verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Adrian Kerimi

Без содржина и со коментари не се прави вест

на 27. 06. 2016 | | sq

Напис: Само во МК: Се поништува одлуката за поништување на одлуката… за имињата на училиштата  (документ)

Ова е можно само во Македонија. Министерот Пиштар Лутфиу ја поништил одлуката на заменикот министер Спировски со која е поништена одлуката на поранешниот министер Абдилаќим Адеми, за промена на имињата на училиштата во Чаир, пишува „Факте“. И сега, оваа одлука не ја спроведува Централниот регистар под раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Случајот со исмејувањето на албанските имиња на двете училишта во Чаир ја покажува најдобро неспособноста на ДУИ како партнер на власт. Освен тендерите и личните профитирања, функционерите на оваа партија немаат ниту една можност и друг интерес. [Рецензија: Само во МК: Се поништува одлуката за поништување на одлуката… за имињата на училиштата  (документ)]   Новинарството

Иронизирање или спин?

на 20. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Од Општина Чаир иронизираат со веста од весникот „Дневник“ за заканите

По објавување на веста во весникот „Дневник“, дека градоначалникот на Oпштина Чаир добил закани од неколку лица, од Oпштина Чаир иронизираат, велејќи дека Општина Чаир е ангажирана за реализација на многу проекти и не им оставаат впечаток ваквите интервенции. „Имаме информација од страна на обезбедувањето на Општината за неколку лица што правеле врева во Општината, но не сме им дале многу важност, бидејќи такви обиди за притисок имало и во минатото, но биле неуспешни. Нека се занимаваат институциите со нив, ние сме ангажирани во реализација на многу проекти во Општината и воопшто не ни оставаат впечаток ваквите интервенции“ рекоа за „Тетова сот“ од Општина Чаир. Инаку во

Наслов што поттикнува омраза!

на 16. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Видете го Албанецот од Скопје како му удира шлаканица на „вмровецот“

За време на денешната блокада на патот во центарот на Скопје (Главната црква), се случи инцидент во кој „пукнале“ и шлаканици. Еден граѓанин со мотоцикл (демонстрантите го нарекуваат вмровец), сакал да ја премине блокадата поставена од страна на демонстрантите од „Шарената револуција“, известува „Лајм“. „Револуционерите“ не го оставиле и со ова настанала кавга меѓу него и Замир Мехмети, братот на пратеничката Ермира Мехмети. Но, Замир се повлекува од кавгата, додека друг демонстрант (кој демонстрантите го викаат Халим, изгледа и тој Албанец), му удира шлаканица на човекот со мотоцикл. Овој случај е снимен и објавен на „Јутјуб“.

[Рецензија : Видете го Албанецот од Скопје како му удира шлаканица

Текст што поттикнува паника

на 16. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Истрели од „калашников“ во центар на Куманово

Истрели се слушнале денеска во центарот на Куманово. Сепак, не се работи за ништо сериозно, бидејќи се работи за пукање при една семејна веселба. Според порталот „Тинк 24“, пукотниците предизвикале паника кај минувачите, но се работи само за пукање за време на веселбата на една свадба. Истрелите од „калашниковот“ може да се слушнат и во видеозаписот во продолжение.  

[Рецензија: Истрели од „калашников“ во центарот на Куманово]

Целта на објавувањето на оваа вест не била да ги информира граѓаните, туку да пласира сензација преку насловот и да добие што повеќе прегледност. Свесно или несвесно, содржината, која всушност се пренесува од друг медиум, допира до чувствата на граѓаните и тоа во една

Вест или коментар?!

на 14. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Новите министри на ДУИ „трпат“ навреди поради пензионираните министри

Новите министри на ДУИ станале цел на албанските граѓани при многу манифестации. Тие ги „трпат“ критиките поради старите министри, кои се сомничат за многу грди дела на штета на албанската кауза во Македонија. Претходниот ден, „свежите“ министри на ДУИ беа остро нападнати на годишнината на битката кај Матејче, во општина Липково, известува агенцијата за вести ИНА. Држејќи монолог, жителот на Куманово Адем Адеми остро ги нападна нарекувајќи ги сироти, предавници на националните идеали, слуги на Груевски, неранимајковци и многу други навреди, што ги заслужуваат пензионираните министри на албанската партија на власт. Неодамна, и почитуваниот оџа Реџаил Азири ги посрамоти министрите на ДУИ. Потсетувајќи ги на улиците низ кумановските села,

„Вест“ што никој не ја разбира

на 8. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Странските служби на МВР ги украле „бомбите“ на Чауш?

На мистериозен начин исчезнале снимени материјали, хард-дискови и УСБ-стикови во кои се, наводно, зачувани дел од „бомбите“ на СДСМ, кои, пак, во сензационалната акција на МВР извршена на 23 март годинава „случајно се пронајдени“  во куќата на браќата Закир и Имер Беќири во населба Ченто, на кои им се судеше за случајот со „лажните лични карти“. Првпат за овие материјали што ги нашла полицијата зборуваше поранешниот заменик-министер на полицијата, а сегашен министер, Митко Чавков, на 24 март, еден ден по акцијата. Во куќата на Чауш, според него, се најдени хард-дискови и УСБ-стикови, на кои имало материјали, пренесува „Актуале“.  

[Рецензија: Странските служби на МВР ги украле „бомбите“ на Чауш?]

Тенденциозно и еднострано погрешно толкување

на 7. 06. 2016 | | sq

 

Напис – Скандал: Во ТУ испитите се полагаат преку телефон, потврдува проректорот

Уште еден скандал ја тресе Македонија. Овојпат универзитетскиот професор, Арбер Челику потврдува дека на Тетовскиот универзитет се ургира по телефон за да добијат студентите преодна оценка, пишува „Журнал“. Професорот Челику во една објава на „Фејсбук“ пишува дека примил повик од еден стар пријател, кој според него го немало цели 10 години, додека сега, ургирањето за еден испит кај него било причина за да се поврати старото пријателство. Инаку, проректорот д-р Арбер Челику е една од најеминентните фигури од овој Универзитет.

Во продолжение можете да го прочитате постираниот текст:

Денес сум многу среќен по телефонскиот повик од еден мој пријател, кој го немаше цели 10 години, бидејќи го

Без „пашата“ како втора страна, нема професионална вест!

на 3. 06. 2016 | | sq

 

Напис: ДР-ДПА удира по „пашата“ на Сарај, Беким Мурати

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДР-ДПА -САРАЈ, СО ОБВИНУВАЊА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА, БЕКИМ МУРАТИ: БУКОВИЌ ЧЕТИРИ ДЕНА БЕЗ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ!!! Не сакам да бидам погрешно разбран од никого, но морам да реагирам (како претседател на разгранокот на ДР-ДПА од Сарај) во врска со нефункционирањето на Општина Сарај и особено на градоначалникот Беким Мурати. Ние сите сме ја разбрале неговата улога во функционирањето на оваа Општина и оваа реакција му ја насочуваме нему, немајќи друг излез. Едноставно барам општинските власти на Сарај да ја вршат работата за која се гласани и земаат плати; да ги штитат граѓаните и нивните интереси! Кому да му се обратат за помош граѓаните на с. Буковиќ, кога

Нецитирана копија на агенциска вест

на 2. 06. 2016 | | sq

 

Напис: Продолжува судењето на обвинетите за „Диво Насеље“

Поради недостиг од просторни и безбедносни услови за одржување на судењето во Основниот суд Скопје 1, судската постапка против обвинетите за случајот „Диво Насеље“ се очекува да продолжи денеска во големата сала на Врховниот суд. Од Основниот суд Скопје 1 претходно ја побараа големата сала на Врховниот суд, но барањето беше одбиено со образложение дека таа просторија е од свечен карактер и не е опремена да функционира за судско рочиште. За настаните од Диво Насеље се обвинети 29 лица, а како членови на логистиката – осум лица. На 9 и на 10 мај 2015 година во Диво Насеље, Кумановско, вооружена група се судри безбедносните сили. При пукањето животот го загубија осум

Вест за излет?!

на 1. 06. 2016 | | sq

Напис: Села на скопските планини: Колку  убави се албанските територии!

Лидерот на ДР–ДПА, Зијадин Села, денеска со неколку активисти од оваа партија во Скопје, ги посетил планинските предели, односно Света Петка, позната како Рид на балистите, известува „Дрини“. „Колку  убави се албанските територии, треба да сме горди и внимателни за нашата земја“, рече Села, кој заедно со неколку активисти и членови на ДР-ДПА си се одморија и уживаа во прекрасната природа што ја нуди оваа зона.

[Рецензија: Села на скопските планини: Колку се убави албанските територии!]

Да се напише вест за еден излет е бесмислено, уште повеќе кога станува збор за еден политички субјект и за лидер на една партија. Каде е веста во овој текст? Факт е дека во

Претплатете се за најнови вести