verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Добра вест, несоодветен коментар

on 1 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #264 - 'SKANDAL_ BDI ka gënjyer, Shqipëria falemnderon Koce Trajanovskin për autobusin (dokument) I FAKTE_NET' - www_fakte_net

 

Напис: СКАНДАЛ – ДУИ лажела, Албанија му заблагодарува на Коце Трајановски за автобусот

Една народна поговорка вели „На лагата ѝ се кратки нозете“. Ова се докажа и со последниот случај, со „специјалниот подарок“ од заменик-премиерот на Македонија за албанската фудбалска репрезентација, еден панорамски автобус за да ги донесе нашите херои од аеродромот до центарот на Тирана, пишува „Факте“. Сите провладини медиуми во Македонија и во регионот известија за еден „голем“ успех на заменик-премиерот Халили, кој како жесток навивач на репрезентацијата, им подготвил еден посебен подарок, панорамски автобус. Кај Албанците се појави дилемата: дали автобусот навистина беше подарок или само позајмување за еден получасовен круг?

По помалку од 24 часа се дозна дека Албанија преку нивната амбасада во Скопје му се заблагодарила на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за позајмувањето на автобусот.

Иако е срамота да се фалиш со едно такво „достигнување“, кога Албанците од Македонија веќе ги зафатил ужасот,  сиромаштијата, понижувањето, дискриминацијата, насилството… и кога ти се открива дека и приказната со автобусот била само една неуспешна лага, срамот е мала описна мерка.

Но, старите рекле и „Што е срамот за резилот?“ /Факте.нет/

 

[Рецензија: СКАНДАЛ – ДУИ лажела, Албанија му заблагодарува на Коце Трајановски за автобусот]

Текстот што го рецензираме е во интерес на јавноста. Пристапот на новинарот во оваа вест, исто така, е во ред, во поглед на обезбедувањето релевантни факти и докази, кои точно го потврдуваат тоа што го кажува авторот. Меѓутоа, тоа што не чини во текстов се коментарите и неетичкиот речник.

„Една народна поговорка вели „На лагата ѝ се кратки нозете“. Ова се докажа и со последниот случај, со „специјалниот подарок“ од заменик-премиерот на Македонија за албанската фудбалска репрезентација, еден панорамски автобус за да ги донесе нашите херои од аеродромот до центарот на Тирана, пишува „Факте“. Сите провладини медиуми во Македонија и во регионот известија за еден „голем“ успех на заменик-премиерот Халили, кој како жесток навивач на репрезентацијата, им подготвил еден посебен подарок, панорамски автобус. Кај Албанците се појави дилемата: дали автобусот навистина беше подарок или само позајмување за еден получасовен круг?“

Ќе било во ред доколку новинарот пристапил кон ова прашање со професионалност, демантирајќи го заменик-премиерот и провладините медиуми. Во принцип, во новинарството секој што ќе биде фатен во скандал, треба да се изјасни за измамата што ја направил. Ова не се сметало како потребно во овој истражувачки напис. Наместо ова, преку коментар и употреба на приземен новинарски речник, текстот се обидува да го демантира споменатиот Фестим Халили.

 

SKANDAL BDI ka gënjyer screenshotЛинк до оригиналниот напис: „СКАНДАЛ: ДУИ лажела, Албанија му заблагодарува на Коце Трајановски за автобусот

Датум и време на објавување: 25.06.2016

Датум на рецензирање: 27.06.2016

Рецензент: Адриан Керими

Не е новинарот тој што дава пресуда дали „приказната со автобусот“ била лага или вистина. Такви квалификации треба да дојдат од јавноста. Правото на пресудување го има читателот, додека новинарот ѝ овозможува на јавноста да реши, преку фактите и доказите што ги објавува. Освен ова, текстот содржи цел куп други проценки, несоодветни за една информативна содржина.

„По помалку од 24 часа се дозна дека Албанија преку нивната амбасада во Скопје му се заблагодарила на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за позајмувањето на автобусот.

Иако е срамота да се фалиш со едно такво „достигнување“, кога Албанците од Македонија веќе ги зафатил ужасот,  сиромаштијата, понижувањето, дискриминацијата, насилството… и кога ти се открива дека и приказната со автобусот била само една неуспешна лага, срамот е мала описна мерка.

Но, старите рекле и „Што е срамот за резилот“?“

 

Содржината го прикажува настанот еднострано. Фактот дека не е побарано изјаснување од заменик-премиерот фатен во скандал ниту, пак, од Амбасадата на Албанија, ја докажува оваа едностраност.

Надвор од ова, во текстот има елементи кои се во ред, како што е мултимедискиот аспект, како и потврдувањето на спротивната верзија на тоа што авторот го нарекува „приказна со автобусот“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести