verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Личните статуси на „Фејсбук“ на функционерите не се официјални ставови на институциите!

on 4 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Zhurnal za Agim Nuhiu

Напис: Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група

Заменик-министерот на полицијата, Агим Нухиу, ги искоментирал последните жалби за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Според него, мора да владее правото и тој не ја исклучува можноста некој припадник на МВР да ги пречекорил надлежностите.

Според заменик-министерот Нухиу, припадниците на МВР го обезбедуваат транспортот на обвинетите од затворот до судницата, при што овој транспорт и се снима. Поради ова и поради сите жалби, заменик-министерот на полицијата Агим Нухиу изразил целосна готовност да соработува со Народниот правобранител и со другите државни институции.

Следува неговата целосна објава на „Фејсбук“:
За пошироката јавност, по не знам кој пат, го повторувам мојот став во врска со жалбите за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Ние го поддржуваме силно колку концептот за безбедноста во земјава, толку и концептот за човечко достоинство. Не може да се нападнат прекршувачите на законот со нивна деградација, туку со соодветни институционални мерки, како што и не се чува безбедноста на земјата со загрозување на човековите права, туку со законски оперативни дејства. Функционирањето на правната држава и владеењето на правото е еден голем предизвик. Се чувствуваме добро поради фактот што има вработени во МВР што немаат никакви предрасуди и стереотипи, со кои го делиме овој предизвик. Меѓутоа, не можеме да сме сигурни дека нема припадници на МВР што во одредени моменти може и да ги пречекорат своите надлежности или да дејствуваат надвор од професионалните стадарди. Во таквите случаи нема друго решение освен одговорност на сите тие што ги прекршуваат професионалните правила и стандарди при вршење на работните задачи. Припадниците на МВР го обезбедуваат транспортот на обвинетите од затворот до судот. Од МВР се ангажираат и припадници Албанци за обезбедување на транспортот. Чуварите на затворот и судската полиција не се во надлежност на МВР! Сега веќе овој транспорт и се снима! Ние имаме целосна подготвеност да соработуваме со Народниот правобранител, со Обвинителството и со другите алки на системот, за правото да биде објективно и транспарентно.

[Рецензија: Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група]

 

Немајќи еден официјален и поопширен став за конкретното прашање, редакцијата го објавила текстот што го рецензираме. Дел од вината за ова (можеби по грешка) може да се најде во неа, бидејќи во текстот не се вели дали за овој став имало обид да се земе некоја официјална потврда.

Има многу случаи кога медиумите како основa за вест пренесуваат ставови од страните вклучени во текстот, преземајќи ги од социјалните мрежи. Но, проблемот стои во фактот што конкретниот став не е упатен до јавноста како став на институцијата, туку како приватен став.

Текстот што го рецензираме е од јавен интерес и имајќи го предвид фактот дека Нухиу немал подетален официјален став за овој случај, редакцијата со право ја зела како негов јавен став неговата објава на социјалната мрежа „Фејсбук“. Но, ова не е доволно за една сеопфатна вест.

„Заменик-министерот на полицијата, Агим Нухиу, ги искоментирал последните жалби за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Според него, мора да владее правото и не ја исклучува можноста некој припадник на МВР да ги пречекорил надлежностите“.

 

Nuhiu Jemi të gatshëm të bashkëpunojmë screenshotЛинк до оригиналниот напис: Нухиу: Спремни сме да соработуваме со Народниот правобранител за можните малтретирања врз кумановската група
Датум и време на објавување:
29.07.2016; 10:51
Датум на рецензирање:
30.07.2016
Рецензент:
Адриан Керими

 

Во многу случаи, социјалните мрежи се користат како механизам (со цел) за да се избегнат прашањата од новинарите. Ова не значи дека новинарите не треба да продолжат да бидат упорни во својата работа. Врз основа на Етичкиот кодекс на новинарите, тие дури се обврзани да ги користат сите професионални начини за да стигнат до најрелевантен став. Можноста да се постават прашања е најсилното оружје на секој новинар.

„За пошироката јавност, по не знам кој пат, го повторувам мојот став во врска со жалбите за малтретирањата на обвинетите за случајот Куманово. Ние го поддржуваме силно колку концептот за безбедноста во земјава, толку и концептот за човечко достоинство. Не може да се нападнат прекршувачите на законот со нивна деградација, туку со соодветни институционални мерки, како што и не се чува безбедноста на земјата со загрозување на човечките права, туку со законски оперативни дејства. Функционирањето на правната држава и владеењето на правото се еден голем предизвик“.

Гледано од професионален аспект, за оваа вест да биде сеопфатна, требало да има и подетални информации за малтретирањето на кумановската група, како и потсетување за ставовите и за недостатигот од ставови во врска со малтретирањата од МВР. Се разбира, во овој план ги нема и ставовите од другите засегнати или надлежни страни во овој проблем – Народниот правобранител, како и семејствата на обвинетите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести