verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Личното мислење не е основа за вест

on 16 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-30-maqedonia-drejte-nje-koalicioni-parazg_-http___lajmpress-com_maqedonia-dre

 

Напис:  Македонија на пат кон една албанско-македонска предизборна коалиција?

Во едно мултиетничко општество, неопходна е меѓусебната соработка на политичките партии на разните ентитети, но во Македонија сме далеку од ова.

Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека по предолгата политичка криза, добро би било да се формира една предизборна коалиција меѓу партиите на Aлбанците и партиите на Mакедонците.

 „Во овие услови мислам дека оваа иницијатива ќе ја зголеми можноста за победа на опозицијата на следните парламентарни избори. Ова ќе ги подобри меѓуетничките односи во земјата“, истакнува Рамадани.

По изборите, победничката партија од македонскиот табор прави коалиција со партиите на Aлбанците. Според Рамадани, ова значи дека постои простор за една предизборна коалиција. (ИНА)

 

[Рецензија: Македонија на пат кон една албанско-македонска предизборна коалиција?]

Eдна професионална вест се составува од најмалку два независни еден од друг извори. Ова е професионално правило кое новинарот не смее да не го почитува.

Насловите што им се даваат на новинарските написи секогаш треба да ја навестуваат содржината на веста. Во случај кога се манипулира со насловот, било да е тој тенденциозен или несоодветен, може да дојде до дезориентирање на читателот, а новинарот да биде обвинет за клевета или вршење на пропаганда.

Рецензираната вест зборува воопштено, начин што не функционира во нашата професија. Работите треба да се поедностават и да се определат, затоа што јавноста не е подготвена и не секогаш може да ги разбере работите на начинот на кој ги разбира новинарот.

„Во едно мултиетничко општество неопходна е меѓусебната соработка на политичките партии на разните ентитети, но во Македонија сме далеку од ова. Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека по предолгата политичка криза, добро би било да се формира една предизборна коалиција меѓу партиите на Албанците и партиите на Македонците“.

 

maqedonia-drejte-nje-koalicioni-parazgjedhor-screenshotЛинк до оригиналниот напис: Македонија на пат кон една албанско-македонска предизборна коалиција?

Датум и време на објавување: 08.09.2016

Датум на рецензирање: 09.09.2016

Рецензент: Адриан Керими

 

Ако во насловот јасно беше одредено дека содржината е заснована врз една изјава или оценување на Рамадани, тогаш ќе беше во ред, но во овој наслов авторот го генерализира прашањето и мислењето на аналитичарот Рамадани го презентира како одлука и како работа за која постои можност да се оствари. Ова прашање, за да се третира така како што сакал авторот, требало да се побара став најмалку од уште еден извор, на пример, од некој политиколог, политичар или, пак, некој друг аналитичар со поинакви погледи од Рамадани. Со толку неговата работа не ќе завршеше, затоа што повторно ќе требаше да се повика на тоа што предвидуваат аналитичарите, а не да дава ставови или да поставува прашања во насловот.

 

„Во овие услови мислам дека оваа иницијатива ќе ја зголеми можноста за победа на опозицијата на следните парламентарни избори. Ова ќе ги подобри меѓуетничките односи во земјата“, истакнува Рамадани. По изборите, победничката партија од македонскиот табор прави коалиција со партиите на Албанците. Според Рамадани, ова значи дека постои простор за една предизборна коалиција“.

Втората страна во новинарството секогаш е потребна, затоа што го балансира информирањето и му дава професионална боја на текстот. Во овој случај потребен е ставот на неколку политички партии, како од опозицијата така и од партиите на власт, кои би ги искажале своите ставови за ова прашање.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести