verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Искривена вест – коментари наместо факти

on 1 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 Almakos

Напис: СКАНДАЛ: Пуштен од затвор убиецот на командант Шќипоња, Бајрам Лимани

На годишнината на убиството на командант Шќипоња – Џемаил Реџепи, по наредба на ДУИ, судијката Ѓулсиме Шабани потпишала ослободување од притвор за „убиецот на Шќипоња“, Бајрам Лимани, известува ексклузивно „Факте“. Лимани доцна синоќа бил ослободен од притвор и испратен до неговата куќа во село Лојане, каде што ќе биде во куќен притвор.

Инаку, денеска навршува една година од убиството на Џемаил Реџепи – Шќипоња, кој беше убиен во еден кумановски локал по една банална расправија од страна на овластениот на Али Ахмети за чување на „тронот“ на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани. Комеморацијата почнува денеска во 18 часот во зградата на поранешниот комитет во Куманово.

 

[Рецензија: СКАНДАЛ: Пуштен од затвор убиецот на командант Шќипоња, Бајрам Лимани]

Новинарот не може да квалификува едно дело како скандал доколку за тоа не поседува докази и потврдени информации. Текстот што го рецензираме зборува за нешто важно и чувствително за јавноста, но тоа што веднаш се забележува во написот е тенденциозниот пристап.

Првин, во насловот и во текстот се вели дека е ослободен убиец. На споменатата личност, Бајрам Лимани, не му е изречена казна или ослободување официјално и тој треба да се третира според начелото на презумција на невиност. На овој начин, нарекувајќи го убиец, се прекршуваат начелата на новинарството. Една фраза што би била поблиску до вистината и до стандардите би била „осомничен за убиство“.

„На годишнината на убиството на командант Шќипоња – Џемаил Реџепи, по наредба на ДУИ, судијката Ѓулсиме Шабани потпишала ослободување од притвор за „убиецот на Шќипоња“, Бајрам Лимани, известува ексклузивно „Факте“. Лимани доцна синоќа бил ослободен од притвор и испратен до неговата куќа во село Лојане, каде што ќе биде во куќен притвор. 

Текстот, освен што нема цитирани официјални извори и ставови на одбраната, има и многу коментари и контрадикции. На крајот од првиот пасус се вели дека Лимани е ослободен, додека пасусот завршува со информацијата дека тој ќе биде во куќен притвор. Ова тврдење фактички ја демантира главната теза на веста.

 

Lirohet nga burgu vrasësi i Komandant “Shqiponjës” screenshotЛинк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Пуштен од затвор убиецот на Командант „Шќипоња”, Бајрам Лимани
Датум и време на објавување:
23.07.2016
Датум на рецензирање:
23.07.2016
Рецензент:
Адриан Керими

Во дополнителните информации што се даваат на крај, се пречекоруваат многу професионални граници на новинарството и пасусот изгледа како личен став, а не како информација. Во него се обвинува еден политички субјект и неговиот лидер, не пренесувајќи го и ставот на овој субјект во врска со ова прашање, било нов или поранешен став.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, се вели  во точка 13 од Етичкиот кодекс на новинарите.

„Инаку, денеска навршува една година од убиството на Џемаил Реџепи – Шќипоња, кој беше убиен во еден кумановски локал по една банална расправија, од страна на овластениот на Али Ахмети за чување на „тронот“ на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани. Комеморацијата почнува денеска во 18 часот, во зградата на поранешниот комитет во Куманово“.

Сосема на крај, авторот не сметал дека е етички да побара став и од судот или гореспоменатата судијка, за која авторот се сомнева дека донела одлука според партиски наредби. Ова тврдење се прави на хипотетички начин, не арументирајќи со факти. Во овој случај, многу е важен ставот на судијката како инволвирана страна, за да се информира на објективен и балансиран начин. Потсетуваме дека самата судијка реагирала демантирајќи ги информациите дека таа донела таква одлука, велејќи дека одлуката е донесена од тричлениот Кривичен совет, дел од кој е и судијката Ѓулсиме Шабани, како и дека  одлуката за замена на мерката притвор во куќен притвор дошла како последица на позитивното мислење на Основното јавно обвинителство во Куманово.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести