verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Без извори новинарството станува неверодостојно

on 2 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #265 - 'Me rebalancin buxheti i ministrave shqiptarë u zvogëlua, i Çavkovit u rrit I FAKTE_NET' - www_fakte_net_me-rebalancin-

Напис: Со ребалансот, буџетот на министрите Албанци се намали, на Чавков се зголеми

Со ребалансот на буџетот, не им се намалил буџетот на сите министерства. „Факте“ ви ја покажува во бројки сумата на пари што им се скратени на министрите Aлбанци со ова ревидирање на „државниот паричник“, но и ресорите каде оваа сума е видно зголемена.

Со последните промени на државниот буџет, приходите се намалени за 48,7 милиони евра, додека трошоците се скратени вкупно за 13 милиони евра. Со ова во принцип е предвидено да нема скратување на плати, социјални трансфери, додека се укинуваат капиталните трошоци во висина од 45 милиони евра.

Кратење на буџетот има кај Министерството за правда, кое од вкупно 6,2 милиони евра, се одрече од околу 10 отсто или околу 611.000 евра. На Министерството за економија, кое располагаше со 5,4 милиони евра, му се одземени 440.000 евра. На Министерството за образование му се скратени 4 милиони евра предвидени за трошоци, додека кратења се направени и кај Министерството за животна средина. И на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор му биле одземени 1 милион евра, од десетте што ги имаше.

Но, не сите министерства и агенции ги допрела финансиската криза. Напротив, неколку од нив придобиле милионски суми од овој ребаланс, известува „Факте“. На пример, Министерстото за внатрешни работи придобило 4,3 милиони евра од кратењата во другите ресори. Министерството за труд и социјална политика излегло од промените побогато за 12 милиони евра. Повеќе средства добиле и Финансиската полиција, МАНУ, Агенцијата за администрација, Секретаријатот за законодавство,  итн.

Во медиуми се дозна дека планирани буџетски проекти што ги засегаа Албанците беа укинати поради ребалансот на буџетот. Меѓу нив и плоштадот Скендербег, Тетовската библиотека, итн. /ФАКТЕ.Нет

[Рецензија: Со ребалансот, буџетот на министрите Албанци се намали, на Чавков се зголеми]

Врз основа на редењето на елементите што веста ги има во внатрешноста, на прв поглед остава впечаток дека е агенциска вест. Сепак, ова не е толку важно. Причината поради која го рецензираме овој напис е фактот дека во текстот недостигаат спомнатите извори. Цифрите што се даваат во текстот можеби и се вистинити, меѓутоа тие се ставени под сомнеж сè додека не се знае нивниот конкретен извор.

„Со ребалансот на буџетот не им се намалил буџетот на сите министерства. „Факте“ ви ја покажува во бројки сумата на пари што им се скратени на министрите Aлбанци со ова ревидирање на „државниот паричник“, но и ресорите каде оваа сума е видно зголемена.

Со последните промени на државниот буџет, приходите се намалени за 48,7 милиони евра, додека трошоците се скратени вкупно за 13 милиони евра. Со ова во принцип е предвидено да нема скратување на плати, социјални трансфери, додека се укинуваат капиталните трошоци во висина од 45 милиони евра“.

Присуството на изворот на овие статистики би аргументирало сè, независно дали станува збор за службено лице како извор или како документ. Доколку станува збор за лице што побарало анонимност, тогаш важен во овој случај е ставот, можеби не од сите, но барем од неколку министерства, за кои текстот ни вели дека им биле скратени буџетите. За да има уште повеќе професионална боја, неопходен е ставот на Министерството за финансии, како управувачки ресор на буџетот.

„Кратење на буџетот има кај Министерството за правда, кое од вкупно 6,2 милиони евра, се одрече од околу 10 отсто или околу 611.000 евра. На Министерството за економија, кое располагаше со 5,4 милиони евра, му се одземени 440.000 евра. На Министерството за образование му се скратени 4 милиони евра предвидени за трошоци, додека кратења се направени и кај Министерството за животна средина. И на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор му биле одземени 1 милион евра, од десетте што ги имаше.

 

Me rebalancin buxheti screenshot

Линк до оригиналниот напис: „Со ребалансот буџетот на министрите албанци се намали, на Чавков се зголеми”

Датум и време на објавување: 28.06.2016

Датум на рецензирање: 29.06.2016

Рецензент: Адриан Керими

Проблемот допира многу страни. Поради оваа причина, еден вистински напис, освен ставот на институциите, би го инволвирал и ставот на експертите и на познавачите на финансиските прашања.
Ја истакнуваме важноста на овие страни бидејќи во професионалното новинарство обично страните што се опфаќаат во веста се тие што се допрени од проблемот или тие што на граѓаните може релевантно да им ја објаснат суштината на некоја тема, за која известуваме. Поради оваа причина, недостигот од службени извори или и на „контраизвор“, како што е познато во истражувачкото новинарство, и што во овој случај е Министерството за финансии, го прави овој напис некомплетен во професионална смисла.

„Но, не сите министерства и агенции ги допрела финансиската криза. Напротив, неколку од нив придобиле милионски суми од овој ребаланс, известува „Факте“. На пример, Министерстото за внатрешни работи придобило 4,3 милиони евра од кратењата во другите ресори. Министерството за труд и социјална политика излегло од промените побогато за 12 милиони евра. Повеќе средства добиле и Финансиската полиција, МАНУ, Агенцијата за администрација, Секретаријатот за законодавство,  итн.

Во медиуми се дозна дека планирани буџетски проекти што ги засегаа Албанците беа укинати поради ребалансот на буџетот. Меѓу нив и плоштадот Скендербег, Тетовската библиотека, итн.“ /ФАКТЕ.Нет

 

Насловот содржи една доза тенденциозност и алузија, спротивставувајќи ги претставниците на двете најголеми партии на владејачката коалиција. За да ги поттикне читателите, насловот освен што можеби се обидува да предупреди за дискриминацијата што им се прави на Албанците во буџетот (барем така се вели во текстот), се обидува да исфрли уште една провокација, во насока на министрите Албанци. Но, без да ја направи оваа провокација како што му доликува на еден новинар, очи в очи и со директни прашања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

Може да поттикне

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести