазик, трет извор кој ги балансира обвиненијата и не дозволува новинарот да прави дисбаланс за едната или другата страна.
„Во меѓувреме, од оваа партија не даваат до знаење официјално дали ќе има нови партиски избори или промените ќе се направат од страна на Ахмети, користејќи го неговото ексклузивно право како партиски лидер преку советот на мудрите“.
Сме кажале многупати, но изгледа треба да повториме уште еднаш: еден добар текст завршува со една добра заднина. Во овој случај немаме една заднина која би нè потсетила на поранешните настани во овој контекст во партијата на власт, правејќи ретроспектива за промените во кадровските политики на ДУИ последниве години, вклучувајќи ја последната во именувањето на министри непознати за широката јавност.
И да не се заборави, текстот завршува нелогично! Таму се вели дека од албанската партија на власт не ги коментираат гласините дека ќе има нови партиски избори, додека авторот ниту вели, а ниту докажува дали побарал таков став од партијата на власт! Токму од насловот и од содржината, вклучувајќи го последниот пасус, се докажува тенденциозниот пристап кон ова прашање во овој текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови