verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Пропаганда во несреќа

на 12. 08. 2016 | | sq

 

Напис: Цела ДУИ во Хасанбег

По поплавите во Хасанбег, претседателот на ДУИ наредил цела ДУИ, пратеници, министри, градоначалници и многу други функционери да бидат денеска во служба на народот во населените места допрени од поплавите во град Скопје, известува „Тетова сот“. Во моментот на терен се Изет Меџити, Артан Груби, Беким Незири, Рафиз Адили, Арбер Адеми, Дритон Кучи, Беким Максути, Беким Мурати, Реџаил Исмаили, како и ветерани на ОНА. Како што велат за порталот „Тетова сот“, функционерите на ДУИ цело време ќе бидат до семејствата што ги загубиле своите блиски и тие семејства што имаат материјална штета. /Тетова сот/  

[Рецензија: Цела ДУИ во Хасанбег]

Новинарите знаат да им даваат разни конотации на дневните настани, уште повеќе кога станува

Кога новинарството удира по себе

на 11. 08. 2016 | | sq

 

Напис: „Полуде“ Теута Арифи, удри по себе и по Али Ахмети

Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, направи една „лудост“, досега невидена на политичката сцена во Македонија. Таа си удри една „шлаканица“ себеси и на лидерот на нејзината партија, Али Ахмети, не двоумејќи се да зборува со остри тонови за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Шипковица, иако тој ѝ беше шеф додека беше заменик-премиерка и со него ДУИ веќе осум години е во коалиција. Оваа „лудост“ на Арифи е забележана на годишнината на несреќата од поплавите од 3 август. На новинарските прашања за посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Арифи одговори кратко: „Еден бронзен коњ помалку на скопскиот плоштад, може да ја среди целата инфраструктура во селото

Кој и што се крие зад името на „редакцијата“?

на 10. 08. 2016 | | sq
 

Анализата е основана на истражување на податоците што се јавно објавени на 15 портали во земјава. Цел на анализата е да се идентификува колку овозможуваат порталите конкретна одговорност за трудовите што ги објавуваат, како и да се процени нивната транспарентност и сигурност врз основа на објавените информации за редакциите и за авторите на нивните веб-страни. Анализата не вклучува институционални податоци, ниту детални квантитативни мерења

  Пишува: Адриан Керими Јавноста

Малите трикови на мајсторите на ловот за кликнувања

на 10. 08. 2016 | | sq
 

Напис: Објавена нова „бомба“ за вработувањата со мито во администрацијата 

Човекот што ја држи во живот силата во заднина на моќната ДПК е Адем Грабовци. Ги координира сите нелегални активности на партијата. Сите му се молат за услуги. Тој одговара само на двајца: Хашим Тачи и Кадри Весели. Адем Грабовци сите го викаат „шеф“. Таков е со дела кога станува збор за злоупотреба на службениот авторитет. Неговата сила и на структурата на Демократската партија на Косово се докажува со една серија телефонски прислушувања што ги обезбедил инсајдер. Само за два месеци, ноември – декември 2011 година, тој вработил стотици луѓе, избрал десетици претседатели и членови на одбори, директори на претпријатија и независни агенции.  

[Рецензија: Објавена нова „бомба“ за

Личните статуси на „Фејсбук“ на функционерите не се официјални ставови на институциите!

на 4. 08. 2016 | | sq

Напис: Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група

Заменик-министерот на полицијата, Агим Нухиу, ги искоментирал последните жалби за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Според него, мора да владее правото и тој не ја исклучува можноста некој припадник на МВР да ги пречекорил надлежностите. Според заменик-министерот Нухиу, припадниците на МВР го обезбедуваат транспортот на обвинетите од затворот до судницата, при што овој транспорт и се снима. Поради ова и поради сите жалби, заменик-министерот на полицијата Агим Нухиу изразил целосна готовност да соработува со Народниот правобранител и со другите државни институции. Следува неговата целосна објава на „Фејсбук“:
За пошироката јавност, по не знам кој пат, го повторувам мојот став во врска со жалбите за

Искривена вест – коментари наместо факти

на 1. 08. 2016 | | sq

 

Напис: СКАНДАЛ: Пуштен од затвор убиецот на командант Шќипоња, Бајрам Лимани

На годишнината на убиството на командант Шќипоња – Џемаил Реџепи, по наредба на ДУИ, судијката Ѓулсиме Шабани потпишала ослободување од притвор за „убиецот на Шќипоња“, Бајрам Лимани, известува ексклузивно „Факте“. Лимани доцна синоќа бил ослободен од притвор и испратен до неговата куќа во село Лојане, каде што ќе биде во куќен притвор. Инаку, денеска навршува една година од убиството на Џемаил Реџепи – Шќипоња, кој беше убиен во еден кумановски локал по една банална расправија од страна на овластениот на Али Ахмети за чување на „тронот“ на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани. Комеморацијата почнува денеска во 18 часот во зградата на поранешниот комитет во Куманово.   [Рецензија: СКАНДАЛ: Пуштен

Медиумите го легитимираа „Студентски пленум“!

на 11. 07. 2016 | | sq
Претставниците на пленумот знаат со медиумите. Фото: скриншот   Пишува: Адриан Керими Од организирањето на првите пленуми, тајните состаноци, под закани и уценувања и сè до моментот кога студентите под логото на пленумот се слушнаа повеќе од кога било, медиумите имаа резерви за оваа иницијатива. Сепак, нивните активности ги следеа, независно од уредничката политика, а дури имало и медиуми што ги тргнаа нивните идентификациски логоа бидејќи така ќе се знаеше

Кога едната страна обвинува, другата има право да се изјасни

на 8. 07. 2016 | | sq

 

Напис: Муса Џафери примил  5.000 евра мито, преку неговиот возач

Пратеникот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Ернад Фејзулаху, за време на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, го подбоцнал новиот заменик-премиер за спроведувањето на Охридскиот договор, Фестим Халили. „Го прашувам Халили дали тарифата за вработување на Албанците во администрација е од 3.000 до 5.000 евра, како што беше кај твојот претходник Муса Џафери или е променета? Второ: Парите за вработување на Албанците во администрација ги земаш ти сам или останува практиката на Муса Џафери, кој ги земаше преку неговиот возач“, прашал Фејзулаху, констатирајќи го отсуството на Халили во собраниската седница и проценувајќи дека „Премиерот им забранил да се појават на седница“. Целосните прашања на пратеникот Фејзулаху можете

Без извори новинарството станува неверодостојно

на 2. 07. 2016 | | sq

Напис: Со ребалансот, буџетот на министрите Албанци се намали, на Чавков се зголеми

Со ребалансот на буџетот, не им се намалил буџетот на сите министерства. „Факте“ ви ја покажува во бројки сумата на пари што им се скратени на министрите Aлбанци со ова ревидирање на „државниот паричник“, но и ресорите каде оваа сума е видно зголемена. Со последните промени на државниот буџет, приходите се намалени за 48,7 милиони евра, додека трошоците се скратени вкупно за 13 милиони евра. Со ова во принцип е предвидено да нема скратување на плати, социјални трансфери, додека се укинуваат капиталните трошоци во висина од 45 милиони евра. Кратење на буџетот има кај Министерството за правда, кое од вкупно 6,2 милиони евра, се одрече од околу

Добра вест, несоодветен коментар

на 1. 07. 2016 | | sq

 

Напис: СКАНДАЛ – ДУИ лажела, Албанија му заблагодарува на Коце Трајановски за автобусот

Една народна поговорка вели „На лагата ѝ се кратки нозете“. Ова се докажа и со последниот случај, со „специјалниот подарок“ од заменик-премиерот на Македонија за албанската фудбалска репрезентација, еден панорамски автобус за да ги донесе нашите херои од аеродромот до центарот на Тирана, пишува „Факте“. Сите провладини медиуми во Македонија и во регионот известија за еден „голем“ успех на заменик-премиерот Халили, кој како жесток навивач на репрезентацијата, им подготвил еден посебен подарок, панорамски автобус. Кај Албанците се појави дилемата: дали автобусот навистина беше подарок или само позајмување за еден получасовен круг? По помалку од 24 часа се дозна дека Албанија преку нивната амбасада во Скопје му

Претплатете се за најнови вести