verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Малите трикови на мајсторите на ловот за кликнувања

on 10 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #240 - 'Publikohet-“bombë”-e-re-screenshot_jpeg (1349×4126)' - proverkanafakti_mk_wp-content_uploads_2016_08_Publikohet-“bombë”-e-re-screenshot_jp

 

Напис: Објавена нова „бомба“ за вработувањата со мито во администрацијата 

Човекот што ја држи во живот силата во заднина на моќната ДПК е Адем Грабовци. Ги координира сите нелегални активности на партијата. Сите му се молат за услуги. Тој одговара само на двајца: Хашим Тачи и Кадри Весели.

Адем Грабовци сите го викаат „шеф“. Таков е со дела кога станува збор за злоупотреба на службениот авторитет.

Неговата сила и на структурата на Демократската партија на Косово се докажува со една серија телефонски прислушувања што ги обезбедил инсајдер. Само за два месеци, ноември – декември 2011 година, тој вработил стотици луѓе, избрал десетици претседатели и членови на одбори, директори на претпријатија и независни агенции.

 

[Рецензија: Објавена нова „бомба“ за вработувањата со мито во администрацијата]

Новинарот, кога одлучува една информација да ја направи вест, треба да ги земе предвид основните прашање на професијата што се поставуваат во овие случаи: кој, кога, каде, како, што, зошто. Овие информации мора да бидат дел од текстот на една вест и тоа уште од нејзиниот почеток. Во спротивно, веста не е комплетна и се создава простор за погрешно толкување и за дезинформација.

Publikohet “bombë” e re screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Објавена нова „бомба“ за вработувањата со мито во администрацијата

Датум и време на објавување: 01.08.2016

Датум на рецензирање: 02.08.2016

Рецензент: Адриан Керими

Текстот што го рецензираме е целосна копија од еден портал од една соседна држава. Тоа што го разликува овој текст од оригиналниот напис е насловот, кој од домашната редакција е смислен во таква форма за да се постигнат повеќе кликнувања од домашните интернет-прелистувачи. Насловот е напишан така што читателот треба да добие впечаток дека таков скандал како тој од пред една година или негово продолжение, избил повторно во Македонија. Притоа е направена една професионално нечесна манипулација со љубопитноста на читателот, што повеќе е карактеристична за жолтиот печат.

 

„Човекот што ја држи во живот силата во заднина на моќната ДПК е Адем Грабовци. Ги координира сите нелегални активности на партијата. Сите му се молат за услуги. Тој одговара само на двајца: Хашим Тачи и Кадри Весели“.

Текстот нема структура на вест и, што е поважно, ниту во насловот ниту во текстот не е локализирана веста (настанот). Текстот што е крстен како вест, всушност е едно предупредување, додека во контекст е повеќе лично мислење или од матичната редакција што го објавила, отколку вест од домашната редакција. Не треба да се заборави фактот дека на читателот треба да му се понуди вест што е разбирлива за сите возрасти. Таа треба да се поедностави за да се разбере од страна на читателот уште од првото читање, за да може потоа без двоумење да ја толкува кај другите.

 

„Адем Грабовци сите го викаат „шеф“. Таков е со дела кога станува збор за злоупотреба на службениот авторитет“.

Текстот нема заднина и во него не се цитира изворот. Од написот „Досието на Шефовите: Државата во рацете на подземјето“ на косовскиот портал „Инсајдери“, земен е воведниот дел на текстот и е направена вест. На текстот му е прикачена една фотографија позајмена од интернет, а прикачен е и видеозапис преку кој косовскиот портал ја најавува тематиката на прислушуваните разговори што ги објавува преку видеозаписот.

Не сакајќи да навлегуваме во одговорноста на порталот „Инсајдери“, потсетуваме дека домашниот портал „Ина-онлине“, освен недостатоците што ги спомнавме погоре, на еден начин ја прекршил и презумцијата на невиност, бидејќи уште не е утврдена автентичноста на објавените разговори и во текстот не се гледа обид да се побара објаснување од обвинетата страна или да ѝ се даде можност да се изјасни во врска со обвиненијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

манипулира

некреативен

сензационален

несоодветен

го тера читателот на погрешно толкување

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести