verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пропаганда во несреќа

on 12 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #245 - 'E gjithë BDI-ja në Hasanbeg (FOTO) – Tetova Sot' - www_tetovasot_com_2016_08_e-gjithe-bdi-ja-ne-hasanbeg-fot

 

Напис: Цела ДУИ во Хасанбег

По поплавите во Хасанбег, претседателот на ДУИ наредил цела ДУИ, пратеници, министри, градоначалници и многу други функционери да бидат денеска во служба на народот во населените места допрени од поплавите во град Скопје, известува „Тетова сот“.

Во моментот на терен се Изет Меџити, Артан Груби, Беким Незири, Рафиз Адили, Арбер Адеми, Дритон Кучи, Беким Максути, Беким Мурати, Реџаил Исмаили, како и ветерани на ОНА.

Како што велат за порталот „Тетова сот“, функционерите на ДУИ цело време ќе бидат до семејствата што ги загубиле своите блиски и тие семејства што имаат материјална штета. /Тетова сот/

 

[Рецензија: Цела ДУИ во Хасанбег]

Новинарите знаат да им даваат разни конотации на дневните настани, уште повеќе кога станува збор за нешто не толку сериозно. Меѓутоа, постои една црвена линија што треба да биде почитувана во професијата, вклучувајќи ја овде судбината на некој друг. Не смее и не треба да се случи и во природни катастрофи текстовите да се подготвуваат од непознати автори, но за познати цели. Во овој случај имаме работа со пропаганда, еден текст кој без капка професинална одговорност, заборава голем број граѓани кои претрпеа штети и фаворизира една група функционери за добивање политички поени.

Во случаите кога имаме работа со природни катастрофи, важност има судбината на жртвите од трагедијата, а не улогата на тие што им е должност да бидат покрај жртвите. Во овој случај се прави спротивното, пропагирајќи за еден субјект, наспроти стотици жртви на оваа трагедија.

„По поплавите во Хасанбег, претседателот на ДУИ наредил цела ДУИ, пратеници, министри, градоначалници и многу други функционери да бидат денеска во служба на народот во населените места допрени од поплавите во град Скопје…“

E gjithë BDI ja në Hasanbeg screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Цело ДУИ во Хасанбег“

Датум и време на објавување: 07.08.2016

Датум на рецензирање: 08.08.2016

Рецензент: Адриан Керими

 

Со овој потег, новинарот ги прекршил основните правила на професијата, прекршувајќи неколку точки од етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија и тоа:

„Начинот на информирање во случаи на природни катастрофи, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки треба да биде ослободен од сензационализам, (Кодекс – точка 8).
„Новинарот е должен да ја почитува личната болка и жалост, (Кодекс – точка 7, параграф 2).

Во моментот на терен се Изет Меџити, Артан Груби, Беким Незири, Рафиз Адили, Арбер Адеми, Дритон Кучи, Беким Максути, Беким Мурати, Реџаил Исмаили, како и ветерани на ОНА.

На прв поглед, од насловот до последниот збор, изгледа како текстот да е подготвен од субјектот кој се фаворизира во овој напис. Со овој контекст произлегува дека авторот ја зел улогата на лицето одговорно за односи со јавноста во овој субјект. Можеби и би било во ред во оваа вест, меѓу друго, да се известуваше и за одлуката на лидерот на ДУИ. Но, кога се даваат детали за одлуката и за присуството на луѓе по наредба на горенаведениот, тогаш немаме работа со вест.

„Како што велат за порталот „Тетова сот“, функционерите на ДУИ цело време ќе бидат  до семејствата кои ги загубиле своите блиски и тие семејства што имаат материјална штета.“

Текстот не е структуриран и формиран според професионалниот новинарски стандард. Ова уште повеќе ја докажува неговата пропагандна цел. Освен што нема правилен вовед, нема ни тело и ни заднина, што би опишале подетално за тоа што се случило пред два денови во Хасанбег и во околината, бројот на жртвите, материјалната штета и организацијата и преземените активности од страна на државните институции.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

анонимен извор

официјални, анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

написот е пропаганда

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести